Македонија
Израелската амбасада донира 48 специјални колички за деца

На меѓународниот Ден на лицата со попреченост, израелската амбасада донира 48 специјални колички за деца.
Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес-конференција се заблагодари за донацијата и заедно со амбасадорот Дан Оријан некои од количките ѝ ги предаде на Детската клиника во Скопје.
„Предизвиците на Министерство за здравство се да ги отстрани сите видови бариери за овие лица, да создаде развој и поголема достапност на нови сервиси за поддршка, подигнување на капацитетот на сите институции и нивна поголема вклученост во општеството“, рече министерот Филипче.
Пет од овие колички ќе бидат распределени на Универзитетската клиника за детски болести, дел ќе оди на Детската хирургија, во клиничките болници во Битола, Прилеп и во Штип, во Заводот за рехабилитација -Скопје, но и во други здравствени установи во земјата.
Количките го олеснуваат движењето на децата пациенти во болнички услови.
Министерство за здравство ѝ се заблагодари на израелската амбасада за донацијата. Најавена е соработка и во следниот период.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Метеж на Табановце и Богородица, се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за влез и ГП Богородица за излез од државата се бележи зголемена фреквенција на возила, времето на чекање е околу 30-40 минути. На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата, извести АМСМ.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Делови од Гази Баба и Студеничани денеска без вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, информира дека, денеска:
· поради промена на шибер ф 100 мм на улицата Карл Либкнехт бр.84, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Карл Либкнехт, Анри Барбис, Темко Попов и дел од Карл Хрон од 09:00 часот до завршување, Гази Баба;
· поради санација на усисна цевка во ПС Моране (викенд населба), можно е да има мал прекин на водоснабдување во село Моране, во периодот од 08:00 па се до завршување на работите, општина Студеничани.
Македонија
Без струја делови од Гази Баба и Кисела Вода

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН Македонија АД, информира дека: поради технички зафати во електродистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 06.30 до 12.00 часот, дел од улицата Перо Наков фирмите, Јогомеркур, Осоговски, Макохемија, Стокомак, објектите до Стокомак на улицата Перо Наков, Златно Жито и Потрошувачите на улицата Маџари, општина Гази Баба;
· во периодот од 08.00 до 11.00 часот, дел од населбата Припор, по главната улица Христо Татарчев, општина Кисела Вода.