Црна хроника
По речиси седум години екстрадиран криминалецот Алмир Дрпљанин

По речиси седум години во понеделникот попладне од Косово во Македонија беше екстрадиран озогласениот криминалец Адмир Дрпљанин кој во Македонија е осуден на доживотна казна затвор за убиството на полицаецот Африм Арифи во близина на Природно-математичкиот факултет во Скопје што се случи во 2008 година.
Дрпљанин беше уапсен во Урошевац (Феризај) пред две години кога полицијата во неговиот стан пронашла големо количество оружје. Освен за убиството пред ПМФ, Дрпљанин се поврзува и со убиството што се случи во Визбегово поради крвна одмазда, се сомничи за грабежот на Прокредит банка, за ограбувањето на возилото на Комерцијална банка како и за грабежот на возилото на Македонски пошти во Чаир и други грабежи во кои имаше повредени и убиени./крај/мвр
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.