Спорт
Хановер, Нексе и Татабања противници на Еурофарм Работник
Ракометарите на Еурофарм Работник ги добија противниците во фазата по групи, во ЕХФ купот. Битолчани во оваа фаза ќе се соочат со екипи од Германија, Унгарија и Хрватска.
Ждрепката го однесе Еурофарм Работник во Б-групата, каде фаворит е тимот од Бунде…


Ракометарите на Еурофарм Работник ги добија противниците во фазата по групи, во ЕХФ купот. Битолчани во оваа фаза ќе се соочат со екипи од Германија, Унгарија и Хрватска.
Ждрепката го однесе Еурофарм Работник во Б-групата, каде фаворит е тимот од Бундеслигата, Хановер. Покрај со Хановер битолските ракометари ќе играат и против Татбања (Унгарија), односно Нексе од Нашице (Хрватска).
Оваа фаза во ЕХФ купот ќе започне на 9/10.февруари наредната година, а в првото коло Еурофарм Работник ќе го има најтешкиот испит. Битолчани ќе гостуваат во Хановер, една недела потоа ќе ја пречекаат Татабања, а на 23 или 24.февруари ќе гостуваат кај Нексе.
Во март, во четвртото и петтото коло во Битола ќе гостуваат најпрвин Нексе, а потоа Хановер, а во последното коло Еурофарм Работник ќе гостува во Унгарија.
Состави на групите во ЕХФ купот:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Фенербахче води во трката за потписот на Шортс

Третиот натпревар од четвртфиналето на плејофот на Евролигата по се изгледа беше последен за Ти-Џеј Шортц во Париз.
Порталот „Eurodevotion“, наведува дека Американецот со македонски пасош, во моментов има премногу профитабилни понуди за да остане во тимот на Париз.
Леворакиот плејмејкер играл за (наводно) 450.000 евра оваа сезона, а овој извор најавува дека лесно би можел да потпише за четири до пет пати поголема сума ова лето.
Истиот портал објавува дека во моментов Фенербахче води конкретни преговори со менаџерот на Шортс.
Покрај Фенербахче. заинтересирани за Шортс се: Олимпија Милано, Барселона, Панатинаикос и Анадолу Ефес.
Спорт
Инциденти на „Пољуд“ и низ улиците во Сплит

Поразот во едно од најважните „вечни дербија“ во историјата тешко им падна на најжестоките навивачи на Хајдук.
„Торцида“ се судри со полицијата веднаш по завршувањето на натпреварот на трибините на „Пољуд“, каде што заштитна мрежа помеѓу северната и источната трибина на стадионот спречи посериозни инциденти.
Сепак, кога хулиганите ги напуштија трибините и излегоа на улиците на Сплит, ситуацијата ескалираше.
„Далматински Портал“ пишува дека на улиците околу „Пољуд“ во тек се масовни тепачки меѓу навивачите и полицајците.
Полицијата со кратко соопштение објави дека „по завршувањето на фудбалскиот натпревар, за време на полициските акции надвор од стадионот, поголема група луѓе ги нападнала полицајците“, беше наведено и додадено:
„Јавниот ред и мир се воспоставени. Полициската акција на терен и апсењето на лицата се во тек“.
Хајдук претрпе тежок пораз пред 32.111 навивачи против најголемиот ривал Динамо (1:3), кој по седум месеци повторно е лидер во хрватскиот шампионат.
Спорт
(Видео) Хаотичен спринт во Мајами, трката почна и заврши со безбедносното возило

Победник на хаотичниот спринт во Мајами е возачот на Мекларен, Ландо Норис. На второто место се пласираше Оскар Пјастри во вториот Мекларен, пред Луис Хамилтон во Ферари.
Стартот беше одложен за речиси половина час откако Мајами беше погоден од силен пороен дожд што остави многу вода на патеката.
Уште пред стартот, Шарл Леклер удрил во заштитниот ѕид и го оштети автомобилот, а стартот беше одложен за 30 минути. По два круга зад безбедносното возило, спринтот конечно започна.
Charles Leclerc hits the wall!! 😱
With rain falling heavily, Leclerc sustains heavy damage on his way to the grid after contact with the wall#F1 #F1Sprint #MiamiGP pic.twitter.com/XGiaxPPuBq
— Formula 1 (@F1) May 3, 2025
Кими Антонели ја загуби првата позиција во првиот свиок. Оскар Пјастри нападна агресивно, практично принудувајќи го Антонели да помине широко, па освојувачот на пол-позицијата веќе беше зад двата Мекларена и Макс Ферстапен.
Во 13-от круг возачите почнаа да влегуваат во боксот за да менуваат гуми.
Прво, Ферстапен го удри Антонели при излегување од местото за менување гуми, поради што беше и казнет, а остана и без предно крило. Ферстапен беше казнет со 10 секунди.
Лиам Лосон направи грешка и таа грешка го чинеше Фернандо Алонсо, кој оштети својот автомобил. Карлос Саинц остана без тркало…
Општиот хаос во Мајами го дополни Пјастри кој пресече дел од патеката во 13-от круг, направи грешка и на крајот го загуби првото место во борбата со својот клупски колега Ландо Норис.
Како што започна, со безбедносно возило, спринтерската трка заврши поради остатоци на патеката.
Четвртото место му припадна на Албон, петтото на Расел.
Строл се најде на седмото место, а по него следуваа Лосон, Берман, Цунода кој стартуваше од последното место и Антонели.
Макс Ферстапен беше четврти, но поради казната заврши последен, 17-ти.
Квалификациите за трката во недела се закажани за 22 часот.