Спорт
12 клуба обезбедија осмина-финале
По одигрувањето на петтото, претпоследно коло, во фазата по групи во Лигата на шампионите, 12 тимови изборија пласман во нокаут фазата. Патот во Лигата на шампионите ќе го продолжат Реал Мадрид, Рома, Баерн, Ајакс, Манчестер сити, Лион, Јувентус, Барсе…

По одигрувањето на петтото, претпоследно коло, во фазата по групи во Лигата на шампионите, 12 тимови изборија пласман во нокаут-фазата. Патот во Лигата на шампионите ќе го продолжат Реал Мадрид, Рома, Баерн, Ајакс, Манчестер сити, Лион, Јувентус, Барселона, Манчестер Јунајтед, Атлетико Мадрид, Борусија Дортмунд, Порто и Шалке.
Некои од овие екипи ќе завршат на првото место во своите групи, то значи дека во осмина-финалето реваншот ќе го играат на домашен терен. Од дргуа страна, во Ц-групата, која и пред почетокот на Лигата на шампионите беше наречена „група на смртта“, ниту еден тим не е сигурен за наредната рунда.
Наполи е прв во оваа група со девет бода, еден помалку има ПСЖ, Ливерпуле на шест, а Црвена ѕвезда на четири бода. Во последното коло Ливерпул ќе го пречека Наполи, а ПСЖ ќе гостува кај Црвена ѕвезда.
Неизвесно, но во борба за втората позиција е во Ф-групата. Во последното коло Шахтјор и Хофенхјам ќе решат кој ќе продолжи во Лигата на шампионите, а кој во Лига Европа.
Првите осмина-финални натпревари ќе се играат на 12, 13, 19 и 20.февруари, а реваншите на 5, 6, 12 и 13.март 2019 година.
CONFIRMED: Teams that have qualified for the 2018/19 Champions League knockout stage:
☑️ Atlético Madrid
☑️ Ajax
☑️ Barcelona
☑️ Bayern Munich
☑️ Borussia Dortmund
☑️ Juventus
☑️ Porto
☑️ Manchester City
☑️ Manchester United
☑️ Real Madrid
☑️ Roma
☑️ Schalke pic.twitter.com/voeLrGGSuR— Squawka News (@SquawkaNews) November 28, 2018
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Халанд го лови рекордот на Ширер
Фудбалерите на Манчестер Сити, во сабота, ќе му гостуваа на Њукасл. Натпреварот може да биде историски за најдобриот стрелец во Премиер лигата, Ерлинг Холанд.
Норвежанецот од почетокот на сезоната игра брилијантно, а на „Сен Џејмс Парк“, може да влезе во историските книги. Гол против Њукасл би бил неговиот 100-ти во Премиер лигата, во само 109-от настап, со што би го срушил рекордот на легендарниот напаѓач на Њукасл, Алан Ширер (124 натпревари).
Норвежанецот постигна четири гола за време на репрезентативната пауза и ја водеше својата земја до првото Светско првенство од 1998 година. Вкупно – 16 гола во осум квалификациски натпревари.
„Тој има неверојатна сезона. Ги руши сите рекорди – лични, рекорди во Премиер лигата, норвешки рекорди… Среќен сум за него и за репрезентацијата. Многу од играчите на Норвешка не биле ни родени кога последен пат играле на Светското првенство. Како фудбалер од светска класа, тој го заслужува тоа искуство. Сега е на совршена возраст, многу е зрел и многу сум среќен за него“, рече во пресрет на натпреварот менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола.
Спорт
Вирц е повреден, нема да игра против Нотингем Форест
Актуелниот англиски шампион Ливерпул, по репрезентативната пауза, викендов им се враќа на обврските во Премиер лигата.
Екипата на Арне Слот моментално го зазема осмото место на табелата со шест победи и пет порази, а ќе имаат можност за нов почеток во сабота пред домашната публика на „Енфилд“,против Нотингем Форест.
Сепак, холандскиот стратег се соочува со нови кадровски проблеми. Меѓу отсутните е и засилувањето Флоријан Вирц, кој е повреден.
„Има два мускулни проблеми. Не очекувам Конор Бредли да биде во конкуренција во следните 22 дена. За Флоријан Вирц, закрепнувањето можеби нема да трае толку долго. Џереми Фримпонг исто така е надвор од игра на неодредено време и сигурно нема да биде достапен во наредните недели. Можно е еден или двајца играчи да мора да играат на позиции кои не им се природни“, рече Слот.
Сепак, има добри вести за навивачите – Алисон се врати во тимот по повредата и ќе биде подготвен за дуелот со Нотингем Форест.
Спорт
Кол Палмер се повредил дома
Кол Палмер навистина нема среќа со повредите оваа сезона. Токму кога се врати во тренажен процес, по двомесечна пауза поради проблеми со препоните, асот на Челзи мора да направи уште една пауза. Палмер, во својот дом скршил прст на ногата.
„За жал, имаше несреќа дома, скрши прст на ногата. Не е толку лошо, но сигурно нема да игра следната недела, а имаме натпревари против Барнли, Барселона во Лигата на шампионите и Арсенал. Ќе видиме следниот викенд, пред натпреварот со Арсенал, но да не шпекулираме сега “, објасни менаџерот на Челзи, Енцо Мареска.
Палмер одигра само четири натпревари оваа сезона, три во Премиер лигата и еден во Лигата на шампионите, постигнува два гола за вкупно 235 минути на теренот.

