Европа
Папата Франциско: Хомосексуалците не би требало да стануваат католички свештеници
Мажите со длабоко вкоренети хомосексуални склоности не би смееле да бидат примени во свештеничките редови, а свештениците што се активни хомосексуалци би било подобро да ја напуштат Црквата отколку да водат двоен живот, порачува папата Франциско во новата книга „Силата на професијата“, која в недела би требало да биде објавена на 10 јазици.
Папата вели дека хомосексуалноста во Црквата е загрижувачка. „Прашањето за хомосексуалноста е многу сериозно“, вели тој и додава дека оние на кои им е доверена должноста да подготвуваат момчиња за свештеници мора да бидат сигурни дека кандидатите се хумано и емоционално зрели. Тоа се однесува и на жените што сакаат да станат калуѓерки.
Како што пренесува „Гардијан“, папата смета дека да се биде хомосексуалец е во мода и дека свештенството е подложно на тоа.
Во Католичката црква свештениците и калуѓерките мора да се заколнат на целибат. Црквата учи дека хомосексуалните склоности не се грев сами по себе, но дека делата се грев.
Папата ги повикува хомосексуалците и лезбијките меѓу свештениците и калуѓерките да го почитуваат целибатот и да се однесуваат одговорно за да избегнат скандал. „Подобро е да ја напуштат свештенската служба отколку да живеат довен живот“, вели тој.
Своите ставови за хомосексуалноста папата ги искажал во интервју дадено во средината на август. Две недели подоцна, надбискупот Карло Марија Вигано, поранешен ватикански амбасадор во САД, предизвика голем скандал велејќи дека во Ватикан постои хомосексуална мрежа, чии членови меѓусебно си помагаат за да напредуваат во Црквата. Исто така, тој го обвини папата дека го игнорира случајот со поранешениот американски кардинал Теодор Мекерик (88), обвинет за сексуално вознемирување ученици во католичко училиште.
Во 2013 година, само неколку месеци по преземањето на функцијата, папата Франциско рече: „Ако некој е хомосексуалец и го бара Господ и има добра волја, тогаш кој сум јас да му судам?“, што е далеку помек тон за хомосексуалноста од оној искажан во интервјуто.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Намалениот број на станови доведе до раст на кириите во Германија
Растат кириите во Германија поради немањето станови во услови на високи градежни трошоци и кредити. Сето тоа го запре градежниот сектор и побарувачката, но и ги намали цените на квадратот, се вели во извештајот на здружението на банките.
Становите во Германија поевтиниле за 4,3 отсто во првиот квартал во однос на истиот период лани, објави здружението на германските банки„Pfandbrief“.
Цените за изнајмување на нови станови се зголемени за 5,6 отсто. Трендот на поскапување на кириите нема да запре, оценуваат од здружението.
„Пазарот за изнајмување станови е под огромен притисок. Побарувачката значително ја надминува понудата“, рече извршниот директор на здружението, Јенс Толкмит.
Трошоците за изградба значително се зголемија во последните години поради повисоките каматни стапки на кредитите и значително повисоките трошоци за работна сила и цените на градежните материјали. Во вакви услови се намали бројот на одобренија за градба, а побарувачката ослабе, што резултираше со пониски цени на становите, смета министерот за финансии.
Според податоците на здружението на банките, цените на недвижностите најмногу паднале во Минхен, за 5,3 отсто.
Во исто време, падот на градежната активност го продлабочува „недостигот“ на станови, зголемувајќи го натамошниот раст на закупнината, кој би можел да продолжи уште некое време.
Здружението оценува дека цените на станбените недвижности треба да се стабилизираат во догледна иднина, за разлика од комерцијалните недвижности, како што се деловните згради и трговските центри.
Цените во тој сегмент паднаа за речиси 10 проценти на годишно ниво и се уште не се гледа „дното“, вели првиот човек на здружението.
Проценките се базираат на податоци за работењето на повеќе од 700 банки кои се активни во финансирањето на недвижен имот, а не на понуди за купување и изнајмување кои служат како основа за Заводот за статистика, забележуваат тие во здружението.
Европа
(Видео) Драма на небото над Трст: забележана несекојдневна појава
Во внатрешноста на заливот Трст, во близина на границата со Словенија, во вторникот попладне се формирал вител.
Италијанските медиуми јавија дека невремето не предизвикало материјална штета, ниту било закана за населението. Интервенцијата на пожарникарите и на пристанишните служби не била потребна.
Waterspout reported in the North Adriatic between the town of Muggia and Koper a few hours ago.
Original video shooting from meteoradar
➡️ https://t.co/SXbq5rbWaj pic.twitter.com/XxRu57Gohs— Alpine-Adriatic Meteorological Society (@aametsoc) May 7, 2024
Италијанската метеоролошка агенција објасни дека ваквите појави не се воопшто ретки и дека се резултат на екстремна нестабилност на атмосферата.
Областа на низок воздушен притисок, која владее со поголемиот дел од Италија, донесе влажни струи во Трстскиот Залив.
„Во овие временски услови, неколку пати годишно може да се појават воздушни вртлози, кои во повеќето случаи се распаѓаат на море“, објаснуваат италијанските метеоролози.
Европа
Венеција заработи огромна сума на пари со наплата на влезници во градот за само 11 дена
Новововедениот билет за туристите на еднодневно патување во Венеција на градот му донесе приход од 975 илјади евра во првите 11 дена од пробниот период.
Билетот, кој првпат беше воведен на 25 април, се наплаќа по стандардна цена од пет евра.
Градот објави дека продал вкупно повеќе од 195.000 билети, што е малку над очекувањата, пренесува Независне новине.
Влезот ќе се наплаќа во повеќето саботи и недели до средината на јули, кога градот ќе ја разгледа цената.
Како општо правило, целодневните посетители помеѓу 8:30 и 16:00 часот се обврзани да платат влезница и да добијат QR код, кој служи како доказ за плаќање. Ако не го сторат, може да платат казна од 300 евра.
Домашните жители, гостите кои преноќуваат, студентите и децата под 14 години се ослободени од плаќање.
Со околу 15 милиони посетители годишно, Венеција е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот.
Масовниот туризам му носи многу приходи на градот, но и гужвите создаваат големи проблеми. Не е познато дали Венеција ќе ја задржи таксата по пробниот период.