Контакт

Соопштенија

СДСМ: Претходната власт ги остави работниците од „Југохром“ без работа

Објавено пред

ВМРО-ДПМНЕ не мислеше на работниците од „Југохром“ и ги остави без работа, реагира СДСМ на обвинувањата изнесени од страна на опозицијата, која денеска на прес-конференција праша кои 650 работници ќе бидат избркани од „Југохром“.

„Владата на СДСМ го реши проблемот, сега работниците се враќаат на работа. Ако ВМРО-ДПМНЕ мислеше на работниците од ‘Југохром’, немаше да ги остави без работа. Криминалната ВМРО-ДПМНЕ и менторот на Мицкоски, Никола Груевски, со години ги лажеа вработените на ‘Југохром’ и ги оставија без работа. Цели 11 години не презедоа ништо за решавање на проблемот. Владата предовдена од СДСМ го реши проблемот, создадени се услови за работниците да се враќаат на работа“, нагласува Социјалдемократскиот сојуз на Македонија во реакцијата.

СДСМ додава дека со заложбите и ангажманот за рестартирање на „Југохром“ новата Влада предводена од СДСМ уште еднаш покажала како се работи во интерес на граѓаните, во интерес на работниците и во интерес на животната средина.

„Рестартирањето на ‘Југохром’ ќе значи обезбедување сигурни плати за стотици работници, обезбедување стабилен доход за стотици семејства во Полошкиот Регион, со заштитена животна средина. Решавањето на проблемот, враќањето на работа стотици работници, со мерки за чување на животната средина, воопшто не е и не може да биде катастрофа, како што вели криминалната ВМРО-ДПМНЕ, која е изворот на проблемот“, вели СДСМ во реакцијата.

 

Соопштенија

(Видео) Наумоски: Градиме спортска сала во Волково по цели 60 години

Објавено пред

Локалната власт предводена од СДСМ продолжува да ги реализира мерките од Програмата што обезбедуваат развој на општина Ѓорче Петров, изјави претседателот на ОО Ѓорче Петров од СДСМ, Мирослав Наумоски.

„Во тек се градежните активности за изградба на нова спортска сала во Основното училиште Јоаким Крчовски во Волково. По цели 60 години, ова училиште конечно добива модерна, функционална спортска сала. 400 ученици конечно ќе можат во соодветни услови да ја одржуваат наставата по физичко воспитување.

За разлика од ВМРО-ДПМНЕ која ги игнорираше потребите на граѓаните, а парите ги трошоше на фасади и споменици, ние инвестираме во унапредување на образованието и спортот. Како одговорна партија, пред граѓаните ветивме дека ќе работиме домаќински, отчетно и одговорно. Денес го правиме токму тоа, како на локално, така и на централно ниво“ рече Наумоски.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

ВМРО-ДПМНЕ: Дали СДСМ сами ќе се казнат за долгот од 2,5 милиони денари од претседателските избори

Објавено пред

СДСМ фатени живи во рекетарски октопод и криминал ја активира фабриката за лажни вести да за ги покрие сопствените скандали. СДСМ измислува скандали додека секојдневно на површина излегуваат криминалите на нивните функционери за местење на тендери, рекетирање бизнисмени и ограбување на државата и граѓаните, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Доколку е кривично дело тоа што тие тврдат, тогаш дали СДСМ самите себе ќе се казнат за долгот од 2.476.000 денари од претседателските избори прикажан во нивниот финансиски извештај? Зошто СДСМ не открива кон кои фирми должи и дали врз истите секојдневно врши закани и притисоци за да не откријат за што точно е направен долгот?

Доколку се чисти нека ги објават фирмите и нека дозволат да се спроведе истрага за нивниот долг од 2,5 милиони денари. За тоа кој е поврзан со случајот Рекет говорат фотографиите од секојдневните дружби со обвинетите како и изјавите на Зоран Заев дека никогаш нема да се откаже од Катица Јанева истиот период кога знаел дека таа рекетира.
Впрочем и обвинителството во проширената истрага за Рекет веќе води истрага за нивната пратеничка и скоро доскорешен потпретседател на партијата Фросина Ременски.

Криминалите на СДСМ повеќе не може да ги покрие ниту една манипулација на презентерот на лажните вести Михаузен Костадинов. Јавноста очекува одговори, правда и одговорност, а тоа ќе го има после 12 април кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преземе власта и ќе започне обновата на Македонија, се наведува во соопштението на партијата.

Прикажи повеќе...

Соопштенија

СДСМ: Што финансирале фирмите на Орце и дали долгот од 400.000 евра е поврзан со рекет во самата ВМРО ДПМНЕ?

Објавено пред

Факт е дека ВМРО-ДПМНЕ има неподмирен долг од 400 илјади евра за претседателската кампања на Гордана Силјановска и затворена сметка од која долгот не може да се наплати, обвини СДСМ.

„Тоа е класично кршење на член 71 од Изборниот законик каде е наведено дека сите трошоци за кампањата треба се покријат исклучиво од средствата на сметката за кампања.

Истрагата за оваа афера треба да даде одговор на сите прашања како и на тоа кој треба да понесе одговорност за овој скандал.

Дали долгот има врска со рекет во самата ВМРО ДПМНЕ?

