Свет
Бројот на деца убиени со нож најголем во последните девет години

Оваа година најверојатно ќе биде најлоша во последната деценија според бројот на деца убиени во напади на нож со досега регистрираните 35 случаи во 2018 година. Толку смртоносни 12 месеци за децата немало од 2008 година кога 42 млади луѓе помлади од 19 години беа убиени со напади на нож, откриваат официјалните податоци објавени од „Гардијан“.
Весникот тврди дека бројките не биле објавени претходно и дека биле потребни 10-месечни преговори со Министерството за внатрешни работи за да ги добијат чувствителните информации.
Податоците откриваат дека најлоша година според бројот на деца убиени со нож била 2007 година, кога биле забележани 48 случаи, што значи дека 2017 година ќе биде трета најлоша година од 1977 година. Мнозинство од младите жртви во Лондон се од црнечката популација.
Во изминатите 10 години во Лондон се убиени 88 црни машки деца и тинејџери, а 16 од 18-те убиени годинава се млади црни тинејџери. Во цела Англија и Велс во деценијата до 2015 година, една третина од жртвите биле црнци, покажуваат податоците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Еди Рама вети бесплатни нови куќи за оние кои во пожарите ги загубија своите домови

По катастрофалните пожари кои деновиве зафатија делови од Албанија, уништувајќи домови и имоти, премиерот Еди Рама излезе со силно и директно ветување до сите настрадани граѓани. Во објава на социјалните мрежи, тој најави дека државата целосно ќе ги обесштети сите што претрпеле штета, вклучително и бесплатна обнова на секој уништен дом.
„Кој и да го изгубил својот дом, ќе го обновиме бесплатно, кој и да изгубил добиток, ќе го рефинансираме еден по еден“, напиша Рама на социјалните мрежи.
Оваа мерка, како што појасни министерот за одбрана Пиро Венгу, ќе се спроведува преку општините. Ќе се формираат посебни комисии за проценка на штетите на куќи, инфраструктура, бизниси и земјоделски култури, по што ќе следува обештетување од општинските фондови за цивилна заштита, поддржани од државниот буџет.
Свет
Трамп вели дека состанок за прекин на огнот во Украина организираат Путин и Зеленски

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговиот украински колега Володимир Зеленски и рускиот претседател Владимир Путин ќе одржат состанок за да се обидат да постигнат прекин на огнот и да ја прекинат војната во Украина.
„Навистина зависи од претседателот Зеленски да го стори тоа сега. Исто така, би рекол дека европските земји треба малку да се вклучат. Но, зависи од претседателот Зеленски. Ако сакаат, ќе бидам на следниот состанок“, рече Трамп во интервју за „Фокс њуз“ по средбата со Путин во Алјаска.
„Претпоставувам дека сега ќе закажат состанок меѓу претседателот Зеленски, претседателот Путин и мене“, додаде тој.
На прашањето каков совет би му дал на Зеленски, Трамп рече дека би му препорачал на украинскиот претседател „да склучи договор – Русија е многу голема сила“.
Свет
Владимир Путин доби писмо од Меланија Трамп за киднапираните деца за време на војната во Украина

Сопругата на американскиот претседател Доналд Трамп, Меланија, го покрена прашањето за тешката положба на децата во Украина и Русија во писмо до рускиот претседател Владимир Путин. Трамп лично му го предаде писмото на Путин за време на нивниот состанок во Алјаска, изјавија за американски медиуми претставници на Белата куќа.
Меланија Трамп не го придружуваше својот сопруг во Алјаска.
Претставниците на Белата куќа не открија детали за содржината на писмото, но рекоа дека во него се споменува киднапирањето деца за време на војната во Украина.
Киев го нарече киднапирањето на илјадници деца во Русија или на територии окупирани од руските сили без согласност на нивните родители или старатели – воено злосторство што ги исполнува дефинициите на ОН за геноцид.
Москва претходно изјави дека ги штити ранливите деца од воените зони.
Високиот комесар на ОН за човекови права изјави дека Русија предизвикала страдање на милиони украински деца и ги прекршила нивните права од почетокот на нејзината целосна инвазија на Украина во 2022 година.