Спорт
Несторовски и Трајковски во неизвесност, Ѕампарини го продаде Палермо на непознат газда
Првиот човек на италијанскиот второлигаш Палермо, Маурицио Ѕампарини одлучи да ги продаде акциите на фудбалскиот клуб.
Тимот во кој капитен е македонскиот фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски, а на кој друштво во нападот му прави репрезентатив…


Првиот човек на италијанскиот второлигаш Палермо, Маурицио Ѕампарини одлучи да ги продаде акциите на фудбалскиот клуб.
Тимот во кој капитен е македонскиот фудбалски репрезентативец, Илија Несторовски, а на кој друштво во нападот му прави репрезентативниот колега, Александар Трајковски го менува сопственикот, како што соопштуваат од клубот, во следните денови ќе се завршат формалностите околу новиот сопственик.
Ѕампарини со години се обидува да го продаде клубот, еднаш работата му пропадна, а сега се договорил со неименуван сопственик.
Контроверзниот Ѕампарини на чело на клубот е веќе 14 години, ќе остане запаметен по тоа што во неколку наврати менувал па враќал на позиција фудбалски тренери.
Сепак ќе останат и запаметени одличните трансфери во неговата ера, како оние на Едисон Кавани, Паул Дибала, Хавиер Пасторе, Лука Тони и други.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
22 милиони евра за трансфер: Бијол потпиша договор со Лидс

Поранешниот фудбалер на Удинезе и словенечки репрезентативец Јака Бијол потпиша договор со повратникот во Премиер лигата, Лидс Јунајтед, до 2030 година, објави денес англискиот клуб.
Финансиските детали не се откриени, но британските медиуми наведуваат дека Лидс издвоил 22 милиони евра за овој трансфер.
Бијол (26) е член на Удинезе од 2022 година, а пред тоа играше за Хановер, ЦСКА Москва и Рудар од Велење.
Минатата сезона за клубот од Удине одигра 37 натпревари во сите натпреварувања и постигна два гола.
Спорт
Монеке во Звезда

Неодамнешниот кошаркар на Басконија, Чима Монеке, ќе стане нов играч на Црвена Звезда, со која ќе потпише двегодишен договор, објавува грчкиот „Јурохупс“.
Црвено-белите на тој начин ќе се засилат на позицијата „четворка“, а се очекува наскоро и Семи Оџелеј од Валенсија да го потпише договорот.
Монеке е член на Басконија од 2023 година, а пред тоа кратко играше за Монако.
Една сезона беше и во НБА лигата, каде го носеше дресот на Сакраменто Кингс.
Едно време, во Лигата на шампионите на ФИБА 2022, кога играше за Манреза, беше прогласен за најдобар играч на тоа натпреварување.
Спорт
Плоштад Санти Казорла

Градот Овоедо на посебен начин ќе му се одолжи на Санти Казорла, 40-годишениот фудбалер, кој во саботата со Реал Овиедо по 24 години се врати во елитниот ранг на шпанскиот фудбал.
Кога Казорла имал 16 години, клубот од неговиот роден град испадна во Сегунда, во 2003 година се беше пред банкрот и гаснење,.
Клубот успеа да опстане се пресели во Третата лига, но финансиските проблеми повторно му се заканија на клубот во 2012 година. Навивачите тогаш собираа пари, а им се приклучија и ентузијасти, поранешни фудбалери меу кои и Казорла.
Санти Казорла, потоа реши да се врати дома, одбивајќи неколку финансиски одлично понуди.
Тој ги окарактеризира финалните натпревари од плејофот како најголеми во неговата кариера, а во кариерата два пати бил европски првак со Шпанија.
Затоа, градоначалникот на Овиедо, Алфредо Кантели, одлучи името на Казорла засекогаш да биде поврзано со градот.
Плоштадот и фонтаната каде што навивачите на Овиедо обично ги слават победите повеќе нема да се нарекуваат „Плоштад Америка“, туку „Плоштад Санти Казорла“.
🔵 ¡ÚLTIMA HORA! El Alcalde de Oviedo, Alfredo Canteli, anuncia que la 'Plaza América' de Oviedo pasará a llamarse 'Plaza Santi Cazorla' pic.twitter.com/LlihTcQ9PR
— Tiempo de Juego (@tjcope) June 22, 2025