Контакт

Култура

Данскиот филм „Ништо не се случува“ победник на осмиот „Анимакс“

Објавено пред

„Златната тула“ за најдобар анимиран филм на осмото издание на „Анимакс“ ја понесе данскиот филм „Ништо не се случува“ на авторката Мишел Кранот. Со втора награда („Сребрена тула“) се закити белгискиот филм „Гну“ од Николас Кепенс и Матијас Флипс, а „Бронзената тула“ ја доби естонискиот филм „Музеј“ од Аги Пак Ји Ли. Специјални награди добија македонскиот филм „Кружно патување на монахот“ на Жарко Иванов и бугарскиот филм „Грда Сказна“ на Радостина Нејкова за техника на анимација.

dobivaj vesti na viber

Детската публика го изгласа филмот „Гено“ од Грузија на Дато Кикнавелизе за најдобар детски филм.

За наградите одлучуваше меѓународната жири-комисија во состав Ана Недељковиќ (Србија), Надежда Маринчевска (Бугарија) и Гоце Цветановски (Македонија).

На четирите фестивалски дена на „Анимакс“ беа прикажани 50 краткометражни анимирани филма и 12 анимирани за деца во официјална конкуренција. Тие беа избрани од пријавените рекордни 3.234 анимации од 83 земји во светот, меѓу кои најголем број од САД, Англија и Франција, но и од Германија, Индија, Иран, Шпанија, Русија, Бразил и други.

На фестивалот беа одржани и две работилици за деца со наслов „Двајца се караат, сите губат„ и „Добар, лош, грд, убав, сè се тоа карактери“. На работилниците учествуваат 100-ина деца.

Настанот се одржа од 29 ноември до 2 декември со мотото „Не понекогаш. Засекогаш“ во Кинотеката на Македонија.

Фестивалот е во организација на продуцентската куќа Аурипигмент, во соработка со филмското училиште Тинтири-Минтири од Скопје, со поддршка од Агенција за филм на Република Македонија и Град Скопје, и во соработка со Кинотека на Македонија. „Анимакс“ е прв и единствен фестивал на анимиран филм во Македонија. Цел на фестивалот е подигање и градење на културата во поглед на изработка на анимирани филмови за возрасни и деца, кои презентираат различни аспекти од секојдневниот живот.

Култура

Изложба „Мрежи замесени, очи претечени, процеси пер-течени“ во КСП Центар-Јадро

Објавено пред

Вечерва, во 20:00 часот, во КСП Центар – Јадро ќе се oтвори изложбата „Мрежи замесени, очи претечени, процеси пер-течени“, дел од континуираната читачка група што веќе пет години функционира во рамките на програмата за критичка теорија и современа уметност.

dobivaj vesti na viber

Оваа година форматот е проширен – покрај теоретските средби, проектот вклучува и уметничко истражување кое ја поврзува теоријата со уметничката практика, отворајќи простор за нови форми на критичко изразување и дијалог со јавноста.

Темата за ова година „Јавен простор – Место за конфликт“ се фокусира на политичките, социјалните и економските сили што го обликуваат јавниот простор, како и на начините на кои пристапот, сопственоста и контролата влијаат врз неговата демократска природа.

Изложбата „Мрежи замесени, очи претечени, процеси пер-течени“ е создадена од уметниците Ивана Мирчевска, Елена Чемерска и Амир Карахасан, во рамки на процес инициран од Ѓорѓи Пулевски и модериран од Ивана Драгшиќ.

Таа истражува како телата, гестовите и блискоста стануваат облик на отпор и колективно преосмислување на јавниот простор – терен каде се судираат различни желби и логики на присуство. Во време кога просторот на градот се сведува на транзитна зона, изложбата предлага перформативен и поетски гест на враќање на чувството на заедништво, припадност и заедничко битисување

Прикажи повеќе...

Култура

Во македонскиот КИЦ во Загреб концертот на триото „30 прсти“ ја воодушеви загрепската публика

Објавено пред

Во македонскиот КИЦ во Загреб, пијано триото ,,30 Прсти” во состав Марија Вршкова, Весна Ангелова Христов и Петар Макариевски, со својот ексклузивен шестрачен пијано концерт приреди единствено музичко доживување за загребската публика.

dobivaj vesti na viber

Во својот поздравен говор директорката на македонскот КИЦ, Мими Ѓоргоска Илиевска истакна дека, камерниот ансамбл „30 прсти“со својот концерт во Загреб го продолжува своето уметничко патување, збогатувајќи ја областа на камерната музика и градејќи естетски тренд препознатлив дури и за најсофистицираните познавачи на уметничката музика.

