Македонија
СДСМ: Секојдневно се преземаат мерки за решавање на проблемот со аерозагадувањето
Сите надлежни институции, како и Владата предводена од СДСМ, континуирано и посветено работат на решавање на наследниот проблем со загадениот воздух.Катастрофата наследена од криминалната ВМРО-ДПМНЕ, партијата која го игнорираше проблемот и ништуваше се што е здраво и зелено, денес се решава со бројни активности и мерки на централно и локално ниво, со цел да се обезбеди почист воздух за сите граѓани, соопшти СДСМ.
Според партијата, меѓу другите мерки, за решавање на долгогодишниот проблем, преземени се или веќе се преземаат следните 20 мерки:
1. Во повеќето општини, како и во Град Скопје се расчистуваат диви депонии.
2. Гасификацијата е во тек – во Буџетот за 2018 година одвоени се 40 милиони евра за изградба на гасоводниот систем во Македонија.
3. Усвоен е План за чист воздух за кој ќе се одвојат дополнителни 1,5 милиони евра, над редовните со кои располагаат институциите.
4. Со новите мерки и измени на законот за возила се воведуават еколошки стандарди во сообраќајот. При технички преглед на возилата, ќе се мери количеството и составот на издувните гасови што ги испуштаат возила и врз основа на тој параметар ќе добијат соодветна еколошка налепница која ќе покажува кој автомобил колку придонесува во загадувањето и по потреба ќе биде исклучен од сообраќајот.
5 Град Скопје го продолжува доделувањето субвенции на домаќинствата и на други субјекти за чистење оџаци – досега за субвенции за чистење на оџаците се доставени 140 барања од граѓаните.
6. Од страна на Општина Гази Баба е извршен увид на дивата депонија во Вардариште кадешто се запленети еден тон стари и уништени гуми кои се наоѓале во дворовите кај граѓаните, отпад кој досега бил пален на отворена површина, со што значително се загадуваше животната средина.
7. Покрај пролетната акција за зазеленување кога беа засадени над 4.000 садници, Град Скопје во наредните денови започнува и есенска акција за садење кадешто ќе бидат засадени 3.500 висококвалитетни листопадни дрва во неколку скопски општини.
8. Со беспилотно летало, Град Скопје ќе ги лоцира изворите на загадување на воздухот со што ќе се зголеми навременоста и ефикасноста во пронаоѓањето извори на загадување.
9. На депонијата „Дрисла“ обезбеден е и ставен во функција е новиот филтер за апсорбирање на ПМ10 честичките, јаглеродмоноксидот и другите честици што се ослободуваат при согорувањето.
10. Засилени се капацитетите на надлежните инспекциски служби.
11. Владата предводена од СДСМ донесе одлука да се одобри кредит од 92 милиони денари за поставување на филтерска постројка за заштита од загадување за фабриката Југохром.
12. Започната е анализа за намалување на ДДВ на испорачана топлинска енергија што ќе има за цел дополнителен број на домаќинства да се приклучат на топловодната мрежа.
13. Се субвенционираат трошоците за набавка на печки на пелети за домаќинствата кои се греат со нееколошки печки на дрва, а Владата предводена од СДСМ донесе одлука за зголемување на средствата за субвенции од 14 на 21 милион денари.
14. Преку кредит од Европската банка за обнова и развој Јавното сообраќајно претпријатие Скопје започна набавка на 40-тина најсовремени еколошки автобуси на природен гас.
15. Активно се работи на проектот за гасификација во главниот град. За првпат по 20 години формирано е градско претпријатие за гасификација и проектирање на гасоводен дистрибутивен систем во Скопје.
16. Се менува дотраениот и нееколошки автобуски превоз и во останатите градови. Општина Прилеп веќе набави 4 еколошки автобуси на природен гас кои ќе почнат да сообраќаат во март следната година, а ЕЛЕМ е во фаза на набавка на 4 автобуси за потребите на РЕК Битола и општина Битола.
17. Во Град Скопје реконструирани и подигнати се нови зелени површини од над 40.000 квадратни метри.
18. Во наредниот период ќе следува субвенционирање на трошоците за купување хибридни возила и возила на електричен погон, а ќе се субвенционираат и трошоците за поставување на уред на погон на ТНГ во возилата.
19 Лоцирани и соодветно санкционирани се физички и правни лица загадувачи на воздухот
20. Реконструирани се и поставени се енергетско ефикасни фасади на објектите на неколку средни училишта во Скопје.
,,Ова се само дел од мерките што веќе се преземени, што се преземаат во моментов и што ќе бидат преземени а се во насока на решавање на долгогодишниот проблем со аерозагадувањето, со цел веќе за две години, загадувањето да биде намалено до 50 отсто во Скопје и од 30 до 50 отсто во другите градови низ државата.Здравата животна средина и решавањето на проблемот со аерозагадувањето остануваат врвен приоритет за Владата предводена од СДСМ”, се додава во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Досега подигнати се над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти
Премиерот Христијан Мицкоски денеска исткна дека се подигнати над 45 илјади ваучери од 15.300 денари за студентите на додипломски студии за набавка на електронски уред – лаптоп, таблет или персонален компјутер. Посочи дека искористеноста е околу 99 проценти.
За ваучер од 250 евра од ноември до декември можеа да аплицираат студенти до 29 години, кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети.
– Отприлика 45.000 – 45.600 ваучери се подигнати, а околу 99 проценти и повеќе се искористени. Околу 44.5 илјади се искористени. Како Влада изминативе 20-ина месеци сме ги регулирале сите односи со сите структури од општеството на кои Владата треба да им излезе во пресрет – на студентите им се покачени стипендиите, се реновираат студентските домови и ученичките домови, се обезбедуваат 15.300 денари за електронски уреди. Дали тоа е доволно? Не. Можеби треба повеќе, но толку можеме во моментов. Порано ни тоа не било. За сите, без да ограничиме дали се студенти на државни или на приватни универзитети. Пораснаа пензиите линеарно, сега во април 7 илјади денари, нешто што досега не било овозможено, рече Мицкоски по пуштањето во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Тетово.
Премиерот нагласи дека комуникацијата на Владата со сите целни групи е на високо ниво и досега, рече, немало толку голема испорака од ниту една Влада,
-Буквално со сите целни групи со кои Владата комуницира и со кои држи релација, навистина имаме односи кои никогаш порано не биле на толку високо ниво и немало толку голема испорака со ниту една Влада. Оваа Влада тоа го направи за само 20 месеци. Дали е доволно? Не. Треба повеќе? Треба. Се сложувам, секогаш треба повеќе. Но, дали е подобро од порано? Можам да кажам дека неколку пати е подобро, рече Мицкоски.
Македонија
Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд
Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.
Како што соопшти УХМР, пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата – над 20 литри на квадратен метар. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места.
Во Скопје во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд. На околните планини врнежите ќе бидат од дожд и снег.
Македонија
По 8.000 денари за секое бебе во општина Аеродром
Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.
-Оваа мерка е наменета како практична поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето. Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да растат среќни, сигурни и поддржани, соопшти Општина Аеродром.

