Контакт

Крвав четврток

Тргнал по опрема за риболов, завршил во Собранието, сведочење на обвинет за 27 април

Објавено пред

На 27 април ми заѕвони телефонот, бев повикан од осудениот Марјан Стоев, кој ме праша дали ќе одам на протестите. Му реков дека нема да одам бидејќи немам намера да бројам чекори од Владата до Собранието бидејќи имам друга работа, сведочеше обвинетиот Влатко Трајковски.

dobivaj vesti na viber

„Во 15.15 часот излегов од работа и си отидов дома. Татко ми ми кажа дека ме барале луѓе. Во 16.25 ѝ реков на мојата сопруга дека ќе одам до дуќанот за риболовна опрема да го прашам Ивица дали ќе оди на саем за риболов и плус да земам некоја риболовна опрема. Оттаму отидов до друга продавница за риболовна опрема, продавницата ‘Трофеј’ на Рампа. Тогаш ми текна, дај штом сум дошол до тука, да отидам да видам што се случува во Собранието“, вели Трајковски.

Кога пристигнал пред Собранието, обвинетиот забележал како се собираат граѓани.

„По неколку минути, дојде мојот другар Марјан и му кажав дека не ми било во план да дојдам на протестот. Со него отидовме кај кафулињата на кеј, стигнавме до ‘Дион’. Во еден момент пред кафулето се виде немир од граѓаните што беа таму. Тогаш слушнавме ‘само се пее’, по што мојот пријател влезе со ‘Дион’ и ми кажа дека во Собранието се пеела албанската химна“, вели Трајковски.

Тој додаде дека тогаш му текнало на луѓето што претходната вечер што му кажале дека за 27 се спрема и упад во Собранието по што сфатил дека почнува сценариото.

„Еден човек помина покрај мене, го запрашав што се случува. Ми рече: „Кучиња, во Собранието се пее албанската химна, ти овде млад стоиш со здрвени раце“. Се собраа луѓе во трговскиот центар и се упативме кон Собранието. Не ги познавав луѓето, беа гневни, со фантомки. Кога стигнавме, народот веќе ја имаше турнато заштитната ограда и луѓето стоеа пред Собранието“, сведочи Трајковски.

Обвинетиот пред Собранието ги видел мајка си, татко си, сестрата и зетот и со цел да не го забележат, застанал на страната од кај влезот на АРМ.

„Тогаш до мене дојде мојот пријател Марјан, ми подаде фантомка и ми рече да ја ставам. Пред да влезам, знаејќи дека е кривично дело со фантомка да упаднам, ја извадив и ја ставив во мојот лев џеб. По христијански, влегов со десна нога и се прекрстив. Отидов до салата ‘Македонија’, каде што ги сретнав Христијан Мицкоски, Владо Змејковски и уште неколку стари членови на ВМРО-ДПМНЕ“, сведочи Трајковски.

„Се упатив кон задниот дел од салата, напред немаше воздух. Таму седеше пратеникот Сашо Василевски, а од другата страна ја видов Ганка Самоилова како се гушка со некој. Таму имаше и полицаец, кој сакајќи или не сакајќи, ми кажа дека горе е Зоран Заев. Тргнав кон големиот хол, таму стоеа полицајци од ЕБР, едниот го знаев, ми побара вода, му дадов, а за возврат го прашав каде е канцеларијата на Трајко Вељаноски и тој ми кажа“, вели обвинетиот.

Трајковски потоа отишол до канцеларијата на Вељаноски, каде што инсистирал да влезе и да види каде му одат парите.

„Се доби впечаток дека сум пијан, не знам како, јас само пиво пијам, а пиво не е алкохол. Потоа заедно со другите луѓе отидов до прес-центарот. Таму стоеа пратеници од СДСМ, ме молеа да ги извадам оттаму. Јас го направив тоа, ги извлеков до скалите кај лифтот“, рече Трајковски.

Обвинетиот повторно се вратил во прес-центарот каде што наидел на пратеникот Сашко Кoстов, кој, како што вели Трајковски, почнал да го навредува, при што го нарекол хулиган.

