Контакт

Македонија

(Видео) Заев: Секој поединец е посебен на свој начин и секој заслужува еднаква шанса и можност за остварување на своите права

Објавено пред

Основното начело на оваа Влада е признавање на вроденото достоинство и вредност и еднаквите неотуѓиви права на сите членови на нашата заедница како темел на слободата, правдата и мирот во светот, порача премиерот Зоран Заев на одбележувањето на меѓународниот Ден на лицата со попреченост.

dobivaj vesti na viber

„Се залагаме и работиме на создавањето еднакво општество за сите. Како држава, на 30 март 2007 година ја потпишавме, а на 5 декември 2011 година ја ратификувавме конвенцијата за правата на лицата со попреченост. Конвенцијата претставува прв меѓународно правен и обврзувачки инструмент преку кој се утврдуваат минимум стандарди за правата на лицата со попреченост“, истакна премиерот Заев.

Тој потсети на признанието што ѝ беше оддадено на Република Македонија од Комитетот за правата на лицата со попреченост на Организацијата на Обединетите нации, кој ја препозна нашата земја како една од оние што прави крупни позитивни промени за остварување на правата на лицата со попреченост.

Премиерот Заев ја истакна заложбата на Владата за инклузивност во креирањето политики и нагласи дека акцискиот план, кој ќе придонесе за забрзано спроведување на насоките од конвенцијата, пред неколку месеци го подготви националното координативно тело во соработка токму со граѓанските здруженија на лица со попреченост.

„Сите ние што денеска сме тука мора да работиме тимски за да ја исполниме целта на годинешното мото на меѓународниот Ден на лицата со попреченост – ‘зајакнување на лицата со попреченост и обезбедување инклузивност и еднаквост бидејќи навистина се огромни придобивките од интегрирањето на лицата со попреченост во секој сегмент на општеството’“, истакна Заев.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, истакна дека особено ѝ е драго што денеска на меѓународниот Ден на лицата со попреченост повеќе нема деца од 0 до 18 години во Демир Капија. Последната група деца замина од Заводот и е сместена во мал групен дом во Скопје.

„По барање на родителите, од 2019 година со новиот Закон за социјалната заштита, правото за попреченост се проширува и за лицата со интелектуална попреченост. Додатокот за надоместок за плата за скратено работно време за родител што чува дете со попреченост се зголемува на 50 отсто од просечна нето-плата. Воедно, се воведува таканаречен траен надоместок за родител, кој се грижел за детето со попреченост до неговата 26-годишна возраст, кое не било сместено во институција. Ќе може да го користи секој родител што не работи по наполнување 62 години за жена, односно 64 години за маж“, информира Царовска.

И националниот координатор. Спасе Додевски. истакна дека и улогата што меѓународните организации, како што се ОБСЕ, УНИЦЕФ и УНХЦР, е битна во целокупниот напор што се прави за инклузија на сите граѓани во сите процеси во општеството.

„Најголемата гордост и придобивка, како основен принцип и на претседателот на Владата на Република Македонија, на Владата на Република Македонија, како и на националниот комитет за имплементација на конвенцијата на ООН за правата на лицата со попреченост, е градење партнерство со лицата со попреченост преку невладините организации и со оваа соработка заедно, полека, но сигурно, ги рушиме бариерите кон зацврстувањето, инклузијата и еднаквоста“.

На овој настан свое обраќање имаше и шефот на делегацијата на Европската Унија во Република Македонија, Самуел Жбогар, кој истакна дека лицата со попреченост имаат право на еднаков пристап до образование, вработување, здравствен и социјален и културен живот на иста основа, како и лицата што немаат никаква попреченост. Се обрати и претставникот на Националниот совет на инвалидските организации на Македонија, Чедомир Трајковски, кој истакна дека поддршката едни на други е суштинска во создавањето еднакво општество за сите.

