Забава
Перформансот „Кога зградите би зборувале“ пред Железничката зграда во Скопје
Перформансот „Кога зградите би зборувале“, реализиран од Здружението за култура и уметност „Факултет за работи што не се учат“, вчера се одржа во Железничката зграда во Скопје.

„Кога би можела да зборува Железничката зграда во Скопје, која се наоѓа на улицата Борка Талески, позади трговскиот центар Буњаковец, би можела да раскаже дека овде се снимале инсерти од познатиот македонски филм ‘Среќна нова 49.’ и дека дел од станарите биле статисти, дека овде живеел Перо, станарот кој имал 49 мачки и кој завршил на Голи Оток, зградата би можела да каже каде е ракијата што некој станар во минатото ја закопал среде дворот ограден од сите страни со станови и балкони, би можела да раскаже и каков мирис се ширел низ дворот кога во него на секој ќош имало липи, пред да бидат исечени од станар револтиран што куќниот совет не можел да реши што да прави со нив“, рекоа учесниците.
„Кога зградите би зборувале“ е истражувачки перформанс на Филип Јовановски, куриран од Ивана Васева, кој се фокусира на Железничката зграда во Скопје, позната и како Железничка колонија, уникатен објект каков што нема сличен во Македонија. Изграден е во 1946 година, проектиран од архитектот Михаил Дворников и наменет за вработените во Државната дирекција за железници – Скопје.
Десетина генерации живееле во овие станови кои се со различна големина, помалите со површина од 48 метри квадратни, а поголемите од 120 метри квадратни. Нивните животи ја обележале зградата, нанеле свои траги по испуканите ѕидови и по оштетената фасада, која е во поодмината фаза на распаѓање.

Железничката зграда преживеа промена на општественото и политичко уредување, го преживеа големиот земјотрес од 1963 и помали земјотреси што следеа потоа, преживеа поплави, други природни катастрофи и разни профили на станари, но не може да ја преживее и негрижата на заедницата, незаинтересирана да го реставрира ова културно наследство.
Токму тоа и се обиде да го долови перформансот од група уметници што се одржа вчера попладне во Железничката зграда, а кој е дел од проектот „Активни простори на заедницата за граѓански промени“, што го реализира „Факултетот за работи што не се учат“.
Симулирајќи седница на куќниот совет на зградата, уметниците се обидоа да ги евоцираат спомените на станарите што сè уште живеаат во оваа зградата, а кои се сеќаваат на подобри денови кога биле посложни и посолидарни.
Во перформансот учествуваа актерите Кристина Леловац, Јасмина Василева, Ивана Павлаковиќ, Долорес Поповиќ и Благој Веселинов. „Факултетот за работи што не се учат“, односно Филип Јовановски и Ивана Васева работат со станарите од 2015 година за да го анимираат јавниот напуштен простор во зградата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Hitech
„Нетфликс“ се повлече од купувањето на „Варнер брос Дискавери“
По неколкумесечни преговори, Нетфликс се повлече од понудата за купување на Варнер брос Дискавери, отворајќи му пат на Парамаунт и Скајденс во договор вреден околу 111 милијарди долари, објави Би-Би-Си.
Варнер брос Дискавери, кој е на продажба од минатата година, соопшти дека најновата понуда на Парамаунт е супериорна во однос на онаа на Нетфликс. Раководството на Нетфликс одби да ја зголеми понудата, наведувајќи дека трансакцијата повеќе не е финансиски привлечна по таа цена.
Во декември, Варнер брос Дискавери прифати делумна понуда од Нетфликс во вредност од околу 72 милијарди евра, која вклучуваше купување на филмското и ТВ студио и платформата Ејч-Би-О Макс.
Сепак, Парамаунт поднесе повисока конкурентска понуда, со што се наметна како фаворит. Калифорнискиот државен обвинител Роб Бонта изјави дека договорот сè уште не е конечен и дека регулаторите ќе спроведат темелна истрага.
Доколку биде одобрен, Парамаунт ќе го преземе Ејч-Би-О Макс, како и телевизиските мрежи во сопственост на Варнер брос Дискавери, вклучително и Си-Ен-Ен, што може значително да го промени стриминг и медиумскиот пазар во Холивуд.
Фото: Depositphotos
Забава
Астро прогноза за март 2026: Два знака ќе доживеат финансиски пресврт
Според кинескиот календар, од 5 март до 4 април трае периодот на Металниот Зајак – симбол на дипломатија, хармонија и компромис, со дополнителна решителност и јасност што ја носи елементот Метал. Ова е месец во кој ќе успеат најмудрите, а не најбрзите. Погоден е за учење, преговори, обновување на односите и финансиско планирање.
Што ги очекува знаците:
Стаорец (1948, 1960, 1972, 1984, 1996, 2008, 2020) – можен кариерен пробив, но преку дополнително учење и внимателна комуникација.
Бивол (1949, 1961, 1973, 1985, 1997, 2009, 2021) – плановите се остваруваат со трпение; поволен период за разговор за унапредување.
Тигар (1950, 1962, 1974, 1986, 1998, 2010, 2022) – напредок преку дипломатија; хармонија во љубовта.
Зајак (1951, 1963, 1975, 1987, 1999, 2011, 2023) – просперитет, но потреба од одмор и релаксација.
Змеј (1952, 1964, 1976, 1988, 2000, 2012) – внимателност со документи и долгови; можни патувања.
Змија (1953, 1965, 1977, 1989, 2001, 2013) – финансиски напредок со мудри и стрпливи чекори.
Коњ (1954, 1966, 1978, 1990, 2002, 2014) – силни емоции и можност за љубов; шанса за дополнителни приходи.
Овца (1955, 1967, 1979, 1991, 2003, 2015) – признание и професионален успех; засилен социјален живот.
Мајмун (1956, 1968, 1980, 1992, 2004, 2016) – време за акција и храброст; нови контакти носат финансиски потенцијал.
Петел (1957, 1969, 1981, 1993, 2005, 2017) – фокус на здравјето и избегнување конфликти.
Куче (1958, 1970, 1982, 1994, 2006, 2018) – учење и личен развој; можни мали финансиски предизвици.
Свиња (1959, 1971, 1983, 1995, 2007, 2019) – љубовта во фокус, но и можност за подобрување на финансиите.
Месецот на Металниот Зајак носи мирен, но ветувачки ритам – успехот ќе дојде преку рамнотежа, трпение и внимателни одлуки.
Фото: Depositphotos
Забава
Морган Фримен за Трамп: Не разбирам како осуден криминалец може да биде претседател
Холивудскиот актер Морган Фримен остро го критикуваше американскиот претседател Доналд Трамп, изјавувајќи дека не може да разбере како „осуден криминалец“ може да ја води државата.
Во интервју за емисијата MS Now, Фримен рече: „Не можам да сфатам како осуден криминалец, со пресуда за 34 кривични дела, може да стане претседател. Како е тоа воопшто можно?“
Тој додаде дека му „нема смисла“ што на Трамп му е дозволено да ја извршува претседателската функција и покрај пресудата.
Фримен и претходно бил критичен кон Трамп, а пред изборите во 2024 година морало да бидат демантирани лажни информации дека актерот ја поддржал неговата кампања.
Во меѓувреме, Трамп влезе во јавна расправија и со актерот Роберт Де Ниро, кој го обвини дека ја уништува земјата, на што Трамп возврати со навреди на својата социјална мрежа.
Фото: Depositphotos

