Македонија
ВМРО-ДПМНЕ:Над 1 000 македонски граѓани годишно умираат од загаден воздух
Македонија се гуши. Граѓаните се директна жртва на неспособноста на власта на чие чело е аболицираниот Зоран Заев. Според податоците на Европската агенција за животна средина (EEA), Македонија е најзагадената држава во Европа. Повеќе од 1000 македонски граѓани годишно умираат како резултат на огромното ниво на загаденост на воздухот. Власта нема решение за најгорливиот проблем на граѓаните, аерозагадувањето, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.
Според партијата, иако СДСМ ветуваше прецизен план и решение на овој проблем реалноста покажува дека такво нешто не постои. СДСМ нема план, ниту волја за решавање на енормното загадување, единствена цел на лажните предизборни ветувања на Заев и СДСМ се докажа дека била манипулацијата на македонските граѓани, со единствена цел, доаѓање на власт.
,,Буџетските средства кои власта ги алоцира за решавање на проблемот со загадувањето се скандалозни. Македонија не може да го реши проблемот со загадувањето со срамни 1,5 милиони евра. Уште по скандалозно е што власта за набавка на лускузни возила и мебел ја потроши истата сума на државни пари, пари на граѓаните.Дали овие илјада животи кои Македонија ги губи секоја година како директна жртва на загадување вредат 1,5 милиони ера?Дали лубрикантите за кои власта потроши 1,6 милиони евра се повредни од животот на македонскиот граѓанин?
Доколку СДСМ навистина сака да го спречи загадувањето, наместо да прави дискриминаторски мерки ние предлагаме владата да се обезбедат субвенции во износ од 50% за набавка на електрични и хибридни возила во поголемите градови во првите 3 години, а потоа мерката да се прошири и во останатите средини.Главна одлика на криминалниот картел на власта е неспособноста и расипништвото. Власта не ја интересира здравјето на граѓаните, власта единствено ја интересираат криминалните тендери и грантови кои завршуваат во џебовите на високи партиски и државни фунцкионери. Црнилата надвиснаа над Македонија, црнилата ги гушат граѓаните секој ден, ова зло мора да си замине”, се додава во соопштението.
ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите граѓани кои не се согласуваат со овие деструктивни и ненародни политики на СДСМ да ни се придружат на собирите ширум Република Македонија, и на протестниот марш во среда во Скопје со почеток од 17 часот од плоштад ВМРО до владата на Република Македонија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.

