Македонија
Заев: Вознемирувањето и насилството врз жените не е одлика на машкост
Вознемирувањето или насилството во која било форма врз жените и девојките не е привлечно, не е машко, ниту машкост и не е прифатливо, изјави премиерот Зоран Заев на регионалниот форум за имплементација на Истанбулската конвенција.
Заев истакна дека насоките што произлегуваат од Истанбулската конвенција ќе помогнат во промената на менталитетот, како неопходна фаза за ефикасна и трајна борба против насилството врз жените.
„Мојот личен стремеж е нула толеранција и тоа го очекувам од секој мој соработник и од целиот систем на институциите. Како клучна ја сметам и соработката со граѓанското општество и поддршката на силните женски организации за подобри закони и политики во врска со родовото насилство. Исто толку силен ентузијазам и енергија сакам да му посветам и на машкиот свет, но појдовната црвена линија за овие прашања е консензуалното прифаќање дека вознемирувањето или насилството во која било форма врз жените и девојките не е привлечно, не е машко, ниту машкост и не е прифатливо“, порача премиерот Заев.

За потребата од сеопфатен и структуриран пристап и превенција, не само на залечување на последицит, туку и во пронаоѓањето најдобри решенија за елиминирање на родовото насилство, говореше и министерката за труд и социјална политика, Мила Царoвска, која подвлече дека Владата работи во текот на целата година на ова прашање и презема конкретни чекори за превенција и заштита на жените кои преживеале насилство.
„Државата има должност да обезбеди услови за живот безбеден од насилство за секој поединец. Но, за да постигнеме реален успех во оваа борба сите ние мораме да продолжиме да работиме и заедно да испратиме јасна порака дека никој не смее да молчи. Владата го усвои Акцискиот план за спроведување на Истанбулската конвенција во Република Македонија за периодот 2018-2020 година. Веќе е формирана работна група која треба да подготви предлог-закон за родово засновано насилство, а заедно со Министерството за правда ќе работиме на измени во Кривичниот закон. Се унифицира и системот за постапување. Изготвени и усвоени се стандарди и процедури за семејно насилство во соработка со граѓанскиот сектор“, истакна министерката за труд и социјална политика, Мила Царoвска.

Владата на Република Македонија, Регионалната канцеларија на Обединети нации за родова еднаквост и зајакнување на жените (UN Women), Европската Унија и Советот на Европа, во партнерство со Европското женско лоби денеска официјално го отворија дводневниот Регионален форум „Промовирање на имплементацијата на Истанбулската конвенција во земјите на Западен Балкан и во Турција – Интегрирани политики, инклузивни партнерства“, кој ќе го разгледа напредокот во имплементацијата на Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство, позната како Истанбулска конвенција. Регионалниот форум ќе продолжи со работа и наредните два дена.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Гази Баба и Ѓорче Петров
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08.00 до 14.30 часот, корисниците на обејкт на Меркур Македонија. (општина Гази Баба)
· во периодот од 09.00 до 14.30 часот, корисниците на дел од улицата Радушка (општина Ѓорче Петров)
Македонија
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно, претпладне со повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер претежно од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на стабилна воздушна маса следува период на суво и стабилно време. Утринската температура ќе се спушти под нулата, а во одредени котлини ќе има услови за појава на магла.
Македонија
Центар наскоро ќе стане првата општина во земјава со систем за мерење на бучава, рече Герасимовски
Општина Центар наскоро ќе стане првата општина во земјава со систем за мерење на бучава во реално време, најави градоначалникот Горан Герасимовски. Според него, јавната набавка е завршена, а веднаш по изборите ќе бидат поставени 30 мерни единици на различни локации.
„Заврши јавната набавка, чекаме да поминат изборите за да ги поставиме мерните единици – првично 30. Преку мобилна апликација, секој граѓанин ќе може да провери каква е фреквенцијата на бучава на одредена локација“, изјави Герасимовски.
Системот, како што објасни, ќе им овозможи на граѓаните докази при пријавување во Министерството за внатрешни работи или до општинските инспекциски служби. Целта е брза и ефикасна реакција на прекршителите, особено во зони каде што постојат проблеми со прекумерна бучава од угостителски објекти и сообраќај.
Во вториот дел од изјавата, Герасимовски зборуваше за следниот голем проект на општината – постепено затворање на Дебар Маало за моторен сообраќај, со што ќе се намали хаосот со паркирањето и ќе се создаде подобар квалитет на живот за жителите.
„Имаме ревидиран проект за затворање на Дебар Маало. Тој е доставен до Министерството за внатрешни работи и веќе имавме два состанока со МВР за да го подобриме и да добиеме одобрување. Така и беше договорено на последниот состанок“, рече Герасимовски.
Планот е Дебар Маало да се затвора дел по дел, почнувајќи веднаш по завршувањето на изборниот процес, а првата рампа веќе е поставена.
„Веќе поставивме рампа на почетокот на Боемска улица. Разговараме за начинот на кој таа зона ќе функционира, и тоа ќе биде пример за затворање и на други населби каде што сообраќајот и паркирањето се хаотични“, додаде градоначалникот.

