Свет
ЕУ ќе разгледува построги санкции за Русија поради Украина

Европската унија следниот месец ќе ги разгледува дополнителни санкции против Русија поради последноти разгорување на конфликтот во Украина, изјави австрискиот министер за надворешни работи на Австрија, која го има ротирачкото претседателство на ЕУ.
„Во врска допонителните санкции, ќе покаже времето – имаме самит во декември. Се зависи од настаните и од дејствата на двете страни, но тие ќе треба да се разгледаат”, изјави Карин Кнејсл по разговорите со својот германски колега, Хајко Маас.
Кнејсл рече дека во моментот е зборот на Русија против оној на Украина за последните тензии во кои Киев прогласи воена состојба како одговор на одземањето три брода од страна на Москва. Затоа треба да се проучат фактите пред да се извлечат заклучоци.
Маас рече дека последната ескалација покажува оти анексијата на Крим е проблем и за безбедноста на сите во Европа. Тој го повтори повикот на Берлин Русија да ги ослободи запленетите бродови и морнари што е можно поскоро.
„Двете страни сега мора да ја одиграат својата улога за деаскалација”, додаде тој.
САД и ЕУ веќе воведоа санкции за Русија во врска со конфликтот во Украина. Западните сојузници на Украина ја обвинија Русија дека употребила сила без оправдување во поморската конфронтација, а Киев ги повика своите партнери да наметнат дополнителни санкции врз Москва.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Мал авион се урна врз колиба во Словенија, пилотот се уште не е пронајден

Мал авион утрово по полетувањето од Загреб удрил во колиба лоцирана во областа Велика Планина во Словенија.
Авионот Mooney Ovation M20R изгубил контакт со контролата на летот околу 9:30 часот, по што почнал да се спушта во спирала од височина од 2.500 метри.
Околу 12:30 часот спасувачите пронашле делови од леталото кое удрило во кабина сопственост на Машинскиот факултет во Љубљана. Доцна попладнето пожарникарите соопштија дека целото летало се наоѓало во кабината, што полицијата се уште не го потврдува. Потрагата се уште трае, а пилотот се уште не е пронајден.
Пожарникарите од Противпожарната служба Камнишка Бистрица на Фејсбук објавија дека леталото ја „преполовило кабината“, а еден од нивните тимови ги пронашол крилото и тркалото на авионот во кабината. Откако ја прегледале околината, не нашле остатоци, па потрагата повторно ја насочиле кон кабината.
„Откривме и топол предмет со термална камера за кој претпоставувавме дека е моторот на авионот. Откако полицијата ја презеде координацијата на настанот, бидејќи нашата помош повеќе не беше потребна, пожарникарите на Противпожарната единица Камнишка Бистрица се вратија во седиштето, а потоа по договор со раководителот на интервенција го напуштивме местото за интервенција“, напишаа на Фејсбук.
Свет
Евакуирани 900 лица по ерупцијата на вулканот Фуего во Гватемала

Речиси илјада луѓе се евакуирани денеска во Гватемала откако вулканот Фуего повторно еруптираше, соопштија органите за цивилна заштита.
Лоциран на околу 35 километри југозападно од главниот град на Гватемала, вулкан се активираше, исфрлајќи лава, пепел и карпеста маса.
„Како мерка на претпазливост, започна евакуацијата на околу 125 семејства или околу 900 лица“, соопшти националната служба за управување со катастрофи.
Општинската зграда во градот Алотенанго ќе служи како привремено засолниште за евакуираните.
Властите прогласија состојба на готовност за да одржуваат „постојан контакт со градоначалниците и гувернерите“ на областите во близина на вулканот и „координираат превентивни акции“ во случај на ерупција, соопшти службата.
Владата, исто така, ја прекина наставата во училиштата во областа околу вулканот и го затвори патот што го поврзува југот на земјата со поранешната колонијална престолнина Антигва – главната туристичка дестинација на Гватемала и дел од светското наследство на УНЕСКО од 1979 година.
Свет
Рубио оптимист за претстојните разговори со украинските власти

Американскиот државен секретар Марко Рубио изрази денеска оптимизам за претстојната средба на американските и украинските претставници во Саудиска Арабија и додаде дека треба да се разработат повеќе детали од договорот за ретки метали меѓу Вашингтон и Киев.
Тој рече дека Вашингтон треба да ја разбере позицијата на Киев и да има општа идеја за тоа какви отстапки може да направи, објави Ројтерс.
Рубио моментално е на пат кон саудискиот град Џеда заедно со советникот за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Мајк Волц.