Спорт
Раиконен: Веќе имам „пракса“ за заминување од Ферари
Кими Раиконен инсистира дека не е тажен за заминувањето од Ферари бидејќи веќе има искуство да со напуштањето на најславниот и најстариот Ф1 тим.
Финецот, кој останува последниот светски шампион во црвениот болид, следната година ќе го смени местото со…

Кими Раиконен инсистира дека не е тажен за заминувањето од Ферари бидејќи веќе има искуство со напуштањето на најславниот и најстар Ф1 тим.
Финецот, кој останува последниот светски шампион во црвениот болид, следната година ќе го смени местото со Шарл Леклер во тимот на Заубер и му останува да ја одработи уште последната трка од сезоната во Абу Даби овој викенд.
И човекот кој е познат за своето неизразување на емоциите, нè изненади велејќи дека веќе еднаш заминал од Ферари во 2009 година.
„Имам ’пракса’ во заминување, бидејќи еднаш веќе си отидов, така што тоа не е ништо ново. Не сум тажен бидејќи не гледам зошто би требал да бидам тажен. Ќе се видиме во боксот и нема да се сменат многу работи. Но, возбудливо е да почнуваш нова работа. Имав одлични моменти со тимот, со луѓето, но и тешки моменти бидејќи тоа е дел од бизнисот. Со нив освоив светска титула и двапати како тим“, вели Раиконен.
Финецот во моментот е на третото место во генерален пласман, со 14 поени пред сонародникот Валтери Ботас на четвротото место и не е толку сигурен дека сака да остане трет.
„Тоа нема да ми го смени светот. Слушнав дека ако го освоиме тоа трето место ќе морам да одам на доделувањето на наградите. Тоа е негативна работа, бидејќи пак ќе треба да патувам. Но, ако се случи, тогаш нека биде така“, вели Финецот.
Фото: ЕПА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Алонсо си заминал поради расправија со тројца клучни играчи
Чаби Алонсо, од вчера, не е тренер на Реал Мадрид. Во соопштение, Реал, објави дека клубот и тренерот спогодбено се разделиле. Чаби Алонсо отказот ќе го наплати со 15 милиони евра. Наспроти ова, британски „Атлетик“, пишува дека Алонсо заминал поради несогласувањата со клучните играчи, Винисиус Жуниор, Федерико Валверде и Џуд Белингам.
Алонсо имаше успешен старт, со 17 победи во првите 20 натпревари, но резултатите, а со тоа и атмосферата во тимот се влошија во последните два месеци. Тројцата влијателни фудбалери имале проблем со тактичкиот пристап и стилот на лидерство на Алонско.
Се вели дека проблемите започнале за време на натпреварот против Барселона во октомври 2025 година.
И покрај победата, Алонсо имаше непријатна сцена со Винисиус откако го замени. Бразилскиот напаѓач беше незадоволен од промената и одби да се ракува со тренерот. Бидејќи клубот не презеде дисциплинска мерка против играчот, Алонсо наводно почувствувал дека ја губи контролата и дека нема поддршка од клупските челници.
Федерико Валверде и Џуд Белингам, исто така имале проблем со начнот на кој Алонсо го води тимот и со неговите татктички замисли.
Белингам, по одличната прва сезона во 2023/24 и значајните улоги минатата сезона, никако не може да се врати во вистинската форма оваа сезона. Кај Алонсо, Англичанецот немаше гарантирано место во тимот, статус што го имаше кај Карло Анчелоти.
Валверде, од друга страна, поради неговата разноврсност, често играше на различни позиции, што го оддалечи од неговата претпочитана улога во средниот ред. И тој често на тренинзите влегувал во расправии со Алонсо, поради неговите тактички замисли.
Спорт
Евролигата сака да ја тужи НБА
Челниците на Евролигата ќе ја тужат НБА, објавува „Јурохупс“.
Евролигата официјално ја информираше НБА дека би можела да покрене судска постапка доколку има дискусија за нов проект во Европа со претставници на клубовите кои веќе се обврзале на Евролигата за следните десет години.
Според извори на „Јурохупс“, Евролигата испратила писмо до НБА минатата недела, а сите клубови од Евролигата кои моментално имаат А лиценца се известени.
Овој потег уште еднаш потврдува дека Евролигата и НБА се во битка за европскиот пазар, времето ќе покаже дали ќе се случи нешто драматично во наредните месеци.
Одржан е состанок на акционерите на Евролигата, каде што на Реал Мадрид, Барселона и Асвел им беше наредено да донесат одлука за својата иднина, а се верува дека Фенербахче е исто така во таа група тимови кои не потпишаа нови лиценци.
Рокот што го поставија акционерите на Евролигата за целосна посветеност на натпреварувањето истекува во петок, па одговорите би можеле да дојдат во следните денови.
Сепак, треба да се напомене дека, законски, според важечките договори, клубовите можат да потпишуваат нови лиценци до 30 јуни 2026 година.
Се верува дека Барселона и Фенербахче ќе потпишат порано или подоцна, додека Реал Мадрид останува енигма, додека деновите на Асвел во Евролигата се избројани.
Спорт
(Видео) Дончиќ броеше до 42, Лејкерси паднаа кај последнопласираниот тим на Западот
Лос Анџелес Лејкерс претрпеа пораз во Сакраменто од последно пласираниот тим во Западната конференција, Кингс со 124:112 (32:28, 29:26, 34:29, 29:29).
Лука Дончиќ, одигра импресивни три четвртини, но „згасна“ во последната, што придонесе за поразот на „езерџиите“. 26-годишникот од Љубљана постигна 42 поени (16/25 од поле, 2/9 за три и 8/8 од поле) со седум скока, осум асистенции и четири украдени топки.
Сепак во последната четвртина постигна само два поени во четвртата четвртина. Ова беше трет пораз по ред за Лејкерс, претенденти за место во плејофот. Од друга страна Сакраменто ја забележа 10-та победа во 40-тио меч од почетокот на сезоната.
Искусниот Демар Дерозан (6 аситенции) ги предводеше Кингс до неочекувана победа со 32 поени без ниту еден шут од три поени (14/19 од поле и 4/5 од поле). Го следеше Малик Монк со 26 поени и осум асистенции, додека Расел Вестбрук го заврши натпреварот со 22 поени, пет скока и седум асистенции.
Резултати:
Кливленд – Јута 112:123
/Гарланд 23 – Џорџ 32/
Индијана – Бостон 98:96
/Сијакам 21 – Причард 23/
Торонто – Филаделфија 102:115
/Квикли 18 – Мекси 33/
Далас – Бруклин 113:105
/Флег 27 – Портер Џуниор 28/
Лос Анџелес Клиперс – Шарлот 117:109
/Ленард 34, Харден 32 – Бол 25/
Foto/ EPA