Триото „30 прсти“ е првиот и единствен македонски ансамбл од ваков вид. Во последните три години, тие одржаа тринаесет концерти – десет во земјата и три во странство (Австрија, Бугарија, Србија). Посебен пресврт беше одбележан со минатогодишниот настап, кога за првпат во историјата на македонските пијанистички концерти изведоа дело за шестрачно пијано и камерен оркестар.

Негувајќи посебна љубов кон македонското музичко наследство, пијано триото ,,30 Прсти” во својот репертоар вклучува дела специјално напишани и адаптирани за овој уникатен ансамбл, што е предизвик и инспирација и за домашните композитори.

Концертот во преполната сала на македонскиот КИЦ во Загреб го проследија истакнати претставници на македонските и хрватските институции и организации во Загреб, бројни загрепчани, Македонци кои живеат, работат или се школуваат во Загреб, универзитетски профсори, студенти на Музичката академија во Загреб, како и претставници на државната и локалната самоуправа во Република Хрватска.

Прикажи повеќе...

Култура

Една од најголемите актерски икони за бракот со славниот режисер: „Застрашувачки. Не беше свесен колку бес има во него“

Објавено пред

Легендарната актерка Изабела Роселини (73) за првпат јавно проговори за својот турбулентен брак со режисерот Мартин Скорсезе (82) и за неговите напади на бес, во новиот документарен филм на „Епл“ – „ Господин Скорсезе“.

dobivaj vesti na viber

Роселини и оскаровецот Скорсезе беа во брак од 1979 до 1982 година, во периодот кога се снимаа неговите култни филмови „Разјарениот бик“ (1980) и „Кралот на комедијата“ (1982).

Ќерката на славните Ингрид Бергман и Роберто Роселини се потсети на режисеровите бурни испади на гнев кои, како што нагласува, никогаш не биле насочени физички кон неа, но создавале многу напната атмосфера.

„Знаеше страшно да се налути“, раскажала Роселини во третата епизода од серијата. „Не кон мене, но можеше да демолира цела соба. Еден негов пријател еднаш го снимил и му ја покажал снимката. Марти беше шокиран – не бил свесен колкаво ниво на насилство можело да излезе од тоа ситно, астматично тело. Беше како вулкан. Беше застрашувачки.“

Таа додава дека често не се ни сеќава на причините за таквите испади.

„Понекогаш тоа беше нешто ситно, безначајно. Ќе се разбудеше и ќе почнеше да вика: ‘Кога ќе го сретнам, ќе му кажам…’, а јас му велев: ‘Марти, денот уште не почнал’. Со време сфатив дека тој бес делумно беше негов погон, нешто што му даваше храброст. Тој беше мало момче од уличките на Италија кое одеднаш требаше да води големи продукции. Мислам дека таа енергија, иако деструктивна, му помагаше да издржи и да ги заврши филмовите. Беше комплексно да се живее со него“, рекла актерката.

Во документарецот и самиот Скорсезе се осврнува на тој период, признавајќи дека тогаш се борел со тешка депресија.

„Имав сериозни лични проблеми. До таа мера што не можев да го монтирам ‘Кралот на комедијата’, филмот ми излезе од контрола“, изјавил режисерот.

На прашањето дали бил депресивен, одговорил: „И те како. Никогаш не сум почувствувал таква депресија – се обидував да работам, но не можев. Имав проблеми, бев луд, се обидував да започнам нови врски, но ништо не успеваше. Да не беше мојот доктор, кој ме примаше пет дена неделно и ме повикуваше и за време на викенд, веројатно немаше да бидам жив. Бев на многу силни лекови и едвај преживував. Беше ужасно осамено, но тоа беше моја вина.“

Бракот со Роселини му беше трет по ред. Скорсезе се има оженето пет пати, а од 1999 година е во брак со продуцентката Хелен Морис, со која ја има ќерката Франческа (25). Од претходните бракови има и ќерки Кети (59) и Доменика (49).

Роселини, по разводот со Скорсезе, се омажи за поранешниот модел и директор во „Мајкрософт“, Џон Видеман, со кого ја има ќерката Елетра (42). Таа е мајка и на синот Роберто Роселини (43).

Прикажи повеќе...

Најново

Топ31 минута

На „Дижонска“ уапсен скопјанецот кој пукаше со пиштол во Чаир

Вчера околу 20 часот на улицата „Дижонска“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода 30-годишниот Р.Т....

Европа1 час

(Видео) Путин се пофали со „летачкиот Чернобил“, Трамп: Треба да ја завршите војната во Украина, а не да тестирате ракети

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека најавата на неговиот руски колега Владимир Путин за тестирање на крстосувачка ракета со нуклеарен...

