Спорт
Куп ѕвезди, а не освоиле ЛШ, за Буфон и Ибрахимовиќ сè уште постои надеж! (фото)
Тим од соништата, докажани фудбалери, а никој од нив не успеал да се радува на трофејот во престижната Лига на шампиони.
Сите единаесетмина оставија своја трага во елитното натпреварување, но пехарот со „големите уши“ остана недостижен.
Составот е след…
Тим од соништата, докажани фудбалери, а никој од нив не успеал да се радува на трофејот во престижната Лига на шампионите.
Сите единаесетмина оставија своја трага во елитното натпреварување, но пехарот со „големите уши“ остана недостижен.
Составот е следниот:
1 – Џанлуиџи Буфон на голот
2 – Фабио Канаваро – одбрана
3 – Лотар Матеус – одбрана
4 – Џанлука Ѕамброта – одбрана
5 – Лилијан Турам – одбрана
6 – Михаел Балак – среден ред
7 – Павел Недвед – среден ред
8 – Франческо Тоти – среден ред
9 – Луис Назарио де Лима Роналдо – напад
10 – Хернан Креспо – напад
11 – Златан Ибрахимовиќ – напад
Првиот и последниот на листата сè уште со шанси да го срушат проклетството и да се закитат со златниот медал на Лигата на шампионите.
Буфон моментно брани за тимот на ПСЖ и има шанса сезонава за успех во елитното натпреварување, а Ибрахимовиќ доаѓа во јануари во Милан, па доколку тимот од „Сан Сиро“ в година е дел од ЛШ, а голгетерот реши и таа сезона да ја одигра во градот на модата, можно е коцките да му се поклопат.
Другите деветмина веќе се во фудбалска пензија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ракометарите загубија од Холандија – Холанѓаните се пласираа во втората фаза
Фото/ facebook.com/rfmofficial
Македонските ракометари загубија од Холандија 32:37 (15:18), во второто коло на 29.Светско првенство во ракомет. Избраниците на Кирил Лазаров не успеаја да се атапдираат на брзата игра која ја форсираа Холанѓаните и на чудниот критериум на данските судии. Кога на ова ќе се додадат и 14 загубени топки, јасно е зошто Македонија го доживеа првиот пораз на Мундијалот.
По израмнетиот почеток на мечот Холанѓаните се одвоија на 2:4, Македонија експресно се врати и до 23.минута буквално се играше гол за гол.
Во завршните седум минути од полувремето, избраниците на Кире Лазаров зачестија со грешките во нападот, не можеа да одговорат на брзиот центар на Холанѓаните, кои со серија од пет гола ја стекна највиоката предност 13:17.
Вториот дел подобро го отворија холандските ракометари, Македонија првиот гол го постигна по четири минути игра, а Холандија во тие моменти јмаше предност од пет гола.
До крајот Македонија се обидувапе да ја стигне предноста на Холандија, но на успеа да спушти под два гола. Во последните 15 минути се „истакнаа“ данските судии, делеаа исклулувања и седмерци во корист на Холандија.
На крајот славеа 32:37 и изборија пласман во втората фаза.
Холанѓаните победија со само четири голмански интервенции, изведоа 13 седмерци. Македонија имаше седум исклучувања, црвени картони добија Павле Атанасијевиќ и Лазаревски.
Кузмановски со девет и Серафимов со шест гола беа најефикасни македонски ракометари.
На крајот, не се одржа традиционалната церемонија, кога се прогласува најдобриот играч на натпреварот. Македонските навивачи, фрлаа парички на теренот, гласно негодуваа: „ИХФ мафија“, а Холанѓаните избегаа во соблекувалната.
Спорт
Лајпциг го откупи Вермерен од Атлетико Мадрид
Бундеслигашот Лајпциг по само шест месеци реши да го откупи договорот на Артур Вермерен од Атлетико Мадрид.
Вермерен е еден од најтелентираните белгиски фудбалери и најмлад капитен во историјата на Антверпен.
19-годишникот, минатата година на 26 јануари од Антверпен се пресели во Атлетико за 18 милиони евра. Не доби многу можност да игра од тренерот Симеоне, настапи на само пет натпревари.
Во летниот преоден рок Атлетико реши да го испрати на шозајмица во Лајпциг. Во дресот на Лајпциг во првиот дел од сезоната одигра 14 натпревари. Тренерот Маро Росе е задоволен од изнадијата на малдиот Белгиец, поради што клубот реши да ја искористи можноста и да го откупи од Атлетико за 20 милиони евра.
Спорт
Одбраната не функционира, Македонија на полувреме губи од Холандија
Ракометната репрезентација на Македонија по првиот дел има негатива од три гола во дуелот со Холандија, во второто коло на Светското првенство.
По израмнетиот почеток на мечот Холанѓаните се одвоија на 2:4, Македонија експресно се врати и до 23.минута буквално се играше гол за гол.
Во завршните седум минути од полувремето, избраниците на Кире Лазаров зачестија со грешките во нападот, Холандија направи серија од пет гола и ја стекна највиоката предност 13:17.
Првиот дел заврши соводство на Хландија 15:19. Во првиот дел македонските ракометари направији девет грешки.
Кузмановски со четири, односно Пешевски и Серафимов со по три гола ја предводат Македонија. Голманот Митревски има шест одбрани. Второто полувреме Македонија ќе го игра без Павле Атанасијевиќ, кој доби црвен картон.