Контакт

Македонија

Дурловски: Не барам милост туку правда, моите деца спиеја на моето место додека јас бев во ќелијата во Шутка

Објавено пред

По една година од апсењето на Игор Дурловски, кој беше предводник на протестите на „Заедничка Македонија“, тој на социјалните мрежи напиша дека обвинителството не поседува ниедна снимка, ниеден цитат ниту доказ од  каков било потпалувачки говор, како што пишува во обвинението против него поврзано со настаните од 27 април во Собранието. Дурловски тврди дека неговото присуство таму е чин на лојалност и поддршка на неколкуте илјади искрени поддржувачи на мирната борба за зачувување на Република Македонија.

dobivaj vesti na viber

„Помина точно една година и еден ден од утрото на 28 ноември кога дванаесет припадници на МВР, специјалци во полна опрема, влегоа во мојот дом утрото во пет часот. Моите три деца и денес се навраќаат на таа сцена, кога уште несвесни дали се работи за јаве или сон, разбудени од крици, движења и звуци кои не се вообичаени за нормален детски свет, сликата која прва ја гледаат – нивниот татко го носат од дома непознати луѓе во униформи, како на филм, како на лоша претстава, со тоа што овој пат е вистинско, ладно, мрачно, гадно, нема пауза помеѓу чинови, само една длабока траума со која без никаква нивна вина се соочени од најмали.  Моите деца тој ден не отидоа на училиште.  Мене ме одведоа во Шутка. Истиот ден го прочитав обвинението. Терористичко загрозување на уставниот поредок. Уставниот поредок на Република Македонија…Македонија…единствената вистина за која сум се борел покрај семејството и блиските, Македонија. Македонија, последната светла точка во секој разговор со моите татко и мајка, раскажувајќи за маките со кои биле соочени во минатото, бегалци, борејќи се секојдневно со предизвиците на сиромаштијата, единствено најблиските, семејството, и Македонија беа Вистината, смислата. Сепак, дојде време да се соочам и со …според мене одекот, ехото на… секој еднаш во животот ќе мора да се соочи со судбината. Покрај фактот дека поголемиот дел од мојот живот може да го поминам во затвор, се соочив и со обвинувањето дека единственото нешто за кое искрено сум се борел – сум го загрозил, и тоа терористички. А обвинението? Сакам да пишувам за тој ден, 27 април, за Вистината, соочена наспроти напишаното со заслепувачка омраза“, пишува Дурловски на социјалните мрежи.

Дурловски вели дека во времето кога народот влегол во Собранието, тој се наоѓал на друга локација. По половина час, пред Собранието го пречекале граѓани и тогаш тој се упатил кон пленарната сала.

„Запишано е дека сум држел потпалувачки говори за да повикам народ. А фактите за кои и обвинителството е запознаено се следниве: По пеењето на химната пред Владата на Република Македонија, заминувам со мојот тогаш 9-годишен син на ракометен натпревар. Се наоѓам пред ‘Јане Сандански’ кога дознавам дека народот кој беше пред нас 82 дена веќе е влезен во Собранието, го одвезувам син ми и се упатувам натаму. По половина час од влегувањето, се појавувам во Собранието, каде неколку илјади се веќе присутни, ме пречекуваат, …се упатувам кон пленарната сала, застанувам до моите колеги со кои протестиравме изминатите денови…Горди луѓе кои пеат родољубиви песни. Обвинителството не поседува ниедна снимка, ниеден цитат ниту доказ од  каков било потпалувачки говор, моето присуство таму е чин на лојалност и поддршка на неколкуте илјади искрени поддржувачи на мирната борба за зачувување на Република Македонија. Информациите за настанот на друго место во зградата на Собранието ги добивам пред моето излегување од зградата, и навраќајќи се од оваа перспектива на тие моменти, сигурен во своите проценки и постапки, тврдам дека моето присуство таму е со чиста мотивација и искрена желба да се заштити а не да се загрози, да се заштити а не да се нападне, да се биде со своите, заради чест, заради љубов, заради верба во луѓето.
Од оваа перспектива, по година дена преиспитување, борба со чувствата и практичните проблеми, меѓународната кариера, која е стопирана, секојдневна состојба на неизвесност, адвокати, обвинители, судии… семејството… притворот како една посебна драма во мојот живот и во животите на моите деца и мојата сопруга, траумите што им ги нанесов на моите најблиски, преиспитувањето на сè што било и сè што треба да дојде, сето тоа мене лично ми беше една животна лекција, едно искушение, една борба, најголема, по која сум уште поубеден, посилен, со почиста мисла. Но тоа е лично, тоа ќе си го носам јас и ќе си го носат моите најблиски како товар до крајот на животот“, додава Дурловски во објавата.

