Соопштенија
СДСМ: Институциите преземаат серија мерки за чист воздух, ВМРО-ДПМНЕ уништуваше сè што е здраво и зелено
Владата предводена од СДСМ, Министерството за животна средина, општините, Град Скопје и сите надлежни институции континуирано работат на решавање на проблемот со загадувањето. Катастрофата наследена од ВМРО-ДПМНЕ, партијата што уништуваше сè што е здраво и зелено, денес се решава со многубројни активности на централно и локално ниво, со единствена цел да се обезбеди почист воздух за сите граѓани, се вели во соопштението на СДСМ.
Според партијата, преземени се следните мерки:
Усвоен е план за чист воздух за кој ќе се одвојат дополнителни 1,5 милион евра, над редовните со кои располагаат институциите, засилени се капацитетите на надлежните инспекциски служби, во Град Скопје и во повеќе општини континуирано се расчистуваат диви депонии, лоцирани и соодветно санкционирани се физички и правни лица загадувачи на воздухот.
Покрај пролетната акција за зазеленување кога беа засадени над 4.000 садници, Град Скопје во наредните денови започнува и есенска акција за зазеленување, каде што ќе бидат засадени над 3.500 висококвалитетни листопадни дрва во неколку скопски општини. На депонијата „Дрисла“ обезбеден и ставен е во функција новиот филтер за апсорбирање на ПМ 10-честичките, јаглеродниот моноксид и другите честици што се ослободуваат при согорувањето
„Владата предводена од СДСМ донесе одлука да се одобри кредит од 92 милиона денари за поставување на филтерска постројка за заштита од загадување за фабриката ‘Југохром’. Реконструирани се и поставени се енергетско-ефикасни фасади на објектите на неколку средни училишта во Скопје. Се субвенционираат трошоците за набавка на печки на пелети за домаќинствата што се греат со нееколошки печки на дрва, а Владата предводена од СДСМ донесе одлука за зголемување на средствата за субвенции од 14 на 21 милион денари. Преку кредит од Европската банка за обнова и развој, Јавното сообраќајно претпријатие Скопје почна набавка на 40-ина најсовремени еколошки автобуси на природен гас.
Активно се работи на проектот за гасификација. Првпат по 20 години формирано е градско претпријатие за гасификација и проектирање гасоводен дистрибутивен систем во Скопје. Се менува дотраениот и нееколошки автобуски превоз и во другите градови. Општина Прилеп веќе набави 4 еколошки автобуси на природен гас, кои ќе почнат да сообраќаат во март в година, а ЕЛЕМ е во фаза на набавка на 4 автобуси за потребите на РЕК „Битола“ и општина Битола.
Во Град Скопје реконструирани и подигнати се нови зелени површини од над 40.000 квадратни метри. Во наредниот период ќе следува субвенционирање на трошоците за купување хибридни возила и возила на електричен погон, а ќе се субвенционираат и трошоците за поставување уред на погон на ТНГ во возилата. Почната е анализа за намалување на ДДВ на испорачана топлинска енергија, што ќе има цел дополнителен број домаќинства да се приклучат на топловодната мрежа“, се вели во соопштението.
Според партијата, ова се само дел од мерките што се преземени, што се преземаат во моментот и што ќе бидат преземени набргу во насока на решавање на долгогодишниот проблем со аерозагадувањето, со цел веќе за две години загадувањето да биде намалено двојно. Здравата животна средина и решавањето на проблемот со аерозагадувањето остануваат врвен приоритет за Владата предводена од СДСМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Соопштенија
Предности и поволности на новата Халки картичка за деца
Сите деца на возраст од 9 до 15 години сега може да имаат своја банкарска картичка која ќе им помогне да научат одговорно да располагаат со парите и да штедат, но и да им се најде во ситуации кога итно им требаат пари, а родителите не се дома. Првата картичка за деца во земјава, која ја воведе Халкбанк пред неколку недели, е корисно и практично решение и за најмалдите и за нивните родители.
