Македонија
(Видео) Богдановиќ за зградите кај „Холидеј ин“: Додека не ги исправиме глупостите од минатото, нема да се гради
Нема да се градат висококатниците спроти „Холидеј ин“ додека трае мораториумот за градба на територија на општина Центар, вели градоначалникот Саша Богдановиќ. Тој вети дека за понатамошните одлуки ќе бидат вклучени граѓаните. Лично тој смета дека таму не треба да има висококатници.
„До Општина Центар нема доставено проект ниту барање за градба ниту идеен проект, но знаете дека за 30 планови во Центар има моратоирум. Кој било што е опфатен да се поднесе барање, ќе биде одбиен додека не се ревидира планот. Таму уште претходно се зацртани стокатници, па 60-катници. Од тие причини донесовме мораториум. Ќе си има јавна анкета, без разлика кој е сопственик, државата или приватно лице“, рече Богдановиќ.
Да немало мораториум, додаде тој, планот за градба веќе ќе можел да се спроведува.
Богдановиќ уште еднаш повтори дека по ревидирањето на одлуката за мораториум, ќе се знае што точно ќе се случува со градбите на повеќе локации низ Центар и како пример ги посочи блок 9 на Водно и паркот на Франкофонијата каде во договор со граѓаните може да додје до измени од првичниот план за градба според постоечкиот ДУП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот дожд и снег
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта во северозападните делови ќе има повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -9 до -2, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до -6, а максималната ќе достигне до 4 степени.
Времето во наредните денови
Во сабота ќе има локални врнежи, на планините и на повисоките места од снег, а во пониските од дожд и снег. Врнежите ќе бидат пообилни во западните делови, а висината на снежната покривка дополнително ќе се зголеми.
Во недела и понеделник ќе дува умерен до засилен северен ветер (над 60 km/h) и ќе има повремени локални врнежи од снег. Температурата ќе биде во опаѓање, а наместа дневната ќе остане под нула степени. Од вторник следува период на стабилно и суво време.
Македонија
Делови од Центар и Зелениково денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект на затварач од ф – 100 мм на ул. 5 бр. 47 во село Моране, во периодот од 08.30 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од село Моране, општина Зелениково.
Од ЈП Водовод и Канализација исто така информираат дека поради уличен дефект на ул. Васил Ѓорѓов б.б – пред ОУ Киро Глигоров, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улиците Васил Ѓорѓов, Адам Мицкиевиќ, дел од корисниците од улиците Киро Глигоров и Козара, како и објектот на заводот за физикална медицина и рехабилитација, општина Центар.
Македонија
Дел од Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, корисниците од улицата Тодор Чангов – крак 48. (општина Аеродром)