Дурловски прашува „Кому треба да простам и кој мене треба да ми прости?“ ставајќи го акцентот на собраниското тело за помирување што треба да се разгледа предлог-законот за амнестија на лицата што не вршеле насилство на 27 април минатата година при упадот во Собранието.

„Тоа што деновиве е актуелно е таканареченото помирување, помилување, простување… Христијански е да се прости. Простувањето е највисокиот чин на моралните.  Треба ли да им простат на стотиците луѓе кои искрено ми пристапуваат, ме прегрнуваат, се фотографираат со мене на улица, ми даваат поддршка да истраам во овие премрежија…или треба да им простам на тие кои со злокобна радост и лиги ги читаат гнасните обвиненија за мене и други, жедни за крв и одмазда, омраза кон замислен душман, потсвесно конструиран лик кој треба да ја надомести нивната немоќ да се соочат со реалноста? Милост не барам, само правда. Да, подготвен сум да му простам на еден бивш министер кој ја саботираше свесно претставата ‘Турандот’ набргу по моето излегување од Шутка…Простете им на моите поддржувачи кои покажаа доблест и храброст таа вечер да го извикаат моето име од публиката иако во тој период беше екстремно ризично да се биде покрај мене таму…
Подготвен сум да му простам на раководството во мојата матична куќа МОБ, мојот втор дом, кои се правдаа зашто ме ангажирале да го правам тоа што знам – да пеам. Нека му биде простено и на бившиот синдикалец, сегашен директор на Македонската филхармонија, кој трудејќи се да ви се допадне сакаше да го откаже настапот на мојата сопруга…Подготвен сум да ѝ простам и на бившата револуционерка, претседателот на УО, која денеска напаѓајќи го истиот директор, го споменува нашето име, ако ѝ помага? Им простувам на сите оние луѓе на кои сум им помагал во животот искрено, кои во тие моменти беа на сигурна дистанца од мене…дали тоа ќе им помогне денес? Им простувам и на сите мои блиски пријатели кои се плашеа да стават лајк на постовите за моја поддршка, простувам и на дел од моите роднини, луѓето од кои очекуваш да бидат блиску кога е најтешко…Простувам на македонските колеги кои за разлика од странските ја преспаа неправдата врз мене и моето семејство. Простувам и на поголем дел од новинарите, кои свесно објавуваа и пишуваа, гласно извикуваа работи за кои знаат и самите дека се невистини…
Ви простувам на сите за тоа што моите деца спиеја на моето место додека јас ја делев ќелијата во Шутка, ви простувам на сите за стресот кој и денеска децата го имаат кога ќе го напуштам домот и ме прашуваат дали го понесов мојот мобилен телефон. Ви простувам и за нивната мака и нивната траума, се надевам дека еден ден и тие ќе пораснат, ќе разберат, сфатат дека човечки е да се простува… Ви простувам, ја разбирам вашата слабост и уште ќе бидам тука за вас, на сцената и во публиката…
Тоа што сакам да остане запомнето од овој мрачен период е храброста, љубовта и искрената верба на оние кои останаа до мене во најтешките моменти бидејќи уште еднаш ми докажаа дека борбата за доброто на сите има смисла и истата е вредна за секој искажан збор, гест и постапка. Ми ја сочуваа надежта дека човекот се гради со секое искушение во подобар, поголем…
А за разнебитувањето… Молете се идните генерации да ви простат.  Сакам да ви се заблагодарам на сите што бевте со мене со вашиот збор, присутност во моја близина, допаѓање или коментар на мојот профил, на оние кои ги познавам лично и не сум имал чест да ги запознаам, на сите оние кои сте биле или не сте биле во можност на  каков било начин да се вклучите во оваа борба.
Живеејќи го ова лудило, успеав да ги сочувам честа и достоинството, имајќи покрај мене една посебна, голема жена, жена лавица, жена мајка, жена херој…на која јавно ѝ се заблагодарувам што беше силна покрај мене, мојата сопруга Ана“, завршува Дурловски.

