Вести
Остатоците од авион најдени на Мозамбик, најверојатно се од исчезнатиот MH370
Две парчиња од авион пронајдени во Мозамбик и оваа седмица испратени во Австралија на анализа „многу веројатно“ потекнуваат од авионот на малезиска воздухопловна компанија „Malaysia Airlines“ кој исчезна на летот MH370, изјави во четвртокот австралискиот министер за сообраќај Дарен Честер.
Анализата на остатоците е завршена, рекол австралискиот министер за сообраќај Дарен Честер, а истражниот тим пронашол два дела коишто одговараат на плочите на авионот „Boeing 777“ на компанијата „Malaysia Airlines“.
„Анализите покажаа дека остатоците речиси сигурно му припаѓаат на MH370. Тоа што остатоците од авионот се пронајдени на источниот брег на Африка, одговара на испитувањето што го спроведе организацијата за научно и индустриско истражување при Комонвелтот и и натаму ги потврдува нашите напори во рамките на истрагата во јужниот Индиски Океан“, додал Честер.
Авионот со 239 патници и членови на екипажот на летото од Куала Лумпур за Пекинг исчезна од радарите кусо по полетувањето на 8-ми март 2014 година,
Американскиот адвокат Блејн Гибсон, кој спроведува сопствена истрага околу авионот, во февруари откри парче метал со должина од еден метар на плажа во Мозамбик. Неколку дена подоцна јужноафрикански тинејџер рече дека пронашол сличен дел на друга плажа во Мозамбик, додека бил на одмор во декември.
Двата дела беа испратени на 20-ти март во Камбера, каде што истрагата ја спровеле Австралија и Малезија, како и експерти од „Boeing“ од австралискиот геонаучен институт и од австралискиот државен универзитет.
Меѓународниот тим кој ја спроведува истрагата уште мора да лоцира исчезнатиот авион за кој се претпоставуваше дека се урнал во јужниот дел од Индискиот Океан. Пребарани се по веќе од 90.000 квадратни километри од морското дно, и потрагата беше завршена ланскиот јули.
Само за дел од крило пронајдено на плажа на францускиот остров Реунион во Индискиот Океан, е потврдено дека му припаѓал на исчезнатиот авион.
„За другиот пронајден дел постои сомневање дека е дел од металниот покрив на авионот, а пронајден е во јужна Африка. Малезиската владата соработува со јужноафриканските функционери за да ги организира остатоците од авионот“, беше соопштено во средата од истражниот тим./крај/мф/сн
Извор: DPA
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.