Свет
Австралиските научници развија 10-минутен тест за рак
Истражувачите во Австралија развија 10-минутен тест кој може да го открие присуството на клетки на ракот каде било во човечкото тело, се вели во една новообјавена студија.
Тестот бил развиен кога истражувачите од Универзитетот во Квинсленд откриле дека ракот формира уникатна ДНК-структура кога се става во вода. Тестот работи на тој начин што се идентификува присуството на таа структура, откритие што може да помогне да се открие ракот кај луѓето многу порано отколку со досегашните методи.
Професорот Мат Трау нагласи дека ваквото откритие ќе овозможи на неинвазивен начин да се детектираат канцерогени клетки во какво било ткиво и крв. Направите со кои ќе се спроведува тестот се мобилни и евтини, додаде тој.
Досегашните тестови направени врз 200 примероци од ткиво и крв открија канцерогени клетки со точност од 90 проценти. Допрва ќе се проведуваат клинички испитувања пред тестот да може да се користи кај потенцијалните пациенти, изјавија научниците.
Пред неколку месеци истражувачите од Универзитетот „Џон Хопкинс“ во САД соопштија дека развиле тест со помош на кој преку крвна слика се откриваат осум чести типови рак. Со тестот се открива присуството на канцерогени протини и генетски мутации во крвта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зеленски: Кина и помага на Русија да ги заобиколи санкциите
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Кина префрла машини за производство на оружје во Русија, повикувајќи го Пекинг да престане со таквата поддршка и да го искористи своето влијание за да ја охрабри Москва да склучи мир.
Зборувајќи на состанокот во Киев со холандскиот министер за надворешни работи Давид ван Вил, Зеленски потсети дека претходно добил уверенија од кинескиот претседател Шји Џјинпинг дека Кина нема да испорача оружје на Русија.
„Моите пораки се многу едноставни. Имавме телефонски разговори со Џјинпинг. Тој ме увери дека оружјето нема да им се продава на Русите. Сепак, гледаме дека Кина и обезбедила машини за производство на оружје на Руската Федерација.
Гледаме дека Кина помага да се заобиколат санкциите. Гледаме дека има кинески платеници кои се бореле против украинската армија“, го цитираше Зеленски украинската државна новинска агенција Укринформ.
Зеленски нагласи дека Пекинг треба да изврши притисок врз Москва да ја запре својата агресија, наместо да ги поддржува напорите што ја продолжуваат војната.
Коментарите дојдоа откако американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека планира да разговара за војната на Русија против Украина со Џјинпинг за време на нивниот претстоен состанок во Јужна Кореја на 30 октомври.
Трамп рече дека Шји би можел да има значително влијание врз рускиот претседател Владимир Путин и додаде дека ќе го повика кинескиот лидер да престане да купува руска нафта.
Кина негираше дека ѝ обезбедува таква помош на Русија, но се соочува со зголемен надзор од Западот поради нејзината улога во снабдувањето со технологии за двојна употреба поради тековните санкции.
Фото: принтскрин
Свет
(Видео) Ураганот „Мелиса“ ја погоди Јамајка, жителите добиваат драматична порака: „Последна шанса за бегство“
Ураганот „Мелиса“, вториот најмоќен ураган во историјата на Атлантикот, ја погоди Јамајка, носејќи катастрофални ветрови и обилни врнежи од дожд. Националниот центар за урагани (NHC) издаде драматични предупредувања до жителите, повикувајќи ги веднