Свет
САД со нова провокација за Кина: Американски воени бродови преминаа преку тајванскиот теснец
Два американски воени брода влегоа во тајванскиот теснец, само неколку дена пред состанокот на американскиот претседател Доналд Трамп со неговиот кинески колега Си Џинпинг во Аргентина за да разговараат за затегнатите трговски односи.
Бродовите поминаа синоќа низ спорниот воден пат, за да ја покажат посветеноста на Вашингтон на Индо-Пацифичкиот договор за „слободно и отворено“.
“Морнарицата на САД ќе продолжи да лета, да плови и да работи насекаде каде што дозволува меѓународниот закон”, изјави портпаролот на американската пацифичка флота, Рејчел Мек Марр.
Според тајванското Министерство за национална одбрана, американските бродови го завршиле својот рутински премин доцна синоќа, откако влегле во тајванскиот теснец од североисточниот правец рано изутрината.
„Сите интеракции меѓу Народноослободителната војска и американските морнари беа безбедни и професионални“, изјави за АФП анонимен американски официјален претставник.
Ова беше трет пријавен транзит на американски воени бродови низ тајванскиот теснец оваа година. Кинасе уште не објавила коментар за ова прашање, а во минатото Пекинг изразуваше длабока загриженост во врска со американската слобода на навигациски акробации и побара од Вашингтон да се придржува кон принципот „Една Кина”, кој го смета Тајван како интегрален дел од копното.
“Тајванското прашање се однесува на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина. Тоа е најважното и чувствително прашање поради кинеско-американските односи “, изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи Хуа Чунинг минатиот месец, по сличен инцидент во теснецот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп за апсењето на Ендрју: „Мислам дека тоа е срамота, многу е тажно“
Американскиот претседател Доналд Трамп го коментираше апсењето на Ендрју Маунтбатен-Виндзор, оценувајќи дека станува збор за срамота за британското кралско семејство.
„Мислам дека тоа е срамота. Многу е тажно. Тоа е толку лошо за кралското семејство. Навистина ми е многу, многу тажно“, изјави Трамп.
Тој изрази жалење и за последиците што случајот може да ги има врз кралот Чарлс III, за кого рече дека е фантастичен човек и дека наскоро треба да ги посети САД.
На прашање дали слични апсења може да се случат и во САД, Трамп избегна директен одговор и повтори дека е целосно ослободен од каква било вина поврзана со случајот на Џефри Епстин.
„Јас сум на некој начин експерт за тоа бидејќи сум целосно ослободен од обвиненијата“, рече Трамп, додавајќи дека аферата била искористена за да му се нанесе политичка штета.
Свет
Поранешниот принц, Ендрју, пуштен од полициски притвор, но и натаму под истрага
Ендрју Маунтбатен-Виндзор е ослободен од полициски притвор по неговото апсење под сомнение за злоупотреба на јавната функција.
Поранешниот принц беше приведен од полицајците за време на рација во 8 часот наутро во неговиот нов дом во Вуд Фарм, на имотот Сандрингем, објави „Дејли Меил“.
Полицијата појасни дека истрагата против Ендрју е во тек, иако тој е ослободен.
Поранешниот војвода од Јорк беше уапсен во врска со наводите дека му пренел чувствителни информации на осудениот финансиер и педофил, Џефри Епстин додека дејствувал како трговски претставник на британската влада.
Братот на Ендрју, кралот Чарлс III, не бил однапред предупреден за апсењето, се дозна денес. Тој изјави дека „законот мора да се почитува“ и повика на „фер судење“.
Свет
(Видео) Трамп за претседателот на Парагвај: Млад и згоден, но јас сакам жени
Денеска беше одржан првиот состанок на Одборот за мир на Доналд Трамп, на кој говореше и американскиот претседател. Покрај заканите упатени до Иран и планот за Газа, тој го коментираше и физичкиот изглед на 47-годишниот претседател на Парагвај, Сантијаго Пења.
„Млад, згоден човек. Секогаш е убаво да се биде млад и згоден. Тоа не значи дека мора да го сакаме. Не сакам млади, згодни мажи. Сакам жени. Мажите воопшто не ме интересираат“, рече Трамп.
Trump: Young, handsome guy. Always nice to be young and handsome. Doesn’t mean we have to like you. I don’t like young, handsome men. Women I like. Men I don’t have any interest. pic.twitter.com/E7P1qhExyp
— Acyn (@Acyn) February 19, 2026
За време на основачкиот состанок во Вашингтон, Трамп испрати и порака до Иран дека мора да постигне „суштински договор“ за запирање на својата нуклеарна програма или, како што рече, „ќе се случат лоши работи“.
Тој додаде дека други земји веќе придонеле со повеќе од седум милијарди долари за помош за Газа во рамки на иницијативата на Одборот за мир.

