Македонија
Се скараа Фатиме Фетаи и Бедредин Ибраими на судењето за „Титаник 2″
Обвинетиот Бедредин Ибраими во предметот на СЈО, „Титаник 2“, на почетокот од рочиштето рече дека имал забелешки на записникот од претходното судење и дека судот не го почитува начелото на објективност во судската постапка и дека Обвинителството крие докази.
„Новинарите прават атракција. Штом дојде Мијалков, навалија камерите“, рече Ибраими. Судијата Огнен Ставрев го предупредуваше Ибраими да го скрати обраќањето.
Почна дискусија на висок тон. Обвинителката Фатиме Фетаи рече дека Ибриами може да говори и 2 часа во судницата, но треба да објасни што се забелешките: „Дали е забелешка на записникот, дали е одбрана, дали е завршен збор“.
„Јас сум деталист и перфекционист“, рече Ибраими. Тој исто така рече дека судот му одбива сè што ќе предложи.
„Како странка немам рамноправен третман и со право се сомневам во непристрасноста на судот“, рече обвинетиот.
„Немате добра меморија“, му возврати Фетаи. „Да имавте, ќе си останевте на зборот“, рече обвинителката.
На денешното рочиште сведочи Адмир Шабани, поранешниот портпарол на ДИК од 2013 година.
Предметот „Титаник 2“ е во доказна постапка со изведување докази на обвинетите. Во овој предмет обвинети се Мендух Тачи, лидерот на ДПА, ексшефот на УБК, Сашо Мијалков, и поранешните членови на ДИК, Бедредин Ибраими, Анета Стефановска, Влатко Сајковски и Сашо Срцев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Сообраќајот на ГП „Богородица“ е нормализиран
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ (ГП Евзони) од 21 часот е нормализиран, информира АМСМ.
Поради блокада на границата за влез и за излез во текот на целиот ден, колони возила чекаа на граничниот премин „Дојран“ за влез во земјава. Претходно од АМСМ информираа дека од 11:00 часот сообраќајот на ГП „Евзони“ (Богородица) е блокиран за влез и излез поради штрајк на земјоделците.

На ГП „Дојран“ сообраќајот се одвива непречено, но поради зголемен интензитет има задржувања за влез во државата.
Македонија
Алијанса за Албанците на 27 декември ќе одржи собрание за реогранизација на партијата
На последниот состанок на Претседателството на Алијансата за Албанците, каде што се дискутираше за политичките случувања во земјата и понатамошните чекори кон структурирање на органите, членовите на Претседателството едногласно гласаа за одлуката за свикување на партиското Собрание, соопштија од партијата.
Според најавата, Собранието ќе се одржи на 27 декември и ќе се дискутира за реорганизација на структурите и органите на партијата, партиските политики и важните стратешки документи.
„Алијансата за Албанците продолжува да останува во одбрана на националната кауза, гласот на артикулирање на уставните и законските права на Албанците и зачувување на евроатлантската ориентација на земјата како единствен пат за перспективата на граѓаните“, пишува во соопштението.
Македонија
Повторно во прекин сообраќајот на „Богородица“
Сообраќајот на граничниот премин „Богородица“ кон Грција (ГП „Евзони“) од 17:00 часот повторно е во прекин, информира АМСМ.
Сообраќајот беше во прекин од 11:00 часот поради штрајк на земјоделците.
Во 15 часот повторно беше нормализиран, а сега повторно е затворен.
На ГП „Дојран“ има задржувања за влез во државата.

