Спорт
Ќе ја изгубеше главата по воздушен дуел, целиот стадион го прежали корејскиот фудбалер (видео)
Кореецот Ли Сунг Мо, фудбалер кој настапува во втората лига ги исплаши сите на стадионот по неговиот пад директно на глава.
На снимката од мечот во корејското првенство се гледа како играчот по еден воздушен дуел со противникот губи рамнотежа и паѓа н…
Кореецот Ли Сунг Мо, фудбалер што настапува во втората лига, ги исплаши сите на стадионот по падот директно на главата.
На снимката од мечот во корејското првенство се гледа како играчот по еден воздушен дуел, со противникот губи рамнотежа и паѓа на главата, притоа виткајќи си го вратот. Падот изгледа страшно, исто како и кадрите од онесвестениот играч.
Првичните информации беа дека играчот заработил скршеница на вратот, но подоцна стигна потврда дека Сунг Мо се освестил и не е сериозно повреден.
Имаше среќа што соиграчите и лекарите во тимот експресно реагираа, со што спречија трагедија.
Погледнете:
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Лестер се враќа во Премиер лигата
Фудбалерите на Лестер се вратија во Премиер лига. „Лисиците“ во елитата ги врати поразот на нивниот конкурент Лидс кај Квинс Парк Ренџерс (0:4).
Лестер со 94 бода и до крајот треба да одигра уште два натпревари, додека Лидс има 90 бода и уште еден натпревар до крајот на сезоната. Ма третото место се наоѓа Ипсвиќ со 89 поени и до крајот на сезоната треба да одигра уште ри натпревари.
За Лестер е најважно што обезбеди едно од првите две места кои обезбедуваа директно место во Премиер лигата.
По поразот од Квинс Парк Ренџерс, второто место, кое гарантира директен влез во Премиер лигата, опасно му виси на Лидс, бидејќи му се заканува третопласираниот Ипсвич, кој има 89 бодови и натпревар помалку.
Минатата сезона Лестер испадна од елитната дивизија, а во 2016 година сензационално беше шампион на Англија.
Спорт
(Видео) Дончиќ на натпреварот дојде во спектакуларен автомобил
Лука Дончиќ го предводеше Далас до победата над ЛА Клиперс 101-90, а вниманитетот го привлече пред натпреварот со розово-виолетовиот Шевролет.
Дончиќ мечот со Клиперс го заврши со 22 поени, десет скока и девет асистенции.
Шевролетот е дел од кампањата за патики „Luka 3“, под покровителство на најдобриот кошаркар во историјата Мајкл. Јордан.
Luka Doncic arrived in a “Midnight Racer” wrapped ’68 Camaro — inspired by the next colorway of his Jordan Luka 3s pic.twitter.com/E5CaGZHAEV
— Nick DePaula (@NickDePaula) April 26, 2024
Спорт
(Видео) Дончиќ ги реши Клиперси, Милвоки немоќни беа Јанис, Минесота го растури Феникс
Далас и Индијана поведоа во четвртфиналните серии против ЛА Клиперс односно Милвоки со 2-1, а Минесота ја забележа и третата победа во дуелот со Феникс во плеј-офот.
Далас славеше пред своите навивачи против Лос Анџелес Клиперс со 101:90. Како и обично, Дончиќ беше најдобар во својот тим, со 22 поени, имаше десет скока и девет асистенции.
Го следеа Ирвинг со 21 поен, Лајвли со 13 и Џонс со 11 поени. На другата страна Харден и Пауел беа подобри од останатите со 21 поен, Хрватот Ивица Зубац имаше учинок од 19 поени, осум скока и една асистенција.
Доколку нема сензационален исход, Денвер и Минесота ќе играат во четвртфиналето на Западната конференција.
Минесота го оствари третиот триумф против Феникс на гостински терен, убедливо со 126:109.
Едвардс беше одличен со 36 поени, девет скока и пет асистенции, поддршка имаше во Гобер кој постигна 19 поени и 14 скока, и Таунс со 18 поени и 13 скока. На другата страна се истакнаа Бил со 28, Дурент со 24 и Букер со 23 поени.
Индијана извојува голема победа по продолжение против Милвоки со 121:118. Блескаше Мидлтон со 42 поени и десет скока, Лилард со 28, Портис со 17 поени и 18 скока, но сепак победата ја однесе Индијана во чии редови се истакнаа Тарнер со 29 и Халибертон, кој забележа трипл-дабл, 18 поени скокови и 16 асистенции.