Вести
Amnesty го обвинува Израел за воени злосторства

Израелската армија извршила воени злосторства во текот на нејзината борбена операција ова лето во палестинската енклава Појасот Газа, и поради тоа треба да биде поведена истрага, оцени во вторникот меѓународната организација за заштита на човековите права Amnesty International.
Израелската армија извршила воени злосторства во текот на нејзината борбена операција ова лето во палестинската енклава Појасот Газа, и поради тоа треба да биде поведена истрага, оцени во вторникот меѓународната организација за заштита на човековите права Amnesty International.
Уривањето на четирите висококатници во последните четири дена од педесетдневната воена операција во јули и август годинава претставува кршење на меѓународното хуманитарно право, објави споменатата невладина организација за човекови права.
„Сите елементи со коишто располагаме покажуваат дека споменатите разорување се изведени произволно и беа воена оправданост“, изјави за AFP Филип Лутер, директорот Amnesty International за Блискиот исток и Северна Африка.
Фактите и изјавите на израелските војници кои учествувале во операциите укажуваат на тоа дека некои напади претставувале „колективна казна за населението на Газа“, насочена на уништувањето на нивната сопственост, истакнува Лутер.
Во војната во Појасот Газа животите ги загубија 2.200 Палестинци, претежно цивили од кои стотици деца, тврдат палестинските болнички претставници. Од израелска страна, пак, се пријавени 67 воени жртви и шест цивили.
„Воените злосторства мора да бидат истражени независно и непристрасно, а на одговорните треба да им се суди во рамките на праведно судење“, вели Лутер.
Израел засега не одговори на овие обвинувања од страна на Amnesty International.
Израелската армија, пак, од своја страна објави во неделата дека започнала осум нови истраги за своите воени операции во палестинската енклава Појасот Газа вклучително и случајот во врска со загинувањето на 30 Палестинци.
Интерните истраги би требало да им помогнат на израелските настојувања да се оспорат истрагите на Комисијата за човекови права при ОН за можни воени злосторства коишто ги извршиле израелската војска и палестинските милитанти во текот на 50-дневниот судир во Појасот Газа во јули и август годинава.
Израелските власти соопштија дека нема да соработуваат со Комисијата на светската организација, обвинувајќи ја за пристрасност./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.