Спорт
Големиот Хицфилд со поддршка за Ковач: Нико ќе победи, само Баерн да му даде време!
Големиот фудбалски тренер кој беше првак на Европа со екипите на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, Швајцарецот Отмар Хицфилд му даде поддрша на тренерот на Баварците, Нико Ковач.
Хицфилд самиот вели дека го напуштил кормилото на Баерн поради „голема де…

Големиот фудбалски тренер, кој беше првак на Европа со екипите на Баерн Минхен и Борусија Дортмунд, Швајцарецот Отмар Хицфилд, му даде поддрша на тренерот на Баварците, Нико Ковач.
Хицфилд самиот вели дека го напуштил кормилото на Баерн поради голема депресија и согорување притисок во клубот, но смета дека Нико Ковач, чија фотелја се ниша по серијата слаби резултати на клубот, ќе излезе како победник во целата ситуација.
„Нико ќе победи, чувствувам дека ќе ја совлада оваа тешка ситуација затоа што го познавам и како играч и како тренер. Се сеќавам кога ја презема репрезентацијата на Хрватска во многу тешка ситуација, со пласман на СП ставен под прашање. Тогаш успеа со пресврт да ја среди ситуацијата иако ништо не му одеше во корист. Направи добра работа и докажа дека знае да работи со ѕвезди. Се надевам дека Баерн ќе му даде време“, вели Хицфилд.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Шпанците се кралеви во квалификациите за светските првенства
Шпанија триумфално заврши уште еден квалификациски циклус за пласман на Светското првенство.
Актуелните европски шампиони, рутински ја поминаа групата каде што беа и Турција, Грузија и Бугарија, примија само два гола и постигнаа најмалку еден гол на секој натпревар, вкупно 21 постигнати.
Она што вреди да се напомене е дека тие продолжија да рушат рекорди во квалификациите за Светското првенство.
Еве ги рекордите:
Тие се во серија од 49 натпревари во кои постигнале барем еден гол во квалификациите, што е светски рекорд.
Тие го израмнија европскиот рекорд по бројот на натпревари во кои не се поразени (25 победи и 6 нерешени), сега се на котата 31 заедно со Италијанците (серија од 2018 до 2021 година). Светскиот рекорд го држи Бразил со 33 последователни натпревари.
Шпанија е единствената репрезентација која никогаш не изгубила натпревар дома во квалификациите за Светското првенство, тие имаат 54 победи и 10 нерешени.
Foto/ EPA
Спорт
Македонија го задржа 65-то место во светот
Фудбалската репрезентација на Македонија остана на 65-то место на ФИФА листата. Најновата листа, ФИФА, ја објави дена по завршувањето на квалификациите за пласман на Светското првенство.
Во ноември Македонија одигра два натпревари, одигра 0:0 во контролен натпревар со Летонија и доживеа дебакл во Велс (7:1), во последното квалификациско коло за пласман на Мундијалот.
Шпанија е сè уште лидер, Аргентина е втора, Франција е трета, следуваат Англија, Бразил (за две места погоре), Португалија, Холандија, Белгија, Германија и Хрватска, која е десетта во светот.
Најдобариот пласман во историјата го бележи репрезентацијата на Косово – на најновата листа, таа е на 80-то место.
Во споредба со претходниот пласман, најголем скок забележаа репрезентациите на Малта, Узбекистан и Филипините, за дури пет места, додека селекцијата на БиХ, по одличните резултати во квалификациите, напредуваше за четири места и сега е на 71-то место.
Foto/ EPA
Спорт
Чешкиот сојуз ги казни фудбалерите, а на Соучек му ја одзеде капитенската лента
Извршниот комитет на Фудбалскиот сојуз на Чешка (ФAЧР) објави дека репрезентативците нема да добијат бонус за победата против Гибралтар поради нивното однесување кон домашните навивачи по завршувањето на последниот натпревар од квалификациите за Светското првенство 2026 година. Исто така Извршниот комитет донесе одлука да му ја одземе капитенската лента на Томаш Соучек.
Пред два дена, фудбалерите на Чешка го победија Гибралтар со 6:0 во Оломоуц во последното коло од квалификациите за Групата Л за Светското првенство.
Чешка го освои второто место во групата со 16 бода и ќе игра во баражот за пласман на СП 2026 година.
Локалните медиуми објавија дека чешките фудбалери одбиле да одржат традиционален говор на благодарност до домашните навивачи по натпреварот против Гибралтар.
Навивачите на домашната репрезентација не беа задоволни од игрите на репрезентацијата во квалификациите за Светското првенство.
„За жал, ставот на играчите целосно ги засени перформансите на теренот и фактот дека репрезентацијата се квалификуваше за баражот за Светското првенство во 2026 година.
Ниту еден од играчите не е над земјата, која имаат чест да ја претставуваат, а ниту еден од играчите не е над навивачите, кои ги издвојуваат своите ресурси, време и енергија за да ја поддржат чешката репрезентација“, се вели во соопштението на ФАЧР.
Навивачите имаат право да го изразат своето несогласување со незадоволителните настапи на репрезентацијата во последните натпревари, се додава во соопштението на ФАЧР.
„Реакцијата на играчите требаше да биде спротивна. Требаше да им се заблагодарат на навивачите. Не само за нивната поддршка на натпреварот со Гибралтар, туку и за нивната поддршка во текот на целиот квалификациски циклус за СП 2026. ФАЧР одлучи дека Томаш Соучек нема да биде капитен на следниот натпревар, а на играчите нема да им се исплаќаат бонуси за победата против Гибралтар. Овие средства ќе бидат донирани на оние на кои им е потребна помош. Им се заблагодаруваме на сите навивачи кои ја поддржуваат репрезентацијата“, се заклучува во соопштението на ФАЧР.