Македонија

Валбон Лимани претстави 3 проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација на центарот и градскиот парк во Гостивар

Објавено пред

Од

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Националната алијанса за интеграција, Валбон Лимани, претстави три проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација на центарот и градскиот парк во Гостивар.

dobivaj vesti na viber

„Денес презентираме конкретни проекти кои имаат за цел да го трансформираат Гостивар во функционален, зелен и отворен град за сите, каде модерната инфраструктура коегзистира со рекреативни и културни простори. Подземниот паркинг во близина на Општината е еден од клучните проекти што има за цел решавање на овие проблеми. Во центарот на градот планираме изградба на модерен подземен паркинг со 126 паркинг-места, опремен со современа безбедносна технологија и брз пристап до јавните институции, трговските и културните објекти. Оваа инвестиција ќе ги ослободи јавните простори од хаосот на автомобилите, ќе ја намали загаденоста и бучавата и ќе го направи центарот на градот почист и поорганизиран“, рече Лимани.

Тој кажа дека трансформацијата на центарот на градот е следниот чекор кон модерен Гостивар.

„Центарот ќе премине од преоптоварен простор во место на гордост за секој граѓанин. Проектот предвидува изградба на подземен премин за возила и пешаци, како и подземен паркинг со 219 паркинг-места во срцето на градот. Површината над земја ќе се трансформира во модерна јавна платформа, со зелени површини, детски игралишта, рекреативни зони и културни простори за концерти, изложби и различни настани“, рече Лимани.

Друг значаен проект, додаде Лимани, е Рекреативниот езерец и Павилјонот во Градскиот парк на Гостивар.

Според него, овој проект додава нов природен и релаксирачки елемент, со интервенција на само околу 10% од површината на паркот, во зоната помеѓу Градскиот стадион, реката Вардар и постојните патеки.

„Главните елементи вклучуваат: -рекреативен езерец од 2.200 м², со длабочина до 1,5 метри; -дрвен мост од 245 м²; -простор со чакал од 900 м². Овој езерец придонесува за зачувување на биодиверзитетот преку создавање природно живеалиште, додека павилјонот и дрвениот мост нудат простори за одмор, прошетки и социјална интеракција. Областа околу стадионот ќе се оживее и ќе се претвори во урбана референтна точка со висок рекреативен и туристички потенцијал за Гостивар“, рече Лимани.

Прикажи повеќе...

Македонија

Ѓорѓиевски подготвуваше оброци за народните кујни на Скопската епархија, ги повика сите кои можат да се приклучат

Објавено пред

Од

Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, се приклучи во подготовката на оброци за народните кујни на Скопската Епархија, во рамки на хуманитарната организација „Св. Спас“ од Драчево.

dobivaj vesti na viber

„Заедно со отец Оливер од хуманитарната организација „Св. Спас“ од Драчево, подготвивме повеќе од 200 оброци кои ќе бидат распределени во пунктовите на народните кујни на Скопската Епархија. Мал гест, но со силна порака дека човечноста живее и дека добрината не згаснува. Свесни сме дека не можеме да помогнеме насекаде и на сите. Но можеме да дадеме сè од себе за оние на кои им е најпотребно, за нашите сограѓани да знаат дека не се сами. И токму тоа го правиме со срце, со искреност и со вера. Со отец Оливер, човек кого е благослов да го имаш покрај себе и кој секојдневно сведочи дела достојни за длабока почит, сме заедно уште од самото формирање на организацијата. Зад нас стојат бројни хумани дела, а пред нас уште многу можности да правиме добро. Така ќе продолжиме и понатаму. Затоа што само преку добри дела, без разлика на политичка, верска, етничка или каква било припадност, можеме да создадеме насмевки и да внесеме светлина таму каде што таа недостига. Ги повикувам сите кои можат, кои имаат и кои во срцето носат желба да помогнат, да се приклучат на оваа благородна мисија“, напиша Ѓорѓиевски на социјалните мрежи.

Прикажи повеќе...

Македонија

Забрана за сообраќај за автобуси на патниот правец Тетово – Попова Шапка

Објавено пред

Поради обилни врнежи од снег на патниот правец Тетово – Попова Шапка од 09:25 часот се воведува забрана за сообраќај за автобуси, извести АМСМ.

dobivaj vesti na viber

За леки коли е задолжителна зимска опрема (синџири), додаваат од АМСМ.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 минути

Валбон Лимани претстави 3 проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација на центарот и градскиот парк во Гостивар

Кандидатот за градоначалник на Гостивар од Националната алијанса за интеграција, Валбон Лимани, претстави три проекти: 345 нови паркинг-места и трансформација...

Македонија1 час

Излеани реки, поплавени подруми, гаражи и дворови во Охрид и Битола, во Кичево евакуирани околу 100 луѓе

Поради обилните врнежи од дожд, локалниот пат помеѓу селата Форино и Тумчевиште, Општина Гостивар, е тешко прооден. За состојбата се...

Свет3 часа

Трамп одобри нова казна за Путин? „Даде зелено светло“

Американскиот претседател Доналд Трамп даде зелено светло за законски предлог за нови санкции против Русија, изјави синоќа републиканскиот сенатор Линдзи...

Европа3 часа

Зеленски предложи САД да го киднапираат Кадиров, стигна одговор од Чеченија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика САД да го зголемат притисокот врз Русија со киднапирање на чеченскиот лидер Рамзан Кадиров,...

Свет4 часа

(Видео) Топлотен бран ја погоди Австралија, властите предупредуваат на „катастрофален“ ризик од пожари

Делови од Австралија в петок го очекуваат катастрофални услови на избувнување пожари, бидејќи топлотен бран го погоди поголемиот дел од...

Европа5 часа

Сикорски: Варшава е отворена за распоредување германски трупи во Полска

Варшава е отворена за евентуално распоредување на германски трупи во Полска во обид да се обезбеди прекин на огнот во...

Европа5 часа

(Видео) Руски независни медиуми: Путин го прослави Божиќ во тајна воена база

Рускиот претседател Владимир Путин очигледно не го прославил овогодинешниот православен Божиќ во една од познатите московски катедрали, туку во црква...

Македонија5 часа

Поради снег забранет сообраќај за камиони на патниот правец Струга – Граничен премин Ќафасан

Од 05.15 часот поради врнежи од снег се воведува забрана за сообраќај за тешки товарни возила на патниот правец Струга...

Свет6 часа

Трамп: Венецуела од профитот од нафтата ќе купува само американски производи

Претседателот на САД, Доналд Трамп извести дека Венецуела ќе ги користи своите приходи од нафта за купување исклучиво американски производи....

Македонија15 часа

Одрони, излевања и поплави на повеќе локации – во Кичево евакуирани 60 луѓе во спортска сала поради поплавени домови

Директорот на Центар за управување со кризи, Мухамед Али, заедно со дежурните екипи на бројот за итни повици 112 и...

Македонија15 часа

Поплавени улици во Битола, мобилизирани јавните претпријатија

По обилните врнежи од дожд што вечерва предизвикаа поплавување на улици низ Битола, екипи на ЈП „Нискоградба“ и други јавни...

Македонија16 часа

Мицкоски најави лидерска средба на која би се зборувало за укинување на техничката влада

Премиерот Христијан Мицкоски во текот на утрешниот ден ќе упати покани до политичките партии за лидерска средба, на која би...

Македонија24 часа

Мицкоски за бугарската формулација „достапен јазик“ наместо македонски: Не е во прашање само Уставот, туку редефинирање на македонскиот идентитет

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање, ја коментираше формулацијата „достапен јазик“, наместо македонски јазик, што ја употреби Министерството за...

Македонија1 ден

МВР ќе утврдува зошто новите службени возила биле осветувани со верски обред

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при Министерството за внатрешни работи презема мерки и активности за целосно...

Македонија1 ден

Државниот врв со божиќни честитки: Пораки за мир, семејство и солидарност

Претседателката на државата Гордана Сиљановска-Давкова, претседателот на Владата Христијан Мицкоски и претседателот на Собранието Африм Гаши упатија божиќни честитки до...

Свет1 ден

Трамп: Постигнавме договор за нафтата од Венецуела, ние ќе ги контролираме приходите

Каракас и Вашингтон постигнаа договор за извоз на венецуелска сурова нафта во САД во вредност до две милијарди долари, изјави...

Македонија1 ден

Денеска е Божик – денот на христовото раѓање

Православните христијани во светот, во Македонија и црквите кои се раководат по Јулијанскиот календар денеска го слават Рождеството Христово –...

Европа2 дена

Коалицијата на волните договори што по мирот во Украина

Триесет и пет земји од таканаречената Коалиција на волните во вторникот ја поддржаа Париската декларација во која се детално опишани...

Свет2 дена

Берни Сандерс: Шест причини зошто нападот на Трамп врз Венецуела е погрешен

Нападот на САД врз Венецуела во текот на викендот предизвика остри осуди од целиот свет, а критики беа упатени и...

Европа2 дена

(Видео) Маж избол до смрт кондуктер во Италија, па избегал со воз: во тек е масовна потрага по Хрват

34-годишниот кондуктер Алесандро Амброзио беше избоден до смрт синоќа на главната железничка станица во Болоња. Полицијата го идентификуваше осомничениот напаѓач...