Економија
(Видео) Заев: Оптичката мрежа на МЕПСО ќе овозможи интернет соодветен на стандардите на ЕУ
Премиерот, Зоран Заев, заедно со министерот за информатичко општество и администрација, Дамјан Манчевски денеска беа во работна посета на ТС Струмица 1 каде што се поставуваше заштитно јаже со оптика на далекувод од преносната мрежа на МЕПСО, како дел од новите инвестициски програми на МЕПСО.
Притоа Заев подвлече дека овој инвестициски зафат на МЕПСО, е во целосна согласност со политиките на Владата да се обезбедат сите неопходни стандарди за членство во ЕУ уште додека траат преговорите.
„Дел од тие политики е и остварувањето на стратегијата за дигитализација. Во таа насока, со монтажата на оптичка мрежа во системот далекуводи на МЕПСO, нашата земја го фаќа чекорот со проекциите на ЕУ и создава услови во наредните три години секој наш граѓанин да има пристап до интернет со брзина од најмалку 30 мегабајти во секунда брз широко појасен интернет, и најмалку 50% од домаќинствата да имаат претплатнички договор за пристап до најмалку 100 мегабајти во секунда супер брз или ултра супер брз бродбенд интернет пристап“, изјави премиерот.
Заев дополни дека ваквиот инвестициски зафат е исчекор во амбициите да фатиме приклучок со европските стандарди.
„Една таква функционална оптичката мрежа за брз и супер брз пренос на податоци, како јавно добро на државата, ќе обезбеди широк спектар на придобивки за граѓаните, но и за бизнис заедницата во Република Македонија. Треба да се има предвид дека искуствата потврдуваат со зголемување на индексот на дигитализација на секоја земја за 10%, се подига растот на БДП за 1%. Упатувам честитки за иницијативата на МЕПСО, и посакувам успешно заокружување на целиот процес“, соопшти премиерот.
Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски зборуваше за централните политики за дигитализација на земјата.
„Во тој контекст го формиравме и ИКТ советот. МИОА го заврши мапирањето на бели зони, за да имаме јасна слика каде државата треба да се инвестира. Целта е сите граѓани независно каде живеат е да имаат пристап до брз интернет. МЕПСО е наш партнер во тој процес. Како што и денеска ни беше презентирано, од 24 оптички влакна само 4 се за потребите на МЕПСО. Тоа ќе се одлучи во Националниот оперативен бродбенд план за широкопојасен интернет што треба да биде презентиран до крај на годината. Ова што го правиме заедно со МЕПСО е предуслов и за воведување на трет мобилен оператор. Оваа мрежа е основата и за понатамошни инвестиции во ИКТ сферата“, изјави Манчевски.
Во Стумица, премиерот Заев и министерот Манчевски беа придружени од директорот на МЕПСО, Сашо Василевски и градоначалникот на општината, Коста Јаневски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)