Спорт
Дончиќ ги приземји „ракетите“, Лилард постигна 10 тројки (Видео)
Лука Дончиќ блеска во својата руки сезона во НБА лигата. Словенецот, изминатата ноќ, ги предводеше Далас Маверикс до триумф во дербито на тексас, против Хјустон Рокитс 128:108.
Дончиќ натпреварот го заврши со 20 поени, шест скока и две асистенции и го …
Лука Дончиќ блеска во својата руки сезона во НБА-лигата. Словенецот изминатата ноќ ги предводеше Далас Маверикси до триумф во дербито на Тексас, против Хјустон Рокитс 128:108.
Дончиќ натпреварот го заврши со 20 поени, шест скока и две асистенции и го поништи трипл-даблот на Џејмс Харден, кој за Хјустон забележа 25 поени, 17 асистенции и 11 скока.
Репрезентативецот на Словенија десетти пат на досега одиграните 18 натпревари постигна најмалку 20 поени. Далас против Хјустон ја забележа седмата победа на последните осум натпревари.
Покрај Дончиќ, двоцифрен број на поени кај Далас постигнаа Девин Херис (20), Харисон Барнс (13), Диандре Џордан (13) и Хосе Хуан Бареа (13 поени, 12 асистенции).
Демијан Лилард, бекот на Портланд Трејлблејзерс, стана клупски рекордер, откако во победата над Орландо Меџик 115:112, постигна десет тројки. Лилард на крајот заврши со 41 поен, осум скока и четири асистенции.
Голема борба под обрачите водеа Балканците Јусуф Нуркиќ и Никола Вучевиќ. Нуркиќ забележа 16 поени и 13 скока, а Вучевиќ имаше 20 поени, осум скока и седум асистенции.
Резултати:
Шарлот Хорнетс-Атланта Хоукс 108:94
Филаделфија ’76-Њујорк Никс 117:91
Бруклин Нетс-Јута Џез 91:101
Милвоки Бакс-Чикаго Булс 116:113
Минесота Тимбервулвс-Сан Антонио Спарс 128:89
Њу Орлеанс Пеликанс-Вашингтон Визардс 125:104
Оклахома Тандер-Кливленд Кавалирс 100:83
ЛА Клиперс-Феникс Санс 115:99
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Ракометарите загубија од Холандија – Холанѓаните се пласираа во втората фаза
Фото/ facebook.com/rfmofficial
Македонските ракометари загубија од Холандија 32:37 (15:18), во второто коло на 29.Светско првенство во ракомет. Избраниците на Кирил Лазаров не успеаја да се атапдираат на брзата игра која ја форсираа Холанѓаните и на чудниот критериум на данските судии. Кога на ова ќе се додадат и 14 загубени топки, јасно е зошто Македонија го доживеа првиот пораз на Мундијалот.
По израмнетиот почеток на мечот Холанѓаните се одвоија на 2:4, Македонија експресно се врати и до 23.минута буквално се играше гол за гол.
Во завршните седум минути од полувремето, избраниците на Кире Лазаров зачестија со грешките во нападот, не можеа да одговорат на брзиот центар на Холанѓаните, кои со серија од пет гола ја стекна највиоката предност 13:17.
Вториот дел подобро го отворија холандските ракометари, Македонија првиот гол го постигна по четири минути игра, а Холандија во тие моменти јмаше предност од пет гола.
До крајот Македонија се обидувапе да ја стигне предноста на Холандија, но на успеа да спушти под два гола. Во последните 15 минути се „истакнаа“ данските судии, делеаа исклулувања и седмерци во корист на Холандија.
На крајот славеа 32:37 и изборија пласман во втората фаза.
Холанѓаните победија со само четири голмански интервенции, изведоа 13 седмерци. Македонија имаше седум исклучувања, црвени картони добија Павле Атанасијевиќ и Лазаревски.
Кузмановски со девет и Серафимов со шест гола беа најефикасни македонски ракометари.
На крајот, не се одржа традиционалната церемонија, кога се прогласува најдобриот играч на натпреварот. Македонските навивачи, фрлаа парички на теренот, гласно негодуваа: „ИХФ мафија“, а Холанѓаните избегаа во соблекувалната.
Спорт
Лајпциг го откупи Вермерен од Атлетико Мадрид
Бундеслигашот Лајпциг по само шест месеци реши да го откупи договорот на Артур Вермерен од Атлетико Мадрид.
Вермерен е еден од најтелентираните белгиски фудбалери и најмлад капитен во историјата на Антверпен.
19-годишникот, минатата година на 26 јануари од Антверпен се пресели во Атлетико за 18 милиони евра. Не доби многу можност да игра од тренерот Симеоне, настапи на само пет натпревари.
Во летниот преоден рок Атлетико реши да го испрати на шозајмица во Лајпциг. Во дресот на Лајпциг во првиот дел од сезоната одигра 14 натпревари. Тренерот Маро Росе е задоволен од изнадијата на малдиот Белгиец, поради што клубот реши да ја искористи можноста и да го откупи од Атлетико за 20 милиони евра.
Спорт
Одбраната не функционира, Македонија на полувреме губи од Холандија
Ракометната репрезентација на Македонија по првиот дел има негатива од три гола во дуелот со Холандија, во второто коло на Светското првенство.
По израмнетиот почеток на мечот Холанѓаните се одвоија на 2:4, Македонија експресно се врати и до 23.минута буквално се играше гол за гол.
Во завршните седум минути од полувремето, избраниците на Кире Лазаров зачестија со грешките во нападот, Холандија направи серија од пет гола и ја стекна највиоката предност 13:17.
Првиот дел заврши соводство на Хландија 15:19. Во првиот дел македонските ракометари направији девет грешки.
Кузмановски со четири, односно Пешевски и Серафимов со по три гола ја предводат Македонија. Голманот Митревски има шест одбрани. Второто полувреме Македонија ќе го игра без Павле Атанасијевиќ, кој доби црвен картон.