Македонија
Делови од Скопје без струја
Од „ЕВН Македонија“ АД инфомрмираат дека во текот на денот без електрична енергија ќе останат повеќе делови од Скопје.
Во периодот од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе останат корисниците од улица Козле од број 163 до број 169 во општина Карпош, како и дел од корисниците од улиците Корушка, Вангел Дину и Иван Цанкар во општина Ѓорче Петров.
Во општина Карпош во периодот од 9:15 до 12:00 часот без струја ќе останат и корисниците од булевар Митрополит Теодосиј Гологанов од број 204 до број 214, како и објектот на Трим.
Во периодот од 9:00 до 14:00 часот без електрична енергија ќе бидат и корисниците од улица Христо Татарчев број 1, 3, 5 и 7, како и дел од корисниците лоцирани пред и по поранешниот објект на Славија во општина Кисела Вода.
Струја во периодот од 9:00 до 15:00 часот ќе немаат ниту корисниците од улиците 4, 6 и 7 во село Батинци во општина Студеничани.
Понатаму, како што информираат од ЕВН, во периодот од 9:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од село Горна Матка, потоа во периодот од 9:30 до 15:00 часот без електрична енергија ќе останат и дел од корисниците од селото Долно Свиларе во општина Сарај.
Струја ќе нема и во дел од општина Центар, и тоа во периодот од 12:00 до 14:00 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците од улицата Славе Деловски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Слаби врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег бележиме на Попова Шапка кој во моментов не се задржуват на коловозот, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
(Фото) Голем број деца пеејќи ја божиќната песна „Вечниот Бог“ пристигнаа во општина Аеродром
Со неизмерна радост, утринава голем број дечиња од сите делови на Аеродром, пеејќи ја божиќната песна „Вечниот Бог“, пристигнаа во општина Аеродром и станаа првите гласници на Бадник, во пресрет на Христовото раѓање.
„Тие, носејќи го бадниковиот пламен, ни ги исполнија душите со празнична топлина, љубов и надеж. Како дел од традиционалната манифестација „Бадниковите поворки“, со чисти гласови и искрени насмевки, дечињата го најавија најрадосниот христијански празник – Божиќ. 🌟👧🧒
Во духот на празникот, секое дете доби подарок од општина Аеродром, а ние од срце им посакавме уште многу радосни мигови и безгрижно детство.
Честит Бадник и светлината што денеска ја донесоа децата нека ја осветли секоја семејна трпеза и секое срце“, порачуваат од општина Аеродром.
Македонија
(Фото) Градоначалникот Георгиевски им подари пакетчиња на коледарите од општина Илинден
По повод големиот христијански празник Бадник, коледарите од општина Илинден со традиционални бадникови и коледарски песни ја најавија радосната вест за Христовото раѓање – Божиќ.

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, ги пречека коледарите пред Домот на култура „Илинден“, каде што им подари празнични пакетчиња и им посака добро здравје, среќа, успеси и благосостојба во семејствата, при што истакна дека особено го радува фактот што најмладите жители на општината ја негуваат традицијата и придонесуваат во зачувување на православните обичаи.