Дебитната картичка Халки може да се добие преку брза и едноставна процедура во која било филијала на Халкбанк во Македонија со присуство на двајцата родители/старатели. Таа овозможува низа предности и поволности за брзи, едноставни и безбедни трансакции преку интернет и во малопродажба. Особено е важно што, за разлика од користењето готовина, родителите имаат целосна контрола колку средства троши нивното дете и за која намена.
Во продолжение наведуваме дел од главните карактеристики на Mastercard Junior картичката на Халкбанк наменета за деца на возраст од 9 до 15 години.
- Нула денари трошоци за отворање, водење и одржување сметка
- Бесплатни СМС известувања за родителот/старателот за секоја трансакција
- Можност за одредување лимит на дневна сума на платежната картичка
- Повлекување готовина без надоместок од сите банкомати во земјата и странство
- Бесплатен трансфер на средства од сметката на родителот на сметката на детето
- Можност за дигитализирање на картичката на Apple Pay/Google Pay/Fidesmo Pay
- Без надоместок за издавање на платежната картичка до 31.03.2026 година
Еден од најголемите бенефити од користењето сопствена картичка е поттикнувањето финансиска писменост на децата. На овој начин тие може да научат како да располагаат со месечен буџет, да штедат, да плаќаат безбедно на интернет и генерално како одговорно да ги трошат финансиските средства.
Исто така, поседувањето картичка овозможува префрлање пари од сметката на родителот на сметката на детето за само неколку минути. Ова е особено корисно кога родителот е на работа или на патување, а на детето итно му требаат пари за некоја намена или кога едноставно заборавило да понесе готовина со себе.
Во време на дигитализација и брз начин на живот, Халки картичката за деца е иновативно и корисно решение креирано за специфичните потреби и на децата и на родителите. Халкбанк постојано работи и инвестира во зголемување на финансиската писменост на децата, а оваа активност е дел токму од тие напори на банката.
(ПР)
Соопштенија
„Sport Life“ ги израдува со новогодишни пакетчиња децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби
Радост и празнично расположение кај децата од ранливите категории и лицата со посебни потреби, при посетата на претставниците на „Sport Life“ обложувалници.

Тие им подарија новогодишни пакетчиња на 70 деца во групните домови за деца без родители од ЈУ Детски дом „11 Октомври“ – Скопје, исто така и на верните пријатели од Здружението регионален центар за лица со интелектуална попреченост – „ПОРАКА НАША“ Куманово, а оваа година 32 пакетчиња беа доделени и на Здружението за рехабилитација и инклузија на лицата со даунов синдром – Дневен центар „ДОЗА СРЕЌА“ во Скопје.
„Ова е петта година по ред, во која во пресрет на Новогодишните празници, сакаме да ја подигнеме свесноста за децата од ранливите категории и лицата со посебни потребни, т.е. оние кои секојпат треба да бидат во нашите мисли и дел од општествената одговорност на компаниите.

Се надеваме дека оваа наша посета и донација, ќе им донесе многу насмевки и среќа и ќе им ги разубави Новогодишните празници. Оваа благородна традиција е дел од нашата визија за похумано и инклузивно општество и истата ќе продолжи и во иднина“ – изјави Петар Поцков, маркетинг директор на „Sport Life“.
Воедно, „Sport Life“ обложувалниците им посакуваат среќни Новогодишни и Божикни празници, на сите граѓани, со желби за здравје, мир и благосостојба.
(ПР)
Соопштенија
(Видео) Мукаетов: „Алкалоид“ го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија
Во „Алкалоид“ посветеноста, економичноста и ефикасноста ги кренавме на највисоко можно ниво, настојувајќи максимално да ги оптимизираме процесите во компанијата потпирајќи се на нашиот највреден ресурс – луѓето, вели Живко Мукаетов, Генерален директор и претседател на УО на „Алкалоид“ АД Скопје.
Тој вели дека компанијата и оваа година го продолжи трендот на континуиран годишен раст и реализираше значаен дел од својата ESG-стратегија.
„Го добивме бронзениот медал од EcoVadis (глобално призната платформа за оцена на одржливоста), со што се позициониравме меѓу водечките субјекти во регионот во поглед на транспарентноста и примената на одржливи практики“, вели меѓу другото Мукаетов.
Целото обраќање е објавено во видеото:
(ПР)