Свет2 часа

Хеликоптер и борбен авион на американската морнарица се урнаа во одвоени инциденти во Јужното Кинеско Море

Два одделни инциденти во кои беа вклучени хеликоптер и борбен авион на американската морнарица се урнаа синоќа во Јужното Кинеско...

Македонија2 часа

Две сообраќајни несреќи и одрон на автопатот Скопје – Велес после патарината Сопот

На автопат Скопје – Велес после патарина Сопот пред тунелите на Башино село поради одрон на левата коловозна лента сообраќајот...

Европа3 часа

Полскиот премиер: Русите имаат една голема предност пред Европа

Полскиот премиер Доналд Туск откри дека украинскиот претседател Володимир Зеленски му рекол во неодамнешен разговор дека Украина е подготвена да...

Европа3 часа

(Видео) Голем напад со дронови врз Москва, одекнуваат експлозии

Москва беше цел на десетици дронови синоќа, потврди градоначалникот Сергеј Собјанин, кој информираше за ситуацијата во текот на целата ноќ....

Топ16 часа

Скопјанец ограбил две компании за брзи кредити, па го фрлил оружјето од Камени мост и побегнал во Хрватска

Обвинителството поведе истрага против 25-годишен скопјанец, осомничен за две разбојништва извршени во август оваа година во објекти на компанија за...

Македонија16 часа

Мицкоски: Кога Јакимовски бараше поддршка го замолив да нема бетонизација, а потоа ми рече ‘морам од нешто да живеам’

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, од маалска средба во општина Карпош порача дека е време за промена и крај на,...

Македонија18 часа

И меѓународната заедница гледа со неверување дека некој во 21 век може да се однесува така, рече Мицкоски по повиците за етничко гласање во вториот круг

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска од Брвеница испрати порака дека сите кои работат за иднината на државата имаат негова...

Македонија19 часа

(Видео) Филипче најави политички и кадровски промени во СДСМ

Претседателот на СДСМ,Венко Филипче, во изјава за медиумите по првиот круг од локалните избори истакна дека партијата бележи раст во...

Македонија20 часа

(Видео) СДСМ деновиве ќе одлучи кого ќе поддржи во општините каде што нема свој кандидат за градоначалник

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, изјави дека партијата во следните денови ќе одлучи кого ќе поддржи во општините каде што...

Свет22 часа

Двајца уапсени по спектакуларната кражба во Лувр: полицијата се сомнева на помош од внатре

Француската полиција уапси две лица осомничени за кражба на непроценливи крунски драгоцености од музејот Лувр, извршена на 18 октомври. Истрагата...

Свет1 ден

Трамп му постави услов на Путин: „Нема да губам време“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека нема да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин сè додека не се постигне...

Свет1 ден

Трговските преговори меѓу САД и Кина се во тек

Главниот кинески трговски преговарач Ли Ченгганг и кинескиот вицепремиер Хе Лифенг пристигнаа во Куала Лумпур за вториот ден од трговските...

Македонија1 ден

Метеоролозите најавуваат поинтенезивни врнежи ноќеска и утре, од среда стабилизирање

Времето денес променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, најпрвин во западните делови каде ќе бидат пообилни и поројни...

Македонија2 дена

Почина Агим Јонуз

Политичкиот анлитичар, Агим Јонуз, почина во Скопје на 63 години по боледување. Јонуз беше активен во политичкиот живот во Македонија...

Македонија2 дена

ВМРО-ДПМНЕ веќе има 35 градоначалници, рече Мицкоски по повлекувањето на опонентите од Могила и Македонски Брод, очекува 59

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски од денешниот митинг во Неготино изрази увереност дека кандидатката од ВМРО-ДПМНЕ која има...

Свет2 дена

Трамп: Имам многу добар однос со кинескиот претседател, сакам да ми помогне со Русија

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се надева на помош од Кина во решавањето на ситуацијата со Русија и завршување...

Македонија2 дена

На гласачките ливчиња ќе останат имињата на кандидатите од Могила и Македонски Брод кои се повлекоа пред вториот круг

Независните кандидати од Могила и Македонски Брод, Сашо Пивковски и Милосим Војнески се повлекоа од изборната трка, но нивните имиња...

Македонија2 дена

Масакрот на кучиња во Кичево не бил пријавен во МВР, полицијата постапува по допрен глас

Министерството за внатрешни работи постапува по допрен глас, по извештаите за убиства на повеќе од 40 кучиња во Кичево пред...