„Во обвинението стои дека со ПП-апарат сум го удрил пратеникот Сашко Костов, а такво нешто се нема случено. Јас само прскав и го бркав пратеникот бидејќи претходно ме нарече хулиган. Сашко Костов намерно пред новинарите падна како да му се слошило за веднаш потоа да стане и да си влезе во соседната врата. Потоа, пак се вратив во прес-центарот да видам ако можам нешто да спасам. Летаа столови, маси, луѓето викаа ‘убиј ги предавницит’. Тогаш се упатив право кон пратениците. Ги забележав пратеникот Зијадин Села, Петре Шилегов, обезбедувањето на Заев со распукана глава, до него господинот Заев крвав. Сфатив дека на овие луѓе им е потребна помош“, сведочи Трајковски.

Како што вели тој, во еден момент стол удрил во ѕидот каде што стоел по што му била дупната главата.

„Ползејќи, излегов од прес-центарот. Кога почнаа шок-бомбите, јас веќе бев во Паркот на жената борец, од каде што се упатив во Градска болница да ми ја сошијат главата“, рече Трајковски.

Обвинетиот во текот на своето тричасовно сведочење цело време тврдеше дека нема сторено никакво кривично дело и дека обвиненијата не се поткрепени со докази. Трајковски во сведочењето напомена и дека претходната вечер одредени лица го повикале во локалната кафеана во Драчево да му соопштат нешто важно.

„По протестот на 26 април минатата година, кога стигнав дома, бев известен дека ме бараат луѓе во една кафеана во Драчево. Ми кажаа дека тоа што ќе ми биде кажано не смее да се слушне на телефон, мора очи во очи. Отидов до кафеаната, тројца од луѓето не ги познавав, а двајца знаев. Ми рекоа: ‘Утре може ќе се влегува во Собранието’. Јас прашав: ‘Која е мојата задача, кого ќе утепуваме внатре’. Ми кажаа дека јас нема да утепувам никого, туку дека мојата задача е да внимавам на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и на претседателот Трајко Вељаноски за работата да не отиде во несакан правец, но и треба да се предизвика што поголем хаос, да се исплашат пратениците што ќе бидат затечени. Јас побарав да ми кажат кои луѓе се со нас, да не се испотепаме меѓу себе, но не ми кажаа. Рекоа дека ќе има луѓе што ќе ги отстрануваат камерите за да нема видеозаписи. Ни кажаа: ‘Нè секирајте се, од ДБК ќе има луѓе што ќе ве штитат, ништо нема да ви се случи’“, рече обвинетиот Трајковски.

Виктор Јованов

Крвав четврток

Автомобил излета од патот кај Градско, тешко повредена 70-годишна жена

Објавено пред

Вчера на експресниот пат Дреново–Градско, во близина на приклучокот за автопатот Градско-Велес, автомобил со прилепски регистарски ознаки, управуван од М.А.(74) од Прилеп, излетал од коловозот.

dobivaj vesti na viber

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката Љ.А.(70) од Прилеп, додека со телесни повреди се здобил возачот и другиот сопатник Ц.Б.(65) од Прилеп, констатирани во Општата болница во Велес

Извршен бил увид.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Пресудата за 27 април е на 1056 страници, адвокатите се жалат на рокот

Објавено пред

Пресудата за 27 април кога се случи насилниот упад во Собранието е напишана на 1056 страници и веќе им се дели на дел од обвинетите, тврдат дел од адвокатите, кои коментираат дека максималниот рок за нејзиното изготвување е 60 дена, а дека таа е готова по повеќе од 90 дена, најверојатно поради обемноста.

dobivaj vesti na viber

Рокот за жалба е 15 дена, што според некои од адвокатите е прекраток период за да се прочита, да се анализира и да се состави квалитетна жалба.

Вкупно 211 години затворска казна добија 16 обвинети за крвавиот четврток.Поранешниот директор на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков е осуден на 18 години затвор. Началникот Митко Пешов, началникот Душко Лазаров и Горан Ѓошевски Леви, полициски службеник и дел од обезбедувањето на експретседателот на Собранието Трајко Вељаноски се осудени на 15 години затворска казна. Игор Дурловски е ослободен од обвинението.

Оливер Поповски, полициски службеник, е осуден на 13 години затворска казна, Оливер Радулов на 10 години, Мунир Пепиќ, вработен во Агенција за разузнавање е осуден на 15 години затвор.