Што финансирале фирми на Орце Камчев, осомничен во неколку предмети на СЈО за кампањата на ВМРО ДПМНЕ и Силјановска?

Овие одговори треба да ги даде истрагата, која ќе објасни повеќе за врските меѓу одредени бизнис интереси и политичката партија која се уште е раководена од Будимпешта“ се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

(Видео) Заев, Шекеринска и Џафери на носачот на авиони ,,Хари Труман“ се сретнаа со адмирал Џејмс Фого

Премиерот Зоран Заев, вицепремиерката и министерка за одбрана Радмила Шекеринска и претседателот на Собранието Талат Џафери слетаа на носачот на...

Свет12 часа

(Видео) Прв состанок на Путин и Зеленски на Самитот во Париз

Рускиот претседател Владимир Путин денеска за прв пат се состанa во Париз со украинскиот претседател, Володимир Зеленски, на самитот насочен...

Регион14 часа

Рама ги повика граѓаните да не ги оштетуваат намерно објектите

Премиерот на Албанија, Еди Рама, денеска го достави првиот прелиминарен извештај за земјотресот што погоди делови од земјата на 26...

Топ15 часа

Пешак загина во сообраќајна несреќа во Штип

Пешак почина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Делчево – Штип, на влезот во селото Облешево. Од...

Македонија15 часа

Кривични за вработени во Бирото за метрологија поради злоупотреба на службената положба

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Н.П(39), М.Т.(54) и И.Т.(51), сите од Скопје, вработени во Бирото...

Македонија15 часа

Мицкоски: Ако не се одржат предвремените избори ќе ги преиспитаме односите со Пендаровски

Одложувањето на предвремените парламентари избори кои беа договорени да се одржат на 12 април, според ВМРО-ДПМНЕ ќе ја втурнат државата...

Македонија18 часа

Приведен 49-годишен скопјанец кој на Фејсбук му се заканувал на Заев

Секторот за компјутерски криминал ќе поднесе кривична пријава против 49-годишен скопјанец, поради објавени сериозни закани по животот на Фејсбук, насочени...

Регион19 часа

Градоначалникот на Нови Сад поднесе кривична пријава против претседателот Вучиќ

Градоначалникот на Нови Сад и потпретседател на владејачката Српска напредна партија, Милош Вучевиќ поднесе кривична пријава, со цел, како што...

Спорт19 часа

Русија исфрлена од Олимписките игри и светското фудбалско првенство

Извршниот одбор на Светската анти-допинг агенција (ВАДА) го прифатил предлогот на независниот комитет на Агенцијата, руските спортисти поради кршење на...

Свет20 часа

(Видео) Веб-камера снимила туристи во кратер на вулканот, секунди пред ерупцијата

Веб-камера открила најмалку десет туристи во кратерот на вулканот на Вајт ајленд на Нов Зеланд, во момент пред ерупцијата, пренесуваат...

Македонија21 час

Пронајдени 27 килограми марихуана, приведени две лица од Албанија 

Полицијата пронашла 27 килограми марихуана во автомобил кај селото Кажани-на патот за битолското село Ѓавато. Уапсени се две лица, возачот...

Свет21 час

Избрана новата премиерка на Финска, најмлада во светот

Владејачката социјалдемократска партија на Финска ја избра новата премиерка 34-годишната министерка и пратеничка Сана Марин. Таа ќе биде најмладата претседателка...

Свет21 час

Тежок понеделник во Франција, продолжува штрајкот и сообраќајните проблеми

И денеска продолжува штрајкот во Франција, а со тоа и хаосот во сообраќајот. Вчера, во четвртиот ден од штрајкот на...

Свет22 часа

(Видео) Ерупција на вулкан на Нов Зеланд, има и жртви

Едно лице загина, а 20-на се повредени во ерупција на вулкан на новозеландскиот Бел остров (White Island), популарна туристичка дестинација...

Регион1 ден

Во Хрватска годишно се фрлаат повеќе од 300.000 тони храна

Повеќе од 300 илјади тони храна се фрла годишно во Хрватска, додека бројни здруженија и организации истовремено бараат да се...

Топ1 ден

(Видео) Страотна сообраќајка во Бутел – излетал oд патот, ја пробил оградата и се превртел на булеварот

Страотна сообраќајка се случи вечерва во скопската населба Бутел. Момче и девојка кои се наоѓале во возило со тетовски регистарски...

Регион2 дена

Поради густата магла откажани сите летови во Сараево

Речиси сите летови до и од главниот град на Босна и Херцеговина од меѓународниот аеродром во Сараево се откажани поради...

Топ2 дена

Девојче повредено во тешка сообраќајка на Качанички пат

Во тешка сообраќаjна несреќа која попладнево се случила на Качанички пат повредено е девојче кое во инцидентот добило скршеница на...

Топ2 дена

Напаѓачот кој прободе момче во Бутел има 12 години, кривична ќе добие и неговиот татко

Скопската полиција ќе поднесе кривични пријави против четворица малолетници од Скопје (двајца од 16 години, еден 15 и еден 12...

Македонија2 дена

Се запали стан на „Рузвелтова“, пожарот избил при готвење

Скопската противпожарна бригада денеска интервенираше при пожар кој изби во стан во зграда на улицата „Рузвелтова“. Според информациите од терен,...

Досие