Спорт
Капитенски потег на Икарди, подарок часовници „ролекс“ за соиграчите (фото)
Аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди кој ја носи капитенската лента во милански Интер покажа капитенски потег кон своите соиграчи во клубот.
Поради тоа што ја доби наградата за најдобар стрелец во минатата сезона во Серија А, Икарди реши на сите соиграч…
Аргентинскиот фудбалер Мауро Икарди, кој ја носи капитенската лента во милански Интер, покажа капитенски потег кон своите соиграчи во клубот.
Поради тоа што ја доби наградата за најдобар стрелец во минатата сезона во Серија А, Икарди реши на сите соиграчи во тимот да им подари по еден часовник „ролекс“.
„Никогаш нема да го заборавам тоа што бев најдобар стрелец, но не сакам на тоа да се сеќавам како сон. Бидејќи, без овие луѓе, тоа не би било возможно“, напиша Икарди на „Инстаграм“.
Тој минатата сезона ја заврши со најмногу постигнати голови – 29. Оваа сезона Мауро Икарди на 13 натпревари постигна 7 погодоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ракометарите загубија од Холандија – Холанѓаните се пласираа во втората фаза
Фото/ facebook.com/rfmofficial
Македонските ракометари загубија од Холандија 32:37 (15:18), во второто коло на 29.Светско првенство во ракомет. Избраниците на Кирил Лазаров не успеаја да се атапдираат на брзата игра која ја форсираа Холанѓаните и на чудниот критериум на данските судии. Кога на ова ќе се додадат и 14 загубени топки, јасно е зошто Македонија го доживеа првиот пораз на Мундијалот.
По израмнетиот почеток на мечот Холанѓаните се одвоија на 2:4, Македонија експресно се врати и до 23.минута буквално се играше гол за гол.
Во завршните седум минути од полувремето, избраниците на Кире Лазаров зачестија со грешките во нападот, не можеа да одговорат на брзиот центар на Холанѓаните, кои со серија од пет гола ја стекна највиоката предност 13:17.
Вториот дел подобро го отворија холандските ракометари, Македонија првиот гол го постигна по четири минути игра, а Холандија во тие моменти јмаше предност од пет гола.
До крајот Македонија се обидувапе да ја стигне предноста на Холандија, но на успеа да спушти под два гола. Во последните 15 минути се „истакнаа“ данските судии, делеаа исклулувања и седмерци во корист на Холандија.
На крајот славеа 32:37 и изборија пласман во втората фаза.
Холанѓаните победија со само четири голмански интервенции, изведоа 13 седмерци. Македонија имаше седум исклучувања, црвени картони добија Павле Атанасијевиќ и Лазаревски.
Кузмановски со девет и Серафимов со шест гола беа најефикасни македонски ракометари.
На крајот, не се одржа традиционалната церемонија, кога се прогласува најдобриот играч на натпреварот. Македонските навивачи, фрлаа парички на теренот, гласно негодуваа: „ИХФ мафија“, а Холанѓаните избегаа во соблекувалната.
Спорт
Лајпциг го откупи Вермерен од Атлетико Мадрид
Бундеслигашот Лајпциг по само шест месеци реши да го откупи договорот на Артур Вермерен од Атлетико Мадрид.
Вермерен е еден од најтелентираните белгиски фудбалери и најмлад капитен во историјата на Антверпен.
19-годишникот, минатата година на 26 јануари од Антверпен се пресели во Атлетико за 18 милиони евра. Не доби многу можност да игра од тренерот Симеоне, настапи на само пет натпревари.
Во летниот преоден рок Атлетико реши да го испрати на шозајмица во Лајпциг. Во дресот на Лајпциг во првиот дел од сезоната одигра 14 натпревари. Тренерот Маро Росе е задоволен од изнадијата на малдиот Белгиец, поради што клубот реши да ја искористи можноста и да го откупи од Атлетико за 20 милиони евра.
Спорт
Одбраната не функционира, Македонија на полувреме губи од Холандија
Ракометната репрезентација на Македонија по првиот дел има негатива од три гола во дуелот со Холандија, во второто коло на Светското првенство.
По израмнетиот почеток на мечот Холанѓаните се одвоија на 2:4, Македонија експресно се врати и до 23.минута буквално се играше гол за гол.
Во завршните седум минути од полувремето, избраниците на Кире Лазаров зачестија со грешките во нападот, Холандија направи серија од пет гола и ја стекна највиоката предност 13:17.
Првиот дел заврши соводство на Хландија 15:19. Во првиот дел македонските ракометари направији девет грешки.
Кузмановски со четири, односно Пешевски и Серафимов со по три гола ја предводат Македонија. Голманот Митревски има шест одбрани. Второто полувреме Македонија ќе го игра без Павле Атанасијевиќ, кој доби црвен картон.