Македонија
Собранието упати честитка по повод Денот на албанското знаме и независноста на Република Албанија
Пратениците, како и претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, преку соопштение упатија честитка по повод 28 Ноември, Денот на албанското знаме, и во исто време Денот на независноста на Република Албанија.
„Овој значаен празник е длабоко втиснат во колективната национална историска меморија и во срцата на сите припадници на албанскиот народ, а Албанците како значаен и интегрален дел на Република Македонија се обединувачко ткиво и вреден контрибутор во напредокот и развојот на државата и регионот. Денес, кога се одбележува 106-годишнината од кога истакнатиот дипломат Исмаил Ќемали, заедно со делегати од различни албански градови го истакна националното знаме во Валона, Албанците, каде и да се наоѓаат, го празнуваат овој симбол на албанската национална културна ренесанса“, се наведува во честитката од Собранието.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Силјановска има повеќе од двојна предност пред Пендаровски, покажуваат првичните резултати на ДИК
Кандидатката за претседателка, Гордана Силјановска-Давкова од ВМРО-ДПМНЕ има повеќе од двојно водство пред Стево Пендаровски од СДСМ, покажуваат првичните резултати на ДИК.
Од обработените податоци, Силјановска има 148.568 гласа, односно 62,74 отсто, наспроти нејзиниот опонент со 71.906 гласа, односно 30,37 отсто.
ДИК претходно објави дека постигнат е цензусот за претседателските избори.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ има убедлива предност пред СДСМ, покажуваат првичните бројки од партискиот штаб
Од обработени 9,61% од гласовите ВМРО-ДПМНЕ има освоено 20.713 а СДСМ 5.857 глас, покажуваат првичните резултати од аналитичкиот центар на ВМРО-ДПМНЕ.
Така, од партијата анализираат дека ВМРО-ДПМНЕ има убедливо водство пред СДСМ и другите партии на парламентарните избори.
Бројките на партијата досега се: ВМРО – ДПМНЕ – 20.713, СДСМ – 5.857, ДУИ – 7.552, ЛЕВИЦА – 1771, ЗНАМ – 1.552, ВЛЕН – 4.100, ГРОМ – 109.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски и носител на изборната единица број 2 во изјава за медиумите говорејќи за претседателските избори рече дека Гордана Силјановска Давкова има убедливо водство пред Стево Пендаровски.
Според партиските бројки, од избројани 12.54 осто од избирачките места, Сиљановска-Давкова има освоено 126.678 гласови, додека пак кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски има 51.965 гласови.
Македонија
Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник, кажа Меџити
Претседателот на Демократското движење и носител на листа на пратениците од коалицијата ВЛЕН во ИЕ 1, Изет Меџити на вечерашната прес-конференција кажа дека ВЛЕН е апсолутен победник во албанскиот кампус.
„Ви благодариме на трпението и отпорот на сите закани. Како што предупредувавме во текот на кампањата, денеска изборниот процес беше се, само не демократски. За жал државните институции кои имаат задача да го гарантираат процесот, денеска повторно се ставија во служба на ДУИ. Се е документирано и во текот на наредните денови ќе ги информираме претставниците на амбасадите, набљудувачките мисии за сите овие настани и другите релевантни инститиции во земјата и странство. За насилството врз гласачкото право ќе се одговоара“, кажа Меџити.
Тој се осврна и за бојкотот на изборите од страна на ДУИ.
„Денеска драги Албанци, партијата којашто владееше со институциите 22 години го покажа своето вистинско лице, маските на крај паднаа. Со бојкото ДУИ за жал се обиде да го врати политичкото организирање на Албанците во Македонија на предполитичко ниво. Партијата која излезе под името Европски фронт го бојкотираше изборниот процес, примитивен и недемократски чин, чин спротивен на секој европски и демократски принцип, чин кој создава горчлива слика за Албанците во светот“, рече Меџити.
Тој јавно го праша Бујар Османи како ќе го оправда бојкотот на изборите и примитивното однесување на денот на изборите утре пред меѓународните партнери.
„Од утре Македонија се подготвува за политичка ротација. Новата влада ќе ја одразува мнозинството на албански гласачи. Со денешниот ден Али Ахмети ја запечати својата конечна изолација од сите релевантни општествени и политички чинители и фактори во државата и меѓународните фактори. Али Ахмети од денеска е најголемиот политички губитник. Заедно со Артан Груби и неговите пријатели кои во оваа кампања демонстрираа само ароганција и насилство, од денеска ќе заврши во политичка изолација од коалициските партнери од опозициските партии од странските амбасадори, од меѓународната заедница, од невладините организации“, кажа Меџити.