Економија
Гувернерката на НБРМ на Конференцијата за европска економска интеграција
Гувернерката на Народната банка на Република Македонија, Анита Ангеловска-Бежоска, ќе учествува на Конференцијата за европска економска интеграција, којашто Австриската централна банка ја организира по петнаесетти пат. Оваа конференција важи за еден од најзначајните настани во централнобанкарската заедница на коишто традиционално се дискутира за прашања клучни за европската економија.
Годинешново издание на Конференцијата е со тематска одредница „Како да се финансира кохезијата во Европа“. Следниве два дена во Виена гувернери и други високи претставници на повеќе централни банки, професори и истражувачи на реномирани универзитети и истражувачки центри, како и претставници на повеќе меѓународни финансиски институции и организации ќе дискутираат за тоа како може финансиските текови да ѝ помогнат на Европската Унија во промовирањето економска, социјална и територијална кохезија и солидарност меѓу земјите членки.
Одделно внимание ќе биде посветено и на прашањето како да се унапреди и финансиски да се поддржи приближувањето на економиите од Централна, Источна и Југоисточна Европа (ЦИЈИЕ) кон оние од еврозоната. На панел-дискусијата на која говорник ќе биде гувернерката на НБРМ акцентот ќе биде ставен на улогата на монетарната политика во ова приближување. Своите видувања на оваа тема, покрај гувернерката Ангеловска-Бежоска, ќе ги изложат и гувернерите на централните банки на Романија и Бугарија, Мугур Исареску и Димитар Радев. Оваа панел-дискусија ќе се одржи веднаш по отворањето на Конференцијата на кое покрај австрискиот гувернер Евалд Новотни и австрискиот министер за финансии Хартвиг Лeгер, ќе се обрати и членот на Извршниот одбор на Европската централна банка, Беноа Кере.
Во рамки на Конференцијата ќе се дискутира и за други прашања важни за европската економија, меѓу кои се и прашањата дали и како да се запре деиндустријализацијата во ЦИЈИЕ и во еврозоната, како подобро да ги задоволи регионалната политика на ЕУ постојаните инвестициски потреби, кои политики можат да ги поттикнат инвеститорите да придонесат за економски и социјален развој и кои институционални и структурни промени можат да ги зголемат капацитетите на земјите од ЕУ за апсорбирање на средствата.
Гувернерката Ангеловска-Бежоска, која меѓу говорниците на Конференцијата е и единствениот висок претставник на институција на земја којашто не е членка на ЕУ, активно ќе се вклучи и во дискусијата за некои од овие прашања.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Економија
Македонските вина се продаваат во 40 држави во светот, Владата најавува зголемено производство и извоз
Македонија денес се претставува на „Винскa визија на Отворен Балкан“ во Белград.
Оваа година 80 винарски визби се претставуваат на овој саем од кои што 68 се мали семејни винарии и 12 винарски визби кои што се дел од здружението „Wines of Macedonia“, а за првпат имаме и изложувачи на квалитетна македонска традиционална храна.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, рече дека ова е одлична можност македонските квалитетни вина да бидат промовирани на саемот.
Тој посочи дека е зголемена продажбата на македонското вино надвор од границите на државата.
„Република Македонија е на 22 место во светот по производство на вино, а се наоѓа на 29-то место по извоз на вино во светот“, заклучи министерот.
Трипуновски додаде дека Владата има за цел да се зголеми производството на вино во државата со што ќе се зголеми и извозот на истото во светот. Девизен прилив од извоз на вино за 2023-та година изнесуваше над 57 милиони евра.
„Нашите вина се продаваат во преку 40 држави во светот. А, најголем дел се пласира овде во регионот, односно на Балканот“, истакна тој.
„Како Влада продолжуваме посветено да работиме во делот на секторот винарство бидејќи е втора најзначајна гранка во Република Македонија по извоз и девизен прилив“, нагласи министерот Трипуновски.
Економија
Илон Маск го сруши сопствениот рекорд на богатство, има 347,8 милијарди долари
Богатството на американскиот тајкун Илон Маск достигна рекордни 347,8 милијарди долари во петокот, поттикнато од континуираните добивки во акциите на „Тесла“ и новата рунда на финансирање откако неговиот стартап со вештачка интелигенција беше проценет на 50 милијарди долари.
Многу компании на Маск забележаа пораст на нивната вредност откако изборната победа на Доналд Трамп го круниса со политичко внимание.
Акциите на Тесла пораснале за 3,8 отсто во петокот, продолжувајќи да го поттикнува оптимизмот дека плановите на тимот на Трамп за автономни возила и субвенции за електрични возила ќе и дадат предност на компанијата на Маск пред конкуренцијата.
Маск, најбогатиот човек на светот, сега го собори сопствениот рекорд од 340,4 милијарди долари поставен во ноември 2021 година, според индексот на милијардери на „Блумберг“.
Економија
BLACK FRIDAY во СЕТЕК со попусти и до 70 отсто
Акцијата BLACK FRIDAY во СЕТЕК ги носи најголемите попусти и до 70 проценти.
На едно место бирајте сè што ви е потребно од најпознатите светски брендови за бела техника, телевизори, ИТ, мобилни уреди, апарати за домаќинство и уште многу други останати производи за домот и деловниот простор.
Искористете ја можноста да купите најмногу техника со најниски цени за BLACK FRIDAY во сите салони на Сетек и онлајн на www.setec.mk .
Сетек и оваа година, со радост ве очекува во сите салони полни со вашите омилени производи и уникатно шопинг искуство.
Акцијата трае oд 25 ноември до 2 декември 2024.
Има зошто сите купуваат во СЕТЕК.
Сетек – сè од техника е помеѓу водечките во трговијата со техника.
Не пропуштајте, сè што е најдобро – сега е и достапно: бела техника, апарати за домаќинство, уреди за ладење и греење, телевизори, мобилни телефони, гејминг опрема и ИТ уреди.
Сетек континуирано, повеќе од 30 години ја развива својата мрежа и стратегија за блискост со купувачите. Со застапеност на 32 различни локации и модерни салони, вклучувајќи ја и онлајн продавницата, Сетек е достапен до секој миленик на современата техника.
Воедно Компанијата нуди и и многу помошни улуги како лојална програма, кешбек, премиум достава, можности за кредитирање, рати без камата и многу експертски услуги за правилен избор и корисна употреба.
(ПР текст)