Спорт
Либертадорес на „зелена маса“ ќе го добие шампионот?
Најочекуваното финале во историјата на Копа Либертадорес, дуелот Ривер Плата-Бока Јуниорс, веројатно нема да биде решено на фудбалскиот терен, пренесува агенцијата АП.
Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ), денес…

Најочекуваното финале во историјата на Копа Либертадорес, дуелот Ривер Плата-Бока Јуниорс, веројатно нема да биде решено на фудбалскиот терен, пренесува агенцијата АП.
Дисциплинската комисија на Фудбалската федерација на Јужна Америка (КОНМЕБОЛ) денеска ќе донесе одлука дали ќе го дисквалификува Ривер Плејт, дали мечот ќе се игра без присуство на публика или, пак, ќе се игра на неутрален терен.
Навивачите на Ривер во саботата го нападнаа клупскиот автобус на Бока. Хулиганите го нападнале автобусот со камења, а потоа во него фрлиле солзавец. Седум фудбалери на Бока се повредени при нападот.
Во саботата мечот неколкупати беше одложуван, потоа КОНМЕБОЛ решија да се игра в недела, но откако е утврдено дека играчите на Бока не се подготвени да го одиграат мечот, истиот е одреден на неодредено време.
Инаку, историјата, при ваквите инциденти, не е на страната на Ривер Плата. За сличен инцидент во 2015 година, во осмина-финалето во Копа Либертадорес, КОНМЕБОЛ ја дисквалификува Бока.
Тогаш со спреј-солзавец на теренот на „Бонбиниера“ биле испрскани фудбалерите на Ривер.
„Која било друга казна од онаа што во минатото му е изречена на Бока јуниорс, ќе биде јасен и нефер потег“, се наведува во соопштението што клубот Бока јуниорс го упатил до КОНМЕБОЛ. Во писмото стои дека доколку Ривер не биде дисквалификуван, дека тогаш Бока правдата ќе ја бараат пред Судот за арбитража во спортот во Лозана.
Првиот човек на Ривер, Родолфо Д’Онофрио, рекол дека клубот не може да биде обвинет за кршење на јавната безбедност и го обвинил својот колега од Бока, Даниел Аџелико, дека го „крши дадениот збор“ дека Бока и покрај инцидентите ќе го одигра мечот.
Првиот финален меч одигран на стадионот на Бока заврши без победник, 2:2.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Реал скапо ќе го плати отказот на Алонсо
Чаби Алонсо (44) повеќе не е тренер на Реал Мадрид, потврди „Кралскиот клуб“ на својата официјална веб-страница. Чаби и Реал го раскинаа договорот по меѓусебна согласност само еден ден откако Мадрид загуби со 3:2 од Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп. Нов тренер ќе биде Алваро Арбелоа (42).
Отказот на Чаби Алонсо скапо ќе го чини Реал. Шпанскиот тренер и поранешен играч на Реал имаше плата помеѓу осум и девет милиони евра по сезона.
Шпанскиот весник „Ел Дебете“, пишува дека Реал ќе мора да му плати 15 милиони евра отштета на Чаби Алонсо.
За потсетување, минатото лето Реал му плати 15 милиони евра на Баер Леверкузен за Алонсо да се пресели во Мадрид.
Алонсо го водеше тимот во 34 натпревари, во сите натпреварувања, оствари 24 победи, четири нерешени резултати и шест порази.
Реал остана на второто место на табелата во шпанското првенство со 45 освоени бода по 19 кола, четири помалку од лидерот Барселона. Во Лигата на шампионите се седми со 12 бода по шест кола, а во Купот се во осминафиналето, каде што во среда ги чека Албасете.
Токму против Албасете на клубата ќе дебитира новиот тренер.
Спорт
Симеоне: Им се извинувам на г-дин Перез и г-дин Винисиус
Полуфиналето на шпанскиот Суперкуп во кое Реал го победи Атлетико Мадрид (2:1) беше засенето од инцидентот меѓу Диего Симеоне и Винисиус Жуниор.
Вербалниот конфликт меѓу Диего Симеоне и Винисиус продолжи и по натпреварот, а медиумите шпекулираа дека Симеоне му рекол на играчот на Реал дека „Перез ќе го продаде“.
Тоа беше само најважниот момент, бидејќи Симеоне му дофрлал на Винисиус за време на натпреварот во обид да го испровоцира.
Бразилецот не му остана должен, реагираше бурно за време на натпреварот, но и по него, а Чаби Алонсо го пцуеше својот колега од клупата на Атлетико.
По натпреварот, тој рече дека никогаш нема да си дозволи да се однесува така кон играч на противничкиот тим.
Во понеделник пристигна извинувањето на долгогодишниот тренер на Атлетико.
„Сакам да им се извинам на г-дин Флорентино Перез и г-дин Винисиус за сè што можевте да видите на натпреварот од Суперкупот. Очигледно е дека она што го направив беше погрешно. Едноставно згрешив“, рече Симеоне.
Спорт
Реал го отпушти Чаби Алонсо, нов тренер е Алваро Арбелоа
Фудбалскиот клуб Реал Мадрид донесе одлука да го отпушти тренерот Чаби Алонсо.
По поразот во финалето на шпанскиот Суперкуп против Барселона (3:2), раководството на „кралскиот клуб“ одлучи дека е време да се раздели со стручњакот кој ова лето пристигна во клубот од Баер Леверкузен.
Во официјалното соопштение, кое беше издадено по овој повод, не ги наведоа причините за таквата одлука, иако е јасно дека одреден период никој не е задоволен од резултатите што ги постигнува Реал, а дека самиот Алонсо имал проблем со одредени играчи – пред сè со Винисиус.
„Чаби Алонсо секогаш ќе ја има наклонетоста и восхитот на сите навивачи на Реал Мадрид бидејќи е легенда на Реал Мадрид и отсекогаш ги претставувал вредностите на нашиот клуб. Реал Мадрид секогаш ќе биде негов дом. Нашиот клуб сака да им се заблагодари на Чаби Алонсо и на целиот негов технички тим за нивната работа и посветеност во овој период и им посакува многу среќа во оваа нова фаза од нивниот живот“, се вели во соопштението.
Алонсо, на клупата ќе го замени ист така поранешен играч на клубот, Алваро Арбелоа. Интересно, Арбелоа досега никогаш не водел самостојно сениорска екипа.
Досега, тој работеше во помладите селекции на Реал само неколку месеци во Б-тимот на Реал, каде што го замени Раул Гонзалез во мај.
Играше за Реал од 18-годишна возраст, потоа го носеше дресот на Депортиво и Ливерпул, а од 2009 до 2016 година повторно беше на „Бернабеу“.
Ја заврши кариерата во Вест Хем, а одигра 56 натпревари за шпанската репрезентација и беше светски шампион во 2010 година и европски шампион во 2008 и 2012 година.
Алонсо во својата кариера го водеше Б-тимот на Реал Сосиедад и Баер Леверкузен, пред да се приклучи на Реал. Претходно, тој беше споменуван како кандидат за клупата на Ливерпул, каде што помина дел од својата кариера.

