Регион
КФОР: Немаме што да му одговараме на Вучиќ за полициската акција во северно Косово
Портпаролот на КФОР, Винченцо Грасо, вечерва повторно изјави дека косовската полиција во северна Митровица издала наредба за акција за апсење осомничени лица за убиството на Оливер Ивановиќ, лидерот на косовските Срби, кое беше извршено во јануари годинава, и дека нема што друго да му одговори на српскиот претседател, Александар Вучиќ.
Претседателот на Србија претходно изјави дека не му верува на КФОР и НАТО во врска со случувањата во Митровица утрово и дека КФОР, како што рече тој, намерно ја излажа јавноста за акцијата на косовската полиција.
Грасо, пак, изјави дека косовската полиција во петокот во утринските часови спровела акција врз основа на налог издаден од обвинител на Специјалното обвинителство на Косово и дека налогот бил во врска со убиството на Ивановиќ.
Тамошните медиуми ја пренесоа и изјавата на Грасо дадена за италијанската агенција НОВА во која тој рече дека „иако постојат политички напнатости поради одредени меѓународни ситуации и последните политички и економски одлуки, ситуацијата во Косово е стабилна“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Загинаа две лица, а пет се водат како исчезнати по судар на чамец и крузер во Дунав кај Будимпешта
Две лица го загубија животот доцна синоќа, а пет се водат за исчезнати во судар на мал моторен чамец и крузер на реката Дунав северно од Будимпешта, соопшти денеска унгарската полиција.
Телата на возрасен маж и жена се пронајдени северно од главниот град, а властите се уште трагаат по пет исчезнати лица.
Сома Чечи, портпарол на полицијата во Будимпешта, на прес-конференција рече дека, според досегашните сознанија, во чамецот имало вкупно осум возрасни лица и потврди дека две лица загинале, а пет се водат како исчезнати. Тројца мажи и две жени моментално се бараат со глисери и дронови, јавуваат унгарските медиуми.
Полицијата соопшти и дека во градот Комаром бил запрен поголем брод, а од увидот било откриено дека му е оштетен страничниот дел. Се врши увид и во тек е истрага за опасноста по водениот пат и смртта на неколку лица.
Регион
По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност
Словачкиот премиер Роберт Фицо е надвор од животна опасност по обидот за атентат, изјави денеска министерот за одбрана и вицепремиер Роберт Калинак за словачката новинска агенција ТАСР.
Состојбата на Фицо се подобрува, а лекарската комисија утре треба да одлучи дали тој ќе биде префрлен. Фицо моментално се опоравува во универзитетската болница во Банска Бистрица.
Фицо беше тешко повреден на 15 мај, по седницата на Владата во градот Хандлова, кога 71-годишниот писател Јурај Цинтула, од непосредна близина неколку пати пукаше со пиштол во него. Специјалниот кривичен суд во словачкиот град Пезинок, со силно полициско обезбедување вчера му одреди притвор на Цинтула.
Регион
Под сомнение за планирање терористички напад уапсено е малолетно девојче од Црна Гора
Во Австрија е уапсено четиринаесетгодишно девојче од Црна Гора, кое, според австриските медиуми планирало терористички напад на Јакоминиплац во Грац, а истражителите од Државната служба за државна безбедност и борба против екстремизмот во Штаерска успеале да спречат тоа.
При претресот на куќата, како што пишува истиот медиум истражителите заплениле секира и нож.
Информациите за планираниот напад дојдоа од Европска безбедносна управа. На овој начин, локалните истражители од Државниот завод за државна безбедност и борба против екстремизмот (ЛСЕ) на Штаерска им влегле во трага на првично непознатите лица.