Македонија

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Објавено пред

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот. Како знаете, дека вие можете однапред да ветите нешто што не е ваша надлежност?, му порача кандидатката за претседателка од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова на нејзиниот опонент Стево Пендаровски во телевизиско соочување вечерва.

dobivaj vesti na viber

„Деновиве Макрон даде изјава дека ЕУ не е само територија, туку е концепција на човештвото и правото. Е, од тоа тргнувам и јас кога размилувам за ЕУ. За нејзините темелни вредности и принципи без кои таа не е политине заедница туку е само машинерија. Значи таа не е догма. Што ќе направам јас? Најпрво ќе направам регионални чекори. Штом ќе завршат изборите јас сакам да разговарам со моите соседи и заради регионалната политика и заради очекуваната поддршка од нив. Сакам да објаснам дека и кога има една преговарачка рамка не е логична заканата со вето. И дека може, дури и кога преговарачката рамка е ваква, низ интерпретација поинаква да се примени. Од типот, ако вие речете дека нема да употребувате вето за идентитески прашања, за историските дилеми и слично, протоколите, туку за Копенхагенските критериуми, јас ќе бидам сосема согласна. Значи, мислам дека е време кога ќе се смени власта, да чуе што мислиме и ние. Оти тоа е дијалогот што е нужен за добрососедски односи. Ако некој не го кажувал и ова досега, веројатно и тогаш било се во нивни раце“, рече Силјановска-Давкова.

Понатаму, како што додаде, како никој не се сетил да им каже на оние од Советот и од Европската комисија и сите останати со тоа се рушат темелните вредности на ЕУ? Бидејќи ЕУ гарантира во членот 4 почитување на уставните и политичките структури, немешање во внатрешните работи, почитување на дигнитет и интегритет, различности, неставање на билатерални спорови во рамката. Ако тоа не го кажете, вие ќе останете на прагматичните решенија.

Доаде и дека ниту еден од темелите на кои почивала програмата на Пендаровски во 2019 година не останале. Сите се урнале и ништо не е остварено.

Прикажи повеќе...

Македонија

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Објавено пред

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и само личен интерес, реагира СДСМ по обвинувањата кои ги упати Максим Димитриевски од ЗНАМ, дека дозволиле  отварање на бугарски клубови во Македонија и нивната ароганција е ненадминлива.

dobivaj vesti na viber

„За тоа кој ги отвораше клубовите со имиња како Ванчо Михајлов адресата е Белиот дворец на ДПМНЕ. Многу позната адреса каде ЗНАМ ги договара идните чекори за соработка заедно со поддршката на Гордана Силјановска Давкова.

Освен сликите на Ванчо Михајлов по штабовите на ДПМНЕ доволно говорат сликите на Мицкоски со основачите на тие клубови по манастирите низ државава за кои не слушнавме ниту збор од ЗНАМ.

Дали е тоа поради враќање на стари долгови за локалните избори 2021 година во Куманово или нови долгови јавноста ќе види многу скоро“, се вели во реакцијата на СДСМ.

 

Прикажи повеќе...

Македонија

Утревечер и во петок нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Објавено пред

Времето утре ќе биде променливо облачно.

dobivaj vesti na viber

Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Услови за пороен дожд ќе има во текот на ноќта. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.

Во Скопје променливо облачно. Од пладневните часови во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирана појава на краткотрајно невреме. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 23 степени, јавува УХМР.

Во наредните денови, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Утре, во ноќта кон петок и во петок на повеќе места ќе има развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град.

Дневната температура од утре до сабота ќе биде во постепено опаѓање, а во недела ќе се покачи за 2 до 4 степени..

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 часа

Силјановска: Како никој не се сети да им каже во ЕУ дека самите во член 4 гарантираат немешање во внатрешните работи и почитување на уставните структури

Како може некому да ветите дека ќе го смените Уставот, кога Уставот може да го сменат само пратениците во Уставот....

Македонија5 часа

СДСМ за Димитриевски: Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци

Ароганција е кога човек-партија одработува против своите довчерашни сопартијци и во тоа нема ништо социјалдемократски ниту вредносно туку единствено и...

