Македонија
Одложено рочиштето за „Таргет – Тврдина“, одбраната на Мијалков немала време за консултации
Се одложи денешното рочиште за предметот „Таргет – Тврдина“ по барање на одбраната на обвинетиот Сашо Мијалков, ексдиректорот на УБК. Барањето за одложување е поради закажаната јавна седница на кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 на која ќе се расправа по жалбата на Мијалков за притворот за случајот „Империја“.
„Имајќи предвид дека Мијалков е во притвор и вчера имаше рочиште за „Титеник 2“ и фактот дека одбраната немаше доволно време за консултации, бараме одлагање на денешното рочиште“, рече адвокатот на Мијалков, Петар Василевски.
Тој додаде дека по завршувањето на јавната сеница, која треба да се одржи денеска во 11 часот, одбраната нема да биде во состојба да продолжи со друго рочиште. Василевски им се извини на обвинителите, на сведокот и на јавноста што поднеле вакво барање, но смета дека е од објективни причини.
Судот го прифати барањето на одбраната, иако одбвинителите на СЈО побараа да се направи обид за денеска да продолжи рочиштето за „Таргет – Тврдина“.
Денеска беше повикан да сведочи сведокот Ѓорги Лазаревски, поранешен вработен во УБК.
Следното рочиште за „Таргет – Тврдина“ е закажано за 13 декември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

