Македонија
Иванов на Универзитетот во Вроцлав: Македонија се соочува со најголемиот предизвик од нејзиното формирање
Република Македонија се соочува со можеби најголемиот предизвик од нејзиното формирање, а тоа е да се одрече од историското право и правото на самоопределување, рече претседателот Ѓорге Иванов на предавањето на Универзитетот во Вроцлав, во рамките на работната посета на Република Полска.
„Грција со спогодбата од Преспа ни наметнува ново име и бара тоа да се применува ерга омнес – и за меѓународна и за домашна употреба. Предвидено е да го промениме Уставот. Преку оваа спогодба Грција ќе добие постојан надзор за тоа како ние ќе се именуваме себеси, но и како другите држави ќе ни се обраќаат нам“, рече претседателот Иванов.
„Со спогодбата ќе се преименуваат нашите институции, ќе се цензурира содржината на учебниците на нашите деца, ќе се спречува правото на граѓаните да го изразуваат својот македонски идентитет. Се регулира именувањето на нашиот македонски јазик. Еден многу важен дел од нашиот начин на живеење ќе зависи од волјата на Грција. Тоа е цензура на светот и автоцензура на колективната свест на македонскиот народ. Тоа е насилство врз нашата историска меморија. Она што грчката држава им правела на Македонците во Грција, сега, со преспанската спогодба, сака да им го направи и на Македонците во Република Македонија“, рече Иванов.
Во предавањето претседателот Иванов се осврна на делото на Блаже Конески, кој како лингвист и книжевник се посветил на развојот на македонскиот литературен јазик и кому во 1973 година му беше доделен почесен докторат на Универзитетот во Вроцлав.
Пред 45 години токму вашиот престижен универзитет му додели почесен докторат на академик Блаже Конески, што е прва таква титула за Македонец во Полска. Со сè што правеше, Конески и неговата генерација за многу кратко време го издигнаа македонскиот јазик во современ европски јазик со светла иднина. Но, таквиот успех ги разбудил старите балкански сеништа на негирањето. Македонскиот јазик и денес сè уште се соочува со многубројни оспорувачи, кои, обидувајќи се да го избришат или преименуваат, вршат еден вид симболична опресија врз македонскиот идентитет“, рече Иванов.

Најголемиот показател за вредностите на една нација, според претседателот Иванов, е консензусот за она што не е за продажба, она за што не може да се пазари и преговара.
„Денес, за жал, некои од големите придобивки за кои се изборил се доведуваат во прашање. Дојдоа генерации кои како да го заборавија заветот на Конески и почнаа да се пазарат со оние што претендираат да го држат клучот на нашето минато“, рече претседателот Иванов.
„Нашата сила е во нашата различност, а нашата различност е гарантирана со нашето единство. Израз на тоа единство е македонскиот јазик“, рече претседателот Иванов.
Говорејќи на тема: „Мостови на пријателство и соработка: Македонија – Полска“, Иванов истакна дека Република Полска е голем пријател, искрен партнер и гласен поддржувач на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО и дека Полска поддршката ја покажа на дело за време на европската мигрантска криза. Посочи дека Полска ги отвори вратите за македонските деца бегалци од Граѓанската војна во Грција и им стана втор дом на бездомните и прибежиште на прогонетите, кои денес се силен мост на пријателство меѓу двете земји и народи. Но, како што рече, освен на полската држава, благодарни сме ѝ и на полската наука.
„Полската наука покажа жив интерес за Македонија и за македонскиот јазик. Во време кога соседните пропаганди вршеле присвојување на македонскиот јазик, познатиот славист Мјечеслав Малецки недвосмислено изјавил дека македонските дијалекти не треба да се третираат ниту како српски ниту како бугарски, туку како посебен јазик“, рече претседателот Иванов.
„Како што Република Полска е на страната на правдата, така полската наука одлучно стои на страната на вистината“, рече претседателот Иванов.
Чувањето и творењето на македонски јазик, порача претседателот Иванов, е обврска кон минатото и влог во иднината. Чувари на тој јазик и тоа наследство, како што рече, се и сите македонисти, особено полските македонисти. Посебно важно место, според претседателот Иванов, зазема македонистичката работилница при Институтот за словенска филологија на Вроцлавскиот универзитет, која е најсериозен партнер на академските институции во Република Македонија.
„Во ова време на сериозни предизвици за Република Македонија и за македонскиот народ нам повторно ни се потребни нашите пријатели да го чуваат за нас она што сами можеме толку лесно да го изгубиме. Полските македонисти и македонистите во светот се чувари на нашата комплетна татковина бидејќи, како што рече Конески, „до таму е нашата татковина до каде што е нашиот јазик“, рече претседателот Иванов.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Филипче: СДСМ ќе го поддржи Лимани за градоначалник на Гостивар
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со членството во Гостивар информираше дека по разговорите е постигнат заеднички договор СДСМ да даде поддршка за кандидатот Валбон Лимани за градоначалник на Гостивар од опозициската Алијанса за Албанците.
„Апелирам да ги мобилизираме што повеќе членовите и да му дадеме поддршка на Валбон“, порача Филипче, додавајќи дека изборниот циклус ќе биде јасен индикатор за опозициското расположение во Гостивар.
Филипче додаде дека партијата има сериозни шанси да биде дел од идната локалната власт, со цел да обезбеди реална поддршка за сите граѓани на Гостивар.
Филипче посочи дека притисоците и злоупотребите во изборниот процес се реален проблем и дека токму тоа е една од причините СДСМ да не прифати укинување на техничката (Пржинска) влада.
Македонија
Штетите од поплавите сѐ уште се санираат, ЦУК објави најнови информации
Центарот за управување со кризи објави најнови податоци за состојбата по обилните врнежи од дожд.
Пелагониски регион
Битола
Во населбата Стрчин интервенира ЈКП „Нискоградба“ со една машина за расчистување на улиците од чакал и земја.
Во селото Жабени, ЈП „Водостопанство“ интервенира со механизација на коритото на Жабјанска река.
Во подрачјето на Елешка река се евидентирани поплавени земјоделски површини, а нивото на водата е во опаѓање.
Ресен
Ангажирани се служби на Општина Ресен, ЈП за одржување и заштита на магистрални и регионални патишта и ЈКП „Пролетер“ – Ресен, кои вршат обиколка и санација на поплавените подрачја. Состојбата е стабилизирана.
Крушево
ЈП Комуналец, ТППЕ Крушево, општинските служби и надлежните институции интервенираат на зајакнување на насипите кај критичните точки и го следат водостојот на Црна Река.
Демир Хисар
Надлежните општински служби го затворија локалниот пат кон село Мренога поради оштетен мост.
Долнени
Градежна механизација интервенира во селата Лажани и Пешталево на расчистување на одводните канали.
Југозападен регион
Охрид
ТППЕ Охрид и комуналните служби вршат испумпување на водата од поплавените подруми.
Општинските служби, Црвен крст, Итна медицинска помош и полицијата се ангажирани во згрижување и обезбедување на евакуираните лица во спортската сала „Христо Узунов“.
Скопски регион
Скопје – Зелениково
Општинските служби ја следат состојбата на реката Вардар и критичните точки.
Полошки регион
Тетово / Желино
СВР Тетово го забрани сообраќајот на патот кон месноста Бањиче.
Во село Стримница (Општина Желино) е испратена механизација за интервенција по излевањето на реката Вардар.
Источен регион
Кочани
ЈП „Водостопанство – Брегалница“ интервенира со багер-гасеничар на Оризарска река кај село Грдовци.
Кратово
Општинските и комуналните служби ја следат состојбата на реките, без потреба од интервенции.
Југоисточен регион
Струмица
Нема интервенции – состојбата е стабилна.
Североисточен регион
Куманово и регион
ЈП „Комуналец“ интервенира во селата Трново, Огут, Нерав и Калин Камен со чистење на снег и посипување на патиштата.
Во селото Тлминци е извршена интервенција на цевковод по барање на жител.
Македонија
СДСМ: ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски?
ЗНАМ најави „историски трансфер“ на Деспотовски? Сателит-партијата на ВМРО експресно се јавува да го брани шефот Мицкоски, реагираат од СДСМ, на соопштението на Движењето ЗНАМ.
„По предавството на Македонија со потпишување и изгласување на Резолуцијата што личеше на Хитлеров Декрет, сега имаат уште една задача, да ја укинат последната линија на одбрана на демократијата, техничката влада. Само за уште неколку тендери. Малку им се тендерите во Пошта вредни 1,2 милиони евра за нивниот советник од Кисела Вода. Им треба уште. Затоа партнерот на тендерската коалиција, ЗНАМ, најавува историски трансфер – во тендер-лигата. Квислингот Деспотовски ли им се приклучува на останатите предавници? Очигледно, и нему треба да му се намести некој тендер, да му се плати координираното делување со Геро. Идеално е сите да се соберат на едно место, за Обвинителството подоцна да нема потреба да ги брка поединечно. Како што рековме – време е житото да се одвои од плевелот. Но не само во СДСМ, туку на целата политичка сцена во Македонија. На крај, сите ќе одговарате“, пишува во реакцијата.

