Вести
Компанијата која го прогласи Сноуден погоден за работа како разузнавач ќе плати 30 млн долари

Најголемата американска приватна компанија за проверка на кандидати за работа во владините агенции на САД, вклучително и во безбедносните, „Investigations Services“ ќе плати 30 милиони долари како намирување на побарувањата од страна на американските власти.
Како што објави американското министерство за правда, со исплатата на споменатата сума ќе се намират барањата кон „US Investigations Services“ и нејзината матична компанија „Altegrity“, коишто се состојат во тврдењето дека компанијата недоволно стручно и неправилно ги вршела проверките на кандидатите за работа владините структури.
Соодветното тужбено барање било поднесено во министерството за правда на почетокот од минатата година. Во него, особено, било истакнато дека „US Investigations Services“ во периодот од март 2008 до септември 2012 година недоволно внимателно ги проучувала биографиите и другите податоци за кандидатите за работа во федералните институции во повеќе од 650.000 случаи.
„Челниците на ‘US Investigations Services’ со цел да ги зголеми приходите и профитот на компанијата разработиле и имплементирале криминална шема, којашто овозможила да се заобиколат условите од договорот за квалитетна проверка на биографските податоци“ на кандидатите, се наведува во соопштението на американското министерство за правда.
Се истакнува притоа дека „Несовесното извршување на обврските од страна на која и да е компанија на којашто ние (американските власти) сме ѝ ја довериле проверката на личните податоци за идните и сегашните службеници во федералните агенции, е едноставно неприфатливо“.
Компанијата, којашто договорот со владата на САД го склучила во 1996 година, просечно добива по 2.500 долари, за проверка на информациите во врска со кандидат за вработување во американските сојузни агенции и служби. Според податоците на министерството за правда, во компанијата за верификација на податоците за кандидатите користеле компјутерска програма која овозможува да се добијат потврда за спроведување на сите процедури на проверката.
Компанијата „US Investigations Services“ во јавноста стана попозната по аферата со безбедносната проверка на Едвард Сноуден за ангажирање во разузнавачките агенции CIA и NSA, како и во случајот на резервистот на воената морнарица Арон Алексис кој во септември 2013 година отвори оган во воена база, кога беа убиени 13 луѓе./крај/мф/сн
Извор: The New York Times
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.