Македонија
Џафери го прими новиот косовски амбасадор во Македонија, Ѓерѓ Дедај
Претседателот на Собранието на Република Македонија, Талат Џафери, се сретна со новоименуваниот амбасадор на Република Косово во Република Македонија, Н.Е. Ѓерѓ Дедај.
Претседателот Џафери му посака добредојде и успешен мандат во Република Македонија и изрази верба дека и отсега ќе се продолжи со воспоставената одлична соработка помеѓу двете земји кои се и непосредни соседи. Џафери наведе дека соработката треба да оди во насока на олеснување на движењето на луѓето и прометот на стоки и истакна дека треба да се охрабри соработката со цел што побрза реализација на започнатите проекти и очекуваната заедничка седница на Владите на двете држави.
Амбасадорот Дедај рече дека неговиот избор за извршување на оваа функција во Република Македонија му причинува особено задоволство бидејќи мисли дека има многу што да придонесе во понатамошно развивање и продлабочување на односите помеѓу нашите две земји кои се наоѓаат пред многу значајни предизвици, пред исполнување на заеднички стратешки цели, а тоа е полноправното интегрирање во структурите на НАТО и Европската Унија и тоа е онаа цел која ќе помогне регионот да има стабилност, неоптоварени добрососедски односи и развиена регионална соработка.
Двајцата соговорници се согласија дека полето на соработка е навистина бескрајно и нивната обврска ќе биде тоа да се искористи до максимум.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози. Слаб снег провејува на планинскиот премин Стража кој во мометот не се здржува на коловозот. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на Плетвар и Пресека, извести АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Бутел, Ѓорче Петров и Аеродром денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат:
· од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од ул. бр. 2 во с. Љубанци. (Општина Бутел)
· од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од ул. бр. 101 во нас. Волково. (Општина Ѓорче Петров)
· од 09:00 до 12:00 часот, корисниците од улиците со бр. 1 и бр. 9 во с. Долно Лисиче. (Општина Аеродром)
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, кон крајот на денот локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд, а на планините и на повисоките места претежно во западните и северните делови од снег. Ќе дува слаб до умерен северозападен, а наместа во западните делови повремено засилен западен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 5, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Кон крајот на денот ќе има повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 11 степени.
Времето во наредните денови
Во вторник ќе има заладување со нови пообилни врнежи кои на планините и на повисоките места ќе бидат од снег. На планините ќе се зголеми висината на снежната покривка, а нова се очекува да се формира и во некои од повисоките места. Потоа во следните два дена ќе се задржи претежно стабилно време, а во петок повторно ќе има врнежи од дожд и снег.

