Македонија
(Видео) Макрадули во живо на ФБ: Планот за чист воздух ќе се справи со загадувачите и ќе даде резултати

Заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, вчеравечер во живо на социјалната мрежа „Фејсбук“ одговараше на прашања на граѓаните во однос на аерозагадувањето.
На прашање на граѓаните каде може да се пријавуваат загадувачите, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, рече:
„Државниот инспекторат се грижи, согласно со закон, за оние инсталации за коишто велиме дека се со А-лиценца, додека Градот Скопје и општините се грижат за оние што имаат Б-иценци. Но во овој момент правиме сериозна промена во тој дел. На системот ЕНЕР веќе се наоѓа законот за инспекциски совет, којшто е чадор на сите инспекции. Со него нема да биде строго поделена надлежноста, како што беше до сега, и да се бега од одговорноста, туку напротив да се интервенира“, рече Макрадули.
Макрадули посочи дека во Република Македонија има 396 компании со легални лиценци. Но, како што додаде тој, има и компании коишто работат со усогласување на оперативниот план, како што е примерот на „Југохром“, според кој од 2014 година не успеа да се усогласи со оперативниот план, не набави филтри и сега не работи.
„Во РЕК Битола, по подолго време се потпиша договор со компанијата што победи на тендер, тоа е ‘МЗТ инженеринг’ за 22 милиони денари да ја третира правта што се крева при работата на овој комбинат“, истакна меѓу другото Макрадули.
Тој се осврна и на Планот за чист воздух, којшто е стратешки приоритет на Владата. Со овој документ, како што истакна Макрадули, спроведувањето на мерките и активностите нема да зависи од поединци, туку ќе бара вклученост на сите чинители. Целта на Планот за чист воздух е да се справи со најголемите загадувачи, односно загревањето на домаќинствата, сообраќајот и индустријата.
„Едно училиште во зимскиот период за греење на нафта троши од 30 до 40 илјади евра. За споредба, еден инвертор чини 250 евра. Со промена на начинот на греење, за почеток во градинките и во училиштата, ќе постигнеме двоен ефект – заштита на животната средина и заштеди во буџетите на овие установи и тие средства потоа ќе можат да се пренаменат за други потреби“, посочи Макрадули.
Во ова насока, заменик-министерот Макрадули рече и дека социјалните случаи коишто се греат на нееколошки средства ќе добијат директна помош од државата за замена на начинот на греење.
На бројните реакции на граѓаните дека 1,5 милиони евра се премалку пари за борба со аерозагадувањето, заменик-министерот Макрадули истакна дека тоа е само првичен буџет и дека кон средината на декември е предвидена донаторска конференција за прибирање дополнителни средства.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Мицкоски: Црвените линии на Венко се тројанскиот коњ, Бојко зборуваше дека дал пари, сега што ли е во игра?

На денешниот народен митинг во Куманово во рамките на изборната кампања за локалните избори 2025 година со слоган „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, обраќање имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при што се осврна на политичките трикови со црвените линии на Венко за кој рече дека се тројанскиот коњ.
„Ќе се осврнам и на политичките настани. Триковите веќе не поминуваат. Погледнете каков подарок од СДСМ сега спремаат за Бугарија. Тој подарок е тројански коњ, убаво спакуван, со таканаречени црвени линии, а всушност тоа е ново попуштање кон нашиот источен сосед. Нова бонбона бизнис која СДСМ ѝ ја дава на нашиот источен сосед. Се сеќавам, не заборавам, дека поранешниот премиер на нашиот источен сосед јавно зборуваше дека финансиски ја помогнал таа опција на СДС, партијата на чие челo е Венко, и тоа директно преку куферче пари кон неговиот гуру и ментор од Струмица. Сега не сакам да верувам, но многу е логично дека повторно тропнале на истата врата и повторно се надеваат на ново куферче, а подарокот кој што нашиот источен сосед може да го плати е пробив одвнатре – нов предлог за ново предавство на националните и државни интереси“ нагласи Мицкоски.
Мицкоски потенцираше дека политичките трикови на СДС и Филипче нема да поминат и дека врз грбот на националните и државни интереси нема да дозволи некои да градат политички кариери.
Но овој пат големата пречка за тоа сме ние народот на Македонија и ВМРО-ДПМНЕ, затоа што добро знаат дека тоа нема да дозволам да помине. Она што е непознато е само колку пари овој пат од кај нашиот источен сосед се слеале во раководството на СДС за да излезат во јавноста со ваков предлог па и бесрамно да го брендираат како резолуција со црвени линии зарем некој овде верува дека има малку патриотизам во СДС и ова раководство на СДСМ. Јас не верувам. Затоа да излеземе масовно на 19 октомври и да го заокружиме бројот 9. Тоа што за нашиот Источен сосед Венко е добар, за Македонците значи само едно – ново предавство, кое ние нема да го дозволам. Не постои цена не постои ништо коешто може да го извалка овој образ. Јас ветувам само чесна работа и дека ќе биде тешко но нема да биде срамно. Сите заедно одлучивме да го одиме тешкиот пат. Но не и срамниот пат. Националните и државни интереси нема да бидат крчма над која тие ќе ги градат своите кариери, а овој пат народот ги знае сите нивни трикови и ќе загубат дебело на овие избори“ заклучи Мицкоски.
Македонија
Филипче: Дали сега Мицкоски е криминалец што склучи договор со ИРД?

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, на граѓанската трибина во Свети Николе, ја коментираше последната информација дека Владата склучила договор со фирмата ИРД инженеринг, иако токму оваа компанија беше цел на жестоки напади од ВМРО-ДПМНЕ кога беше опозиција.
„Денес излезе информација дека Владата склучила договор со ИРД инженеринг – фирмата со која и нашата Влада имаше договор. Тогаш Александар Николовски и сите челници на ВМРО-ДПМНЕ секој ден држеа прес-конференции, обвинувајќи дека оваа фирма е криминална. Јавно го повикуваа обвинителството, тврдеа дека преку неа се перат пари. И денес договор со нив,“ рече Филипче.
Тој потсети дека ВМРО-ДПМНЕ со месеци водеше кампања со обвинувања за наводен криминал и за Бехтел и Енка, а сега, како што истакна, го прави истото што тогаш го критикуваше и ги продолжува истите проекти.
„Истото како со Бехтел и Енка, единствениот проект на кој сега нешто се работи. И тој беше ‘криминален’, според нив. Па ги прашувам јавно – што е разликата сега?“ праша лидерот на СДСМ.
Филипче јавно упати прашање до премиерот Мицкоски:
„Го прашувам јавно Мицкоски – дали си ти сега криминалец? Ако беше криминален проектот што ние го започнавме, ако беше криминален надзорот што го потпишавме, тогаш дали значи дека и ти си криминалец кога продолжуваш со истото?“
Македонија
Михајловски: Со заокружување на бројот 9, советниците ќе му служат на народот и на Куманово

Владимир Михајловски, носител на советничка листа на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во општина Куманово на денешниот митинг одржан во рамките на изборната кампања, под слоганот „Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“ истакна дека оваа советничката листа се разликува од останатите заради тоа што овие луѓе се професионалци, и докажани во својата работа.
„Оваа советничка листа се разликува од останатите, оваа советничка листа има луѓе кои природно и припаѓаат на Македонија, му припаѓаат на Куманово му припаѓаат на народот. И денес како предводник на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ ќе го кажам следново: Горд сум со луѓето што ги предводам, тоа се луѓе кои се истакнати професионалци, скромни но докажани во својата работа, во својата човечност“, рече Михајловски.
Михајловски потенцираше дека со заокружување на бројот 9 граѓаните ќе добијат правилно урбанистичко уредување, изградба на канализациони системи, изградба на спортски игралишта, субвенционирање на општинскиот спорт.
„Со заокружување на бројот 9 гласате за планско проширување на градот и правилно урбанистичко уредување, гласате за повеќе слободни паркинг површини, изградба на катни гаражи и ослободување на тротоарите, гласате за изградба на канализациони системи во населбите и обновување и одржување на постојните, за изградба на нови спортски игралишта и реновирање на постојните, гласате за субвенционирање на општинскиот спорт, за спортот на младите, и поддршката на локалните спортски клубови, гласате за борци за почиста животна средина, за почист воздух, за уредување на речните корита и изградба на паркови и зелени површини, гласате за ваш советник, достапен во секое време, подготвен да ги прими и да ги разгледа вашите предлози и додаде:
Ве повикувам сите масовно на 19 октомври да излезете и да гласате за овие прекрасни луѓе, овие професионалци, посветени, храбри и чесни луѓе, доаѓа време на луѓе кои не се тука да царуваат туку да му служат на народот и да му служат на Куманово, затоа да го направиме вистинскиот избор, за твојот човек, за твоето место, за твојата иднина.