Свет
Гутереш: Сериозно да се сфати опасноста од глобалното затоплување
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, ги повика светските лидери сериозно да ја сфатат опасноста од глобалното затоплување и да преземат одлучна акција за да спречат катастрофален пораст на температурите.
„Климатските промени се најважното прашање со кое се соочуваме“, порача Гутереш на свеченоста во рамките на самитот на Обединетите нации за климата во полскиот град Катовице, пренесе АП.
Првиот човек на светската организација ги прекори земјите, особено оние што се најодговорни за емисиите на штетните гасови, што не направија доволно да ги исполнат целите од парискиот климатски договор.
Договорот потпишан во 2015 година го поставува како цел одржувањето на глобалното затоплување под нивото на два Целзиусови степена, при што идеалното ниво би било 1,5 степен до крајот на векот.
Гутереш ги повика земјите да вложат напори до 2050 година процентот на штетните гасови што се емитуваат да биде нулта и радикално да се намали употребата на фосилните горива.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Техеран ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи и објави 40 дена жалост
Иранскиот државен радиодифузер ја потврди смртта на врховниот лидер Али Хамнеи, неколку часа откако САД и Израел соопштија дека тој е убиен во вчерашните воздушни напади, објави „Иран интернешнл“.
Кратко по објавата за смртта на лидерот, иранскиот кабинет објави седумдневен државен празник и 40 дена национална жалост.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.
Фото: ЕПА
Свет
Убиени и ќерката, зетот и внукот на ајатолахот Али Хамнеи, јавуваат иранските медиуми
Ќерката, зетот и внукот на врховниот лидер на Иран, Али Хамнеи, се убиени во нападите, соопшти новинската агенција “Фарс“, која е поврзана со Корпусот на Исламската револуционерна гарда, повикувајќи се на „добро информирани извори“ во канцеларијата на врховниот лидер, објави вечерва „Би-Би-Си“.
„Фарс“, исто така, соопшти дека „една од снаите на ајатолахот Хамнеи е исто така убиена во нападите“.
Извештаите за смртта на снаата и зетот на Хамнеи претходно циркулираа, но подоцна беа демантирани.
Иранските власти сè уште официјално не ја потврдија смртта на самиот врховен лидер на Иран.
Фото: ЕПА
Свет
(Видео) На улиците на Техеран, Иран, се слави убиството на Али Хамнеи
Со музика и танцување вечерва жителите на многу ирански градови слават за убиството на лидерот на Исламската Република, ајатолахот Али Хамнеи, објави на социјалните мрежи „Иран интернешнл“.
Видео од Техеран покажува насмеани луѓе излезени на улица откога ја добиле веста дека Али Хамнеи е убиен.
Во Караџ голем број граѓани танцуваат на улица, а жителите пак на Бандар Абас се излезени на улиците со автомобили и слават со сирените.
86-годишниот Али Хамнеи беше на власт речиси четири децении, од 1989 година. Имаше врховна власт, владееше со владата, со војската и со судството во шиитската Исламска Република.

