Македонија
(Видео) Одговорно тврдам дека немам ниедна банкарска сметка во странство, рече Кирил Божиновски
Обвинетиот Кирил Божиновски пред тројцата судии на Апелациониот суд тврдеше дека немал намера да бега, туку да се грижи за своето семејство и за сопругата која е со нарушено здравје.
„Одговорно тврдам дека немам ниедна банкарска сметка во странство, туку само една сметка во Македонија“, рече поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски. Тој посочи дека го осудил бегството на Груевски и оти немал средба со претседателот Ѓорге Иванов.
Адвокатката на Божиновски, Сања Алексиќ, посочи дека решението за притвор за Кирил Божиновски е исто како и решението за ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. Таа рече дека сопругата на Кирил е со нарушена здравствена состојба и дека обвинетиот има две деца за кои треба да се грижи.
Адвокатот Еленко Миланов рече дека станува збор за „копи-пејст“ решенија, каде што само се променети податоците со обвинетиот Миле Јанакиески. Тој додаде дека редовно неговиот клиент се јавувал во судот.
„Божиновски не беше ниту во кафеана ниту со родителите, туку беше дома со своите деца. Ова ли е постапување на лице што сака да бега?“, рече адвокатот Миланов.
Обвинителката Лиле Стефанова рече дека останува на ставот оти притворот за обвинетиот Кирил Божиновски е оправдан и решението на кривичниот совет е законско.
Божиновски, освен за обвинението за „Титаник“, е осомничен и во истрагата за „Талир“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

