Спорт
Доминација на Вучевиќ против ЛА Лејкерс (Видео)
Џими Батлер, Дианџело Расел, Никола Вучевиќ и ветеранот Двејн Вејд блескаа за своите тимови изминатата ноќ во НБА лигата.
Батлер, погоди тројка од тешка позиција на 2,3 секунди до крајот на мечот во Бруклин, со која и донесе победа на Филалделфија 127:…
Џими Батлер, Дианџело Расел, Никола Вучевиќ и ветеранот Двејн Вејд блескаа за своите тимови изминатата ноќ во НБА-лигата.
Батлер погоди тројка од тешка позиција на 2,3 секунди до крајот на мечот во Бруклин, со која ѝ донесе победа на Филалделфија 127:125.
Крилниот играч мечот го заврши со 34 поени, 12 скока, две асистенции и четири украдени топки. Батлер во последната четвртина постигна 18 поени. Бруклин не успеа да го избегне поразот и покрај тоа што Дианџело Расел постигна 38 поени.
JIMMY BUTLER DOES IT AGAIN!
His step-back 3 puts the @sixers ahead with 0.4 on the clock!#HereTheyCome 127#WeGoHard 125
— NBA (@NBA) November 26, 2018
Торонто го декласира Мајами 125:105, а дуелот го обележа ветеранот Двејн Вејд, кој за поразениот тим го одигра мечот на сезоната. Вејд постигна 35 поени, на кои придодаде пет скока и шест асистенции. Кај Торонто се истакна Каваи Ленард со 29 поени и 10 скока.
Лејкерси не можеа да се справат со Никола Вучевиќ, поради што Орландо ја однесе победата од „Стејплс центарот“ 104:108. Црногорецот и во второто сезонско соочување на овие екипи одигра доминанто, постигна 34 поени, 15 скока и седум асистенции. Леброн Џејмс беше најефикасен кај Лејкерси со 24 поени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Кристал Палс го згази Манчестер јунајтед
Фудбалерите на Кристал Палас го декласираа Манчестер јунајтед со 4:0, во последниот натпревар од 36. коло на Премиер лигата. удбалерите на Кристал Палас ја забележаа четвртата победа на последните пет натпревари во Премиер лигата.
Од првата минута забележливо беше дека играчите на Манчестер јунајтед не се „во натпреварот“. Како изгледаа на теренот можат да бида задоволни со поразот од 4:0.
Дебаклот го најави Мајкл Олисе во 12.минута. .
Истиот играч десет минути подоцна имаше уште две убави шанси, а во 40. Жан Филип Матета ја удвои предноста на домашните.
На почетокот на вториот му беше поништен гол на Јунајтед, а потоа започнаа да се редат шансите пред голот на Андре Онана.
Еберечи Езе, Тајрик Мичел и Вил Хјуз, не успеаја да реализираат, но во 58. минута споменатиот Мичел зголеми на 3:0.
Точка поразот на Јунајтед стави играчот кој ја започна серијата, Мајкл Олисе во 66. минута. До крајот на мечот Одсон Едуард ја погоди стативата.
Палас е 14. на табелата со 43 бодови, додека Јунајтед е осми со 54 бодови, исто колку и седмопласираниот Челзи.
Јунајтед во следното коло ќе го пречека Арсенал, додека Палас ќе гостува кај Вулверхемптон.
Спорт
Бјелица доби отказ
Фудбалскиот клуб Унион Берлин соопшти дека му ја врачил оставката на хрватскиот тренер Ненад Бјелица по серијата лоши резултати во Бундес лигата.
Челниците на Унион решија да го заменат Бјелица по поразот од Бохум (3:4) во 32. коло од Бундес лигата.
Хрватскиот тренер го презеде тимот од Берлин во ноември минатата година, откако беше отпуштен oд Урс Фишер.
Унион Берлин моментално е на 15. место на табелата во германскиот шампионат со 30 бодови.
Во соопштението на клубот се наведува дека тимот до крајот на сезоната ќе го води Марко Гроте.
„Со нетрпение го очекувам предизвикот и убеден сум дека ќе успееме да избегнеме испаѓање од Бундеслигата. Добро го познавам нашиот тим и знам дека сме способни за опстанок“, изјави Гроте, а пренесува официјалниот сајт на клубот.
До крајот на сезоната во Бундеслигата, Унион следната сабота му гостува на Келн, а потоа на 18 мај на домашен терен го пречекува Фрајбург.
Спорт
Баркли: Јокиќ е најдобриот странец на сите времиња во НБА
Легендата на НБА, Чарлс Баркли многу го почитува центарот на Денвер, Никола Јокиќ.
И додека се очекува српскиот кошаркар по третпат наскоро да биде прогласен за МВП во НБА караванот, Баркли го пофали Јокиќ како гостин во подкастот на Шенон Шарп.
Долго време се сметаше дека Германецот Дирк Новицки е најдобар странец во НБА, но Баркли мисли поинаку.
„До доаѓањето на Јокиќ, Дирк беше најдобриот странец во историјата на НБА“, вели Баркли.
Инаку, Новицки, кој доживеа ѕвездени моменти со Далас, има по една титула и едно МВП признание.