Вести
Медиуми: Германското разузнавање помогнало да му се влезе во трагата на бин Ладен

Германските тајни служби ѝ помогнале на американската Централна разузнавачка агенција CIA да му влеза во трагата на Осама бин Ладен во Пакистан, каде на 2-ри мај 2011 година американските маринци го убија основачот и идеолог на глобалната терористичка организација Ал Каеда, пишува во неделата германскиот весник Bild am Sonntag.
Германската служба за надворешно разузнавање BND ја известила американска CIA дека Осама бин Ладен се крие во Пакистан, што во тој период го знаело и пакистанското разузнавање, пишува Bild am Sonntag во написот кој во Германија се толкува како обид да се покрие скандалот со германското шпионирање на европските сојузници, во прв ред Франција и Австрија, како и функционери и институции на Европската унија во полза на американското разузнавање.
Пакистанските власти претходно ги демантираа тврдењата според кои знаеле дека бин Ладен живее со своето семејство на нивната територија. Официјален Исламабад и дека бил однапред известен за операцијата на американските специјалци во Аботабад, 60-ина километри од пакистанската престолнина, во којашто беше убиен челникот на Ал Каеда.
Вашингтон неодамна ги негираше информациите на истражувачкиот новинар Сејмур Херш според кои американската администрација соработувала со пакистанските тајни служби, за акцијата за апсење или ликвидација на Осама бин Ладен биде што поуспешна.
Bild am Sonntag пишува и дека BND ја користел станицата за прислушување во Бад Ајблинг во Баварија, за да ги следи телефонските комуникации и електронската пошта во северен Пакистан. Тоа било потребно, пишува весникот, за да се гарантира дека акцијата на американските тајни служби ќе остане потполно тајна./крај/мф/сн
Извор: AFP
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.