Спорт
Вијали ја откри борбата со ракот!
Поранешната ѕвезда на Јувентус и на Челси, Џанлука Вијали откри дека имал „тешка“ борба со ракот, но за среќа потврди дека е во процес на опоравување.
54-годишниот Вијали покрај тоа што играше за Челси од 1996 до 1999 година, беше и менаџер на клубот о…

Поранешната ѕвезда на Јувентус и Челси, Џанлука Вијали, откри дека имал тешка борба со ракот, но, за среќа, потврди дека е во процес на закрепнување.
54-годишниот Вијали, покрај тоа што играше за Челси од 1996 до 1999 година, беше и менаџер на клубот од 1998 до 2000 освојувајќи ги ФА-купот и два европски трофеја, но од 2002 е надвор од менаџерската позиција бидејќи беше отпуштен од Ватфорд.
По ова, тој работеше како ТВ-коментатор и во интервју за „Кориере дела сера“ призна дека во времето на паузата од фудбалот се борел со ракот.

„Па, можев и без тоа, но не беше возможно. Тогаш го сметав тоа само како фаза во мојот живот што морам да ја поминам со храброст и од која морам да научам нешто. Беше тешко да им се каже на другите, на моето семејство. Никогаш не сакаш да ги повредиш оние што сакаш – моите родители, мојата сестра и браќата, мојата сопруга Катрин, моите девојчиња Оливија и Софија. Добиваш и некое чувство на срам, како тоа што се случило да е твоја грешка. Затоа одев со блуза под кошулата за сите да го забележат Вијали што го знаеја“, објаснува Вијали.
Италијанецот вели дека сега е во процес на враќање во форма, иако признава дека стравува од повторување на болеста.
„Помина цела година и сега сум во одлична физичка состојба. Но, уште не знам кога мечот ќе заврши. Се надевам дека мојата приказна ќе ги инспирира луѓето во клучните моменти во нивниот живот“, додава Вијали.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Робертсон во солзи: Цел ден мислев на Диого Жота, знам дека ме гледа и се смее што го остварив сонот
Фудбалската репрезентација на Шкотска, во фантастичен меч ја победи Данска со 4:2 и се пласира на Светското првенство. Шкотите славеа во Глазгов со спектакуларните голови на Тирни и Меклин во 93-та и 97-та минута од натпреварот.
Со солзи во очите, капитенот на Шкотска, Енди Робертсон, го прослави пласманот на Мундијалот. Пред новинарите се сети на својот голем пријател, Диого Жота.
„Тој беше мојот најдобар пријател во животот. Лик што го сакав и ми недостига секој момент од мојот живот. Беше толку нормален, толку реалистичен, полн со љубов и топлина. Секогаш се шегувавме дека е добродушен како Ирец или Шкотланѓанец Го викав Диого МекЖота“, рече Робертосон и продолжи со солзи во очите.
„Не можев да го извадам Диого од глава. Цел натпревар, цел ден… само тој. Постојано размислував за нашите разговори за Светското првенство. Ова можеби беше мојата последна шанса да одам на Светско првенство. И знам дека некаде во моментов ме гледа и се смее затоа што го остварив најголемиот неостварен сон во мојот живот. Сакав да бидам силен пред момците, но внатре… се распаѓав. Многу ми е драго што заврши вака.“
„Едвај чекам да се вратам во Ливерпул и да испијам чаша вино со татко ми, мислам дека конечно ќе биде среќен за нешто што сум го направил во мојот живот“, заврши капитенот на Шкотска.
Foto/ EPA
Спорт
Како функционира интерконтиненталниот бараж за Светското првенство?
Шест слободни места останаа за Светското првенство во САД, Мексико и Канада. За едно од нив ќе се бори и Македонија. Нашата селекција е една од 16-те европски селекции кои ќе играат бараж во март наредната година, а само четири од нив ќе се пласираат на Мундијалот.
Последните две селекции, учеснчки на СП ќе бидат познати по одигрувањето на интерконтиненталниот бараж. Турнирот ќе се игра во Мексико, а таму ќе бидат Боливија (зона Јужна Америка), Нова Каледонија (зона Океанија), Ирак (Азија), Јамајка и Суринам (Северна и Централна Америка) и ДР Конго (зона Африка).
Каков е системот на интерконтинеталниот бараж? Од шесте репрезентации, двете најдобро рангирани според листата на ФИФА, Конго и Ирак, се директно во финалето, а преостанатите четири репрезентации ќе играат за уште две места, во полуфиналето на интерконтиненталниот плејоф.
Според сè уште неофицијални информации, сите тие натпревари треба да се играат на тлото на Северна Америка, најверојатно на два стадиони во Мексико, во март 2026 година.
Интересно е што неколку месеци пред тие дуели ќе се одржи ждрепката за Светското првенство, поточно на 5 декември во Вашингтон. Тогаш сè уште нема да бидат познати последните шест учесници на Светското првенство, два преку интерконтиненталниот бараж и четири преку европскиот.
Затоа, ФИФА ќе ги класифицира сите тие шест репрезентации во најлошиот, четврти шешир, без оглед на нивното место на ранг-листата.

Спорт
Леброн се врати, Дончиќ доминираше против Јута – Детроит Пистонс вака не играле 18 години
Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс ја забележаа 11-та победа во 15-от натпревар од почетокот на сезоната. „Езерџиите“ на домашен терен ги победија Јута Џез со 140:126.
Доминираше Лука Дончиќ со 37 поени, пет скока и десет асистенции, по него следуваа Остин Ривс со 26 и Диандре Ајтон со 20 поени и 14 скока. Кај гостите се истакнаа Кејонте Џорџ со 33 и Лаури Марканен со 31 поен.
На овој натпревар, Леброн Џејмс, кој е во својата 23-та сезона во НБА, го одигра својот прв натпревар.
Еден од најдобрите кошаркари во светот забележа дабл-дабл учинок со 11 поени и 12 асистенции во своето деби.
Леброн така стигна до неверојатната бројка од рекордни 1.293 натпревари во кои имаше двоцифрен број поени.
Џејмс не успеа да постигне поен во првите 11 минути на теренот, но потоа погоди две тројки по ред, што беше доволно да го престигне Реџи Милер како шести најдобар тројкаш во историјата на лигата.
Изминатата ноќ, нова победа забележаа Детроит Пистонс. Лидерот на Истокот, ја забележа 13-та победа во сезоната, а триумфот во Атланта (120:112) беше нивни 11-ти по ред.
Кејд Канингем, кој се врати од повреда, постигна 25 поени со десет асистенции.
Џејлен Дурен, кој игра одлично оваа сезона, го заврши натпреварот со 24 поени, Данкан Робинсон постигна 14 поени.
Кај Атланта, Џејлен Џонсон имаше 25 поени, Хокс беа сериозно ослабени, бидејќи на теренот го немаше Закари Ризаше заедно со Треј Јанг и Кристапс Порзингис.
Резултати:
Орландо – Голден стејт 121:113
/Бејн 23 – Кари 34/
Бруклин – Бостон 99:113
/Портер 25 – Браун 29/
Сан Антонио – Мемфис 111:101
/Фокс 26 – Кауард 19/
Портланд – Феникс 110:127
/Шарп 29 – Букер 19/