Македонија6 часа

Пендаровски: Не велам дека Европската преговарачка рамка е во ред, ама е договорена од 27 држави – ние или ја прифаќаме, или ја одбиваме

Во вечерашниот телевизиски дуел помеѓу двата претседателски кандидати, Пендаровски се осврна на неговиот концепт за напредок на државата, за кој,...

Свет9 часа

Борел: Западен Балкан има историска можност да ја поврзе својата иднина со ЕУ

Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Жосеп Борел,  по повод 20-годишнината од најголемото проширување на ЕУ, изјави...

Македонија10 часа

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отварање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Движењето ЗНАМ – За наша Македонија денеска по повод празникот на трудот Први Мај организираше пикник во Пелинце. Претседателот на...

Македонија13 часа

Демократски сојуз: Народот не може да создаде толку колку што власта може да украде

Демократскиот сојуз на сите работници им го честита Меѓународниот Ден на правата, 1-ви Мај. „Во услови на влошена економско-социјална положба...

Македонија13 часа

„Колку повеќе не напаѓаат посилни не прават“ – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Претседателот на ССМ Слободан Трендафилов на денешниот протест порача дека работниците даваат црвен картон на Врховниот судот за неговата одлука...

Македонија14 часа

Европски фронт: Ветингот, услов за нова Влада

Арта Билали Зендели, претставник на Европскиот фронт  на прес- конференција истакна дека ветингот ќе биде услов за новата Влада. Според...

Македонија14 часа

СДСМ не ја прифаќа понудата на Максим Димитриевски

Граѓаните и гласачите на СДСМ веќе ја препознаваат измамата која им е сервирана од страна на ЗНАМ и непринципиелните коалиции....

Македонија15 часа

Силјановска Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Гордана Силјановска-Давкова порача од Струмица дека ќе се вивне политичкиот вулкан како отпор на феудалните енклави на замислените европјани. „Во...

Македонија16 часа

Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС, со распределбата на ваучерите направен милионски криминал, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Милионерот Дарко Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на Агенциојата за млади и спорт, АМС, со распределбата на ваучерите направен...

Македонија16 часа

Од денеска жичницата на Водно ќе работи два часа повеќе од досега

Од ЈСП Скопје информираат дека дека поради празникот 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот, јавниот превоз ќе сообраќа по...

Македонија17 часа

Колони возила на Богородица, се чека и по еден час

Според информациите на граничниот премин Богородица за излез од Македонија се чека и по еден час за возила кои се...

Свет17 часа

Небензја: Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница

Рускиот амбасадор во Обединетите нации Василиј Небензја изјави дека Русија е категорично против резолуцијата за Сребреница во Генералното собрание на...

Свет17 часа

Шојгу нареди да се обезбеди повеќе оружје за војната во Украина

Министерот за одбрана на Русија, Сергеј Шојгу нареди што поскоро да се обезбеди поголемо количество оружје за воената операција во...

Свет18 часа

(Видео) Се урна дел од автопат во Кина: возила паднаа во провалија, десетици мртви

Се урна автопат во провинцијата Гуангдонг во јужна Кина. Дел од автопатот се урна рано наутро во јужна Кина, при...

Македонија18 часа

Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест и низа барања до новата влада

Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100...

Македонија1 ден

Каевски: Обвинувањата на ОЈО се неосновани и тенденциозни, тврдам дека го немам прекршено законот

Поранешниот директор на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски ги отфрли сите обвинувања на ОЈО против него, кои, како...

Македонија1 ден

Ковачевски: Условувања не прифаќаме, СДСМ е државничка партија

СДСМ не прифаќа никакви условувања и со никого нема да прави политички дилови, особено не со некого кој веќе се...

Македонија1 ден

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Додека од власта зборуваат за интеграции, ја купуваат „Соравија“ додека тие се колнат лажно во европските вредности, им течат тендери...