Спорт
„Фудбал ликс“: Серхио Рамос паднал на допинг тест по финалето на ЛШ во 2017!
Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос се најде во незавидна ситуација да ја брани својата невиност, откако веб-сајтот „Фудбал ликс“ открива дека тој паднал на допинг-тест по финалето на Лигата на шампионите во 2017 година.
Според „Фудбал ликс“, кои до…


Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос се најде во незавидна ситуација да ја брани својата невиност, откако веб-сајтот „Фудбал ликс“ открива дека тој паднал на допинг-тест по финалето на Лигата на шампионите во 2017 година.
Според „Фудбал ликс“, кои досега објавија повеќе доверливи информации од светот на фудбалот, најмногу за даночните „измами“ кои ги прават фудбалерите и клубовите, но и за наводната организација на Суперлигата на најмоќните тимови, 32-годишниот ветеран бил позитивен на дексаметазон, но избегнал казна.
Според правилата на УЕФА, ова средство, кое е кортикостероид и се користи за различни ревматски проблеми, кожни болести и сериозни алергии, е дозволено да се користи, но само со претходна лекарска препорака и со најава.
Германскиот „Дер шпигел“, кој е „партнер“ на „Фудбал ликс“ тврди дека случајот останал прикриен од страна на УЕФА, која не поднела никаква постапка против фудбалерот, но и против лекарот на Реал Мадрид.
Според весникот, УЕФА само прифатила „извинување“ за позитивниот тест, и тоа преку писмо од Рамос од четири реда, во кое одговорноста за позитивниот тест се префрла на клупскиот доктор.
Реал Мадрид го победи Јувентус со 4:1 во тоа финале од Лигата на шампионите во Кардиф, а Рамос го одигра целиот меч.
Фото: ЕПА
Doping Irregularities: Ramos, Ronaldo and the Controllers https://t.co/fepqizZu1R pic.twitter.com/VGQcakLNQa
— SPIEGEL ONLINE English (@SPIEGEL_English) November 23, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вецлар го отпушти тренерот Карстенс и неговиот помошник Филип Миркуловски

Ракометниот клуб Вецлар им врачи откази на Франк Карстенс и неговиот помошник Филип Миркуловски.
Клубот се реши за ваков потег поради лошите резултати, Вецлар доживеа осум порази на последните девет натпревари. Синоќа, Вецлар загуби од Лајпциг.
Планот на клибот бил во летниот преоден рок да извршат смена на тренерската позиција, но новиот пораз ги натера да реагираат со откази.
Новиот тренер беше избран уште претходно, но тој порано од планираното ќе ја преземе функцијата.
Нов тренер на Вецлар е поранешниот српски репрезентативец и тренер на Веспрем, Момир Илиќ. Тој е без работа откако по три години се раздели со Веспрем. Илиќ ќе го одржи првиот тренинг со својот нов тим во понеделник.
Спорт
ФФМ изрече жестоки казни за ФК Гостивар, претседателот на клубот, капитенот и тренерот

Фото/ makfudbal.mk
Дисциплинската комисија при Фудбалската федерација на Македонија изрече жестоки казни за Фудбалскиот клуб Гостивар. Фудбалерите на Гостивар го напуштија теренот во 85.минута, при резултат 1:2 за Работнички.
На клубот му се одземени девет бода, претседателот на клубот Енес Уста, капитенот Алпер Потук и шефот на стручниот штаб Блажо Панов добија двегодишни суспензии.
Парични казни добија сите фудбалери кои беа во протиколот на натпреварот.
„Алпер Потук – фудбалер на ФК Гостивар АД се казнува со забрана на настап во период од 2 (две) години поради повикување на директни учесници на натпревар да го напуштат натпреварот од 29. коло од Прва МФЛ помеѓу екипите на ФК Гостивар АД и ФК Работнички АД.
ФК Гостивар се казнува со одземање на 9 (девет) бодови освоени во тековната натпреварувачка сезона и парична казна во износ од 2.500,00 евра поради напуштање на теренот на натпреварот во рамки на 29. коло од Прва МФЛ меѓу екипите на ФК Гостивар АД и ФК Работнички АД.
ФК Гостивар се казнува со парична казна во износ од 5.000,00 евра поради слаба организација и присуство на неслужбени лица во оградениот дел од теренот (службени простории) на натпреварот од 29. коло во Прва МФЛ против ФК Работнички.
ФК Гостивар АД се казнува со забрана на одигрување на 10 (десет) натпревари на свој терен како домаќин, односно 100 километри надвор од теренот кој го имаат пријавено како домашен терен.
Енес Уста – претседател на ГФК Гостивар се казнува со забрана на вршење на било каква функција во фудбалот во траење од 2 (две) години поради повикување на фудбалерите на ГФК Гостивар да го напуштат теренот и да се прекине натпреварот ГФК Гостивар – ФК Работнички во рамки на 29. коло во Прва МФЛ.
Блажо Панов – шеф на стручен штаб на ГФК Гостивар се казнува со забрана на вршење на било каква функција во фудбалот во траење од 2 (две) години поради повикување на фудбалерите на ГФК Гостивар да го напуштат теренот и да се прекине натпреварот ГФК Гостивар – ФК Работнички во рамки на 29. коло во Прва МФЛ.
Сите играчи на натпреварот од ГФК Гостивар кои биле во официјалниот записник на натпреварот против ФК Работнички се казнуваат со парична казна од 500,00 евра за фудбалер поради напуштање на натпреварот против ФК Работнички“.
Со одземањето на бодовите, Гостивар сега има 39 бода и се наоѓа на петтото место на табелата.
Спорт
Баерн за Вирц подготвил финансиски пакет од 250 милиони евра

Прашање на време е кога Флоријан Вирц ќе стане најскапата продажба во историјата на Баер Леверкузен. Баерн Минхен, Реал Мадрид и Манчестер сити се риозно се заинтересирани за неговите услуги.
Баерн од лани воспоставил контакти, најпрвин со родителите на Вирц, а потоа и со неговиот менаџер.
„Лекип“, тврди дека Баварците подготвиле пакет тежок 250 милиони евра за да го обезбедат потписот на Вирц.
Според овој извор, Баерн е подготвен да плати обесштетување од 125 милиони евра, а останатите 125 милиони се за петгодишниот договор што се подготвува за него.
Тој практично со платата би бил изедначен со Хари Кејн во Баерн, односно би заработувал повеќе дури и од староседелците Кимих, Нојер и Мусијала.