Абдуљфета Алими, член на обезбедувањето на Собранието е осуден на 7 години, Младен Додевски на 12 години, Јане Ченто на 15 години затворска казна, Горанче Анѓеловски на казна затвор од 12 години, Игор Југ на 12 години. Влатко Трајковски е осуден на казна затвор од 15 години, Вилјам Михајловски е осуден на затворска казна од 14 години, Никола Митревски Кољо е осуден на 15 години и Александар Василевски-Нинџа е осуден на затворска казна од 8 години.

По донесувањето на Законот за амнестијата на Собранието, 15 лица во овој случај беа помилувани и за нив беше прекината постапката. Меѓу нив беа и пратениците што ги отворија собраниските врати за да влезе толпата во законодавниот дом – Сашо Василевски и Крсто Мукоски, како и тројца од водачите на протестите „За заедничка Македонија“, Богдан Илиевски – Бетмен, режисерот Борис Дамовски и актерот Владо Јовановски.

Прикажи повеќе...

Крвав четврток

Поднесено обвинение против Јанакиески, Вељаноски, Ристовски и Атанасовски за организирање на упадот во Собранието

Објавено пред

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција денеска поднесе обвинение против ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, експретседателот на Собрание Трајко Вељаноски, ексминистерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски и поранешниот директор на УБК Владимир Атанасовски осомничени дека се организатори на упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

dobivaj vesti na viber

На четворицата им се става на товар дека сториле кривично дело терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

За експремиерот Никола Груевски, кој е во бегство во Будимпешта, и поранешениот вработен во УБК, Никола Бошкоски, кој е во бегство во Грција, постапката е запрена до нивно пронаоѓање.

„Наодите од истражната постапка укажуваат дека обвинетите на почетокот на 2017 година по неуспешните преговори за формирање Влада на Република Македонија, со намера да го загрозат уставниот поредок и безбедноста на земјата, подготвиле и реализирале план со акти на насилство да оневозможат мирно примопредавање на власта на новоформираното парламентарно мнозинство. За таа цел, обвинетите ги организирале и материјално ги поддржале масовните протести, најпрвин пред Државната изборна комисија, а потоа и протестите на движењето За заедничка Македонија што кулминираа со насилното влегување во Собранието на Република Македонија на 27 април 2017 година. Обвинетите, како организатори, ја вклучиле севкупната партиска структура и материјални средства за исполнување на целта, притоа овозможиле и континуирано намалување на бројот на полициски службеници за обезбедување на протестите и на зградата на Собранието“, соопштија од Обвинителството.

Критичниот ден организирале непречено влегување на народните маси во законодавниот дом, вклучувајќи патриотски здруженија и ангажирајќи лица за извршување насилство.

Во соопштението се наведува дека во седиште на политичка партија двајца од обвинетите континуирано го мобилизирале членството на партијата од Скопје и другите градови во одреден момент да извршат насилен упад во Собранието, знаејќи однапред дека објектот не е соодветно обезбеден и заштитен со полициски сили и дека пречките за влез во Собранието ќе бидат отстранети.

Во исто време, еден од осомничените, за кого постапката е прекината поради недостапност, со возило, сопственост на Управата за безбедност и котраразузнавање, во непосредна близина на Градската болница, спроти паркот Жена борец донел огнено оружје и панцирни елеци наменети за лица што протестираат и имаат искуство во ракување со оружје. Во текот на немирите еден од обвинетите, со цел да се прикријат трагите од извршеното кривично дело и да не се откријат регистрираните дејствија од насилниот упад и насилството извршено внатре во Собранието, дал наредба на две веќе обвинети лица од мониторинг собата во Собранието на Република Македонија да ги извадат хард-дисковите од собраниските камери. Со сите овие усогласени и поврзани дејствија и активности обвинетите предизвикале чувство на несигурност, загрозување и страв кај граѓаните, а притоа дел од пратениците и новинарите се здобиле со телесни повреди.

Ценејќи дека се исполнети законските основи, надлежниот јавен обвинител до судија на претходна постапка достави предлог за продолжување на мерката куќен притвор за еден од обвинетите, додека за двајца обвинети предложи определената мерка притвор да биде заменета со мерка куќен притвор.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Детален список: каде целосно ќе се забранат сите видови цигари со новиот закон за заштита од пушење

Државата подготвува целосно нов и значително построг Закон за заштита од пушење, со кој драстично се заоструваат правилата за употреба,...

Македонија14 часа

Состојба по обилните дождови во Македонија: пресек на ЦУК до 18:30 часот

Центарот за управување со криви направи пресек на состојбата по обилните врнежи до 18:30 часот. Источен регион – Штип Во...

Македонија15 часа

УХМР: Водостоите остануваат високи, вечерва се очекува заладување и снег

Според податоците од хидролошките станици се уште е висок водостојот на река Сатеска, како и на река Коселска кој почнува...

Македонија16 часа

ЈСП Скопје: Ниските температури и снегот може да предизвикаат изменето сообраќање на автобусите

Јавното сообраќајно претпријатие Скопје ги информира корисниците на јавниот превоз во Градот Скопје дека, поради ниските минусни температури и најавените...

Топ17 часа

18-годишникот кој со автомобил усмрти жена во Капиштец немал возачка, од Македонија избегал преку Табановце

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за – Тешки дела...

Македонија18 часа

Николоски на терен: Сите патишта се проодни, снегот редовно се чисти од Македонија пат

Сите патишта во државата се проодни благодарение на макотрпната работа на луѓето од Македонија пат, кои даваат се’ од себе...

Свет19 часа

Хамнеи ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе контролата: Иран во најголема готовност досега

Иранскиот врховен лидер, ајатолахот Али Хамнеи, ѝ нареди на Револуционерната гарда да ја преземе главната улога во справувањето со протестите...

Свет20 часа

Сè што треба да знаете за протестите во Иран

Ако штотуку дознавте за растечките протести во Иран, имаме брз преглед на тоа што стои зад оваа тековна ситуација. Протестите...

Топ21 час

18-годишниот возач кој вчера прегази жена во Капиштец избегал од државата, МВР распиша потерница

СВР Скопје поднесе кривична пријава против четири лица во врска со вчерашната сообраќајна несреќа на ул. „Народен фронт“ во Скопје...

Македонија21 час

Денеска гласаат болните и затворениците пред повторните избори за градоначалници во четири општини

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица и лицата кои се на издржување на казна затвор за повторните...

Свет22 часа

(Видео) „Се враќам во земјата за да бидам со луѓето“ – синот на поранешниот шах на Иран повика на протести

Реза Пахлави, син на покојниот поранешен ирански шах, кој живее во Вашингтон, ги повика демонстрантите во Иран да продолжат со...

Европа22 часа

Растат цените на становите во ЕУ – Унгарија рекордер со зголемување од 275%

Во периодот од 2015 до крајот на 2025 година, цените на становите во ЕУ во просек пораснале за 63,6%, додека...

Свет22 часа

(Фото+видео) Катастрофа во Викторија: беснеат стотици пожари, уништени куќи, илјадници без струја

Во австралиската сојузна држава Викторија во последните 24 часа избиле повеќе од 250 пожари, од кои 11 се класифицирани како...

Македонија2 дена

ЗНАМ: Однесувањето на Филипче предизвикува историски транфер на разочарани членови од СДСМ кон ЗНАМ

Иако Венко Филипче едновремено зборуваше за европската интеграција на Македонија, денес повторно покажува и докажува дека неговиот интерес е ограничен...

Економија2 дена

За една година поскапеа и кафаните: угостителските услуги зголемени за 3,5 проценти

Цените на угостителските услуги во декември 2025 година се зголемени за 3,5 проценти во споредба со истиот месец лани, покажуваат...

Македонија2 дена

Снег и заладување низ земјава, од следната седмица утрински температури под -10

Утре претпладне ќе има повремени врнежи од дожд и снег во пониските и снег на повисоките места и на планините....

Македонија2 дена

(Видео) Филипче: Техничката влада е единствената гаранција за чесни избори

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешниот брифинг со медиумите уште еднаш порача дека средба со криминалци нема да има...

Топ2 дена

Работник од Дебар загина по несреќа на градилиште, починал на пат кон болница

Работник од Дебар го загуби животот по несреќа на градилиште што се случила вчера претпладне. Како што било пријавено во...

Свет2 дена

Трамп: Го откажав вториот напад врз Венецуела

Претседателот на САД Доналд Трамп на платформата „Тру соушал“ ги пофали постапките на Венецуела по, како што наведе, невидениот упад...

Економија2 дена

МФ: Пласирани над 224 милиони евра за поддршка на инвестиции кон компаниите, исплатена нова транша од Буџетот кон Развојната банка

Министерството за финансии од Буџетот изврши исплата нова транша во вредност од 424,9 милиони денари или 6,9 милиони евра кон...