Спорт
Чудо е што преживеал, фудбалер имал 300 отчукувања на срцето во минута (видео)
Англискиот фудбалер Леон Барнет е принуден да ја прекине фудбалската кариера на само 32 години откако за чудо, останал жив на мечот на својот Нортемптон против Бери во Англија, на 2. минатиот месец.
Му биле откриени проблеми со срцето и било востанове…
Англискиот фудбалер Леон Барнет е принуден да ја прекине фудбалската кариера на 32 години кога за чудо останал жив на мечот на својот Нортемптон против Бери во Англија на 2 минатиот месец.
Му биле откриени проблеми со срцето и било утврдено дека имал 300 отчукувања на срцето во минута, што е неверојатно.
„Лекарите ми рекоа дека некој што се занимава со обична работа, по вакво нешто, веднаш би колабирал. Останав во шок по она што го чув, но можеше да биде и полошо“, вели несреќниот фудбалер.
Кај здрави луѓе отчукувањата на срцето изнесуваат меѓу 60 и 80 во минута, а кај спортистите бројот е помал, помеѓу 40 и 60. Кај Барнет, кој е ексиграч на Вест Бромвич, Норвич и на Виган, сè е нарушено.
„Ми рекоа дека сум имал среќа што сум останал на нозе, ме спасило тоа што сум фит поради фудбалот“, вели Барнет.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Mozzart продолжува да ги опремува институциите: донација за ЈЗУ „Св. Еразмо“ – Охрид
Лидерот во приредување игри на среќа ја продолжува големата акција на опремување на институциите во Македонија со најсовремена техничка опрема.
Овојпат, на барање на ЈЗУ Св.Еразмо Охрид, компанијата донираше телевизори кои ќе бидат поставени во болничките соби.
„Голема благодарност до компанијата Mozzart што ни излезе во пресрет и за краток временски период го одобрија и реализираа нашето барање. Се надеваме дека соработката ќе продолжи и натаму со поголеми проекти”, изјави Др. Харалампие Шокароски, Директор на ЈЗУ Св.Еразмо Охрид.
Акцијата за донирање техничка опрема трае веќе неколку години. Долг е списокот на институции кои до сега беа дел од истата. Mozzart и натаму продолжува да подава рака секаде каде тоа е потребно.
„Како и за секоја друга донација, така и овојпат среќни сме што можевме да помогнеме. Нашата компанија и натаму останува лидер кога станува збор за општествената одговорност. Со исто темпо продолжуваме и понатака”, изјави Ивана Стефановска Крстевска од Mozzart.
ПР текст
Спорт
(Видео) Халанд потпиша рекорден договор, па со видеопорака покажа колку е големо неговото его
Ерлинг Халанд го продолжи договорот со Манчестер сити. Норвежанецот го продол7и договорот до 2034 година, што е реткост во професионалниот спорт, особено во фудбалот.
Норвешкиот голгетер, еден од најдобрите во светот, и англискиот шампион потпишаа договор кој англиските медиуми го нарекуваат еден од најбогатите во историјата на спортот. Клубот објави видео со кое го потврди договорот, а тоа го направи и самиот Халанд.
Видеото објавено од Халанд трае нешто повеќе од 30 секунди. Откако камерата полека се движи кон него, кој полугол медитира во снегот, Халанд ги отвора очите и вели: „Тука сум да останам“.
И видеото кое го објави клубот завршува со истата порака.
🧘🏼♂️👀 pic.twitter.com/IlL3uUhjkT
— Erling Haaland (@ErlingHaaland) January 17, 2025
Во оригиналното видео од 70 секунди, Халанд го потврдува својот престој со писмо. „Почитувани дефанзивци“, ја започнува неговата порака напишана со пенкало, во која размислува за односот со нив.
„Како и во секоја врска, имавме подеми и падови“, вели Халанд, објаснувајќи дека сето тоа е нормално. „Да, водевме битки, а вие ме натеравте да бидам бидам во својата најдобра верзија“, продолжува да „пишува“, а потоа заклучува:
„Имаше многу гласини во последно време. Го разбирам тоа. Можеби не сакате понекогаш да бидам во близина, но мислам дека сме си потребни. Со други зборови, правите да бидам комплетен фудбалер. Сè што имам да кажам е: Жал ми е. Јас сум тука да останам.”
Dear defenders 🖋️ pic.twitter.com/bra8MZEhq6
— Manchester City (@ManCity) January 17, 2025
Спорт
Ѓоковиќ убедлив против Махач, победата ѝ ја посвети на повредената студентка во Белград
Новак Ѓоковиќ рутински го совлада Томаш Махач во третото коло на Австралија Опен. Мечот кој Ѓоковиќ го доби со 3:0 (6:1, 6:4, 6:4), траеше два часа и 22 минути.
Српскиот тенисер го контролираше дуелот од првиот до последниот поен, во ниту еден момент не му дозволи на махач да ја развие својата игра. Србинот Изгледаше многу постабилно и поконстантно отколку во првите две кола. На крајот призна дека ова е неговиот најдобар меч во досегашниот тек од турнирот.
Експресно го доби првиот сет, мали проблеми имаше на стартот на вториот, кога Махач направи брејк, но Ѓоковиќ возврати веќе во следниот гем, потоа уште еднаш му го одзеде сервисот на противникот. Во третиот сет доволен му беше брејк на стартот.
Во следното коло ривал на Ѓоковиќ ќе биде уште еден чешки тенисер Јиржи Лехечка.
Инаку, Ѓоковиќ по мечот на камерата нашиша: „За Соња“.
10.кратниот шампион во Мелбурн испрати поддршка од далечниот Мелбурн за тешко повредената студентка Соња Поњавиќ, која се наоѓа во болница откако вчера беше прегазена на тротоар во Белград при студентските протести.