Македонија
МОН му ги врати ингеренциите во образованието на Таравари

Министерството за образование и наука, по 9 месеци, му ги врати ингеренциите на градоначалникот на општина Гостивар, Арбен Таравари.
Раководителката на Секторот за јавни дејности, Аслијан Снопче, обвини дека по одземањето на ингеренциите, биле назначени нови директори од страна на Министерството за образование, а со почетокот на новата учебна 2018/2019 година новоназначените директори на голем број наставници не им ги продолжиле договорите, иако сите биле професионалци во својата работа и ги исполнувале сите законски услови за работа.
„Од страна на наставниците но и родителите добивме многу поплаки и поради тоа поведовме повеќе иницијативи за вршење вонредни инспекциски надзори до Државниот просветен инспекторат и Државниот трудов инспекторат за што одржавме и неколку пресови на кои бевте присутни. Од наведените инспекторати добивме известувања од констатирани неправилности во училиштата со кои се потврдија нашите сомневања, а се однесуваат на следново: во сите училишта работат наставници, без претходно добиена согласност од градоначалникот, во сите училишта работат наставници што не се пријавени во АВРМ и ПИОМ и во сите училишта дневниците ги водат наставници што не се пријавени во АВРМ и ПИОМ“, рече Снопче.
Таа тврди дека некои директори на училишта објавиле огласи за јавна набавка за превоз на ученици спротивно на нивните надлежности, а некои директори, пак, објавиле огласи за вработување наставници без согласност од градоначалникот спротивно на Законот за основното и средното образование.
„Ова се големи прекршувања на надлежностите од страна на директорите, а се разбира ние како Општина сме должни да ги преземеме сите законски мерки против директорите, а со цел отстранување на сите неправилности. Последниот случај на партизација на образованието во Гостивар е она што се случи вчера. Замислете, не му го продолжија договорот за вработување на професорот Кимет Јусуфи, меѓународно признат професор, со 50 научни труда во разни меѓународни списанија за физика, каде што му го обеле лицето на цел Гостивар. Стручњак од прва класа. Тешко да се најде дури универзитетски професор во Македонија со толку богата научна биографија како што е професорот Кимет Јусуфи. Ако и во случајот се бара партиска книшка на ДУИ, тогаш навистина сме за жалење“, рече Снопче.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сиљановска-Давкова: Да продолжиме да градиме силна и кредибилна Армија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на централната свеченост по повод 18 Август, Денот на Армијата, што се одржа во касарната „Јане Сандански“ во Штип.
Таа нагласи дека филозофијата на самоодржливост, наследена од Илиденците и партизаните, претставува темел на македонската воена доктрина.
Сиљановска-Давкова потсети дека Армијата повеќе од три децении ја гради својата приказна како вистински чувар на татковината: од учество во мировни мисии до помош на граѓаните во кризни состојби и затоа ужива највисока доверба меѓу граѓаните.
Според неа, иако безбедносните предизвици наметнуваат потреба од поголеми вложувања во одбраната, тие мора да бидат насочени не само во вооружување, туку и во јакнење на институциите, инфраструктурата, науката, образованието и здравството.
Како можни долгорочни проекти, таа ги посочи изградбата на НАТО клинички центар, Центар за обука на обучувачи на полигонот „Криволак“ и Развој на локалната одбранбена индустрија.
Во обраќањето, претседателката укажа на значењето на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ како водечка високообразовна и научно-истражувачка институција, како и на потребата од родова еднаквост и спроведување на родовиот акциски план 2025-2028.
Претседателката порача дека Армијата, иако бројно мала, е голема по дух, знаење и љубов кон татковината. Таа е способна да го штити територијалниот интегритет и независноста на Републиката и да продолжи да биде кредибилен НАТО сојузник.
Во рамките на централната свеченост Сиљановска-Давкова со Орден за воени заслуги го одликуваше Центарот за обука на питомци и офицери.
Одликувањето беше доделено за извонредните успеси во организацијата и реализацијата на обуката на питомците и кандидатите за офицери, како и за стратешкиот и долготраен придонес во јакнењето на одбранбената способност преку вложување во образованието и едукацијата. со што се изградени генерации посветени и професионални воени лидери.
На свеченото одбележување на Денот на Армијата, признанија им беа врачени и на прворангираните потпоручници и водници. Со ова, тие се стекнаа со правото да ги носат првите офицерски и подофицерски чинови.
Македонија
Меџити: За 1 година инвестиравме 164 милиони денари во Арачиново

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска изврши увид на терен во завршната фаза од изградбата на секундарната фекална канализација во Арачиново – проект составен од 9 краци, со вкупна вредност од околу 20 милиони денари.
Меџити при работната посета изјави дека моментално се работи на последниот крак, во должина од 860 метри, каде што се реализирани 50% од активностите, а проектот се очекува да заврши во текот на наредниот месец.
„Во изминатите 13 месеци, во Арачиново донесовме инвестиции во вредност од над 164 милиони денари – реални, конкретни проекти, а не само празни ветувања. Она што за некои беше недостижно повеќе од три децении – ние го реализиравме. Го изградивме ободниот канал, започнавме со изградба на нови фекални, атмосферски и водоводни мрежи, и овозможивме урбано уредување преку изградба на пешачки патеки и шеталишта, како што е случајот покрај Мојанска Река“, изјави Меџити.
Овие инвестиции, појасни тој, се резултат на соработката на Министерството за животна средина со Владата, при што се инвестирани 164 милиони денари преку Првиот повик, Вториот повик и Програмата за капитални инвестиции – од кои 64 милиони денари се само за изградбата на каналот, а 100 милиони денари за други инфраструктурни проекти.
Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина Меџити најави дека работата нема да застане тука.
„Ќе продолжиме да инвестираме – не по партиска или етничка линија, туку секаде каде што има реална потреба. Веруваме во одговорна политика која носи конкретни резултати, а нашата цел е секој граѓанин да ја почувствува разликата“, заклучи Меџити.
Македонија
Меџити: За една година инвестиравме 164 милиони денари во Арачиново

Вицепремиерот и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска изврши увид на терен во завршната фаза од изградбата на секундарната фекална канализација во Арачиново – проект составен од 9 краци, со вкупна вредност од околу 20 милиони денари.
Меџити при работната посета изјави дека моментално се работи на последниот крак, во должина од 860 метри, каде што се реализирани 50% од активностите, а проектот се очекува да заврши во текот на наредниот месец.
„Во изминатите 13 месеци, во Арачиново донесовме инвестиции во вредност од над 164 милиони денари – реални, конкретни проекти, а не само празни ветувања. Она што за некои беше недостижно повеќе од три децении – ние го реализиравме. Го изградивме ободниот канал, започнавме со изградба на нови фекални, атмосферски и водоводни мрежи, и овозможивме урбано уредување преку изградба на пешачки патеки и шеталишта, како што е случајот покрај Мојанска Река“, изјави Меџити.
Овие инвестиции, појасни тој, се резултат на соработката на Министерството за животна средина со Владата, при што се инвестирани 164 милиони денари преку Првиот повик, Вториот повик и Програмата за капитални инвестиции – од кои 64 милиони денари се само за изградбата на каналот, а 100 милиони денари за други инфраструктурни проекти.
Меџити најави дека работата нема да застане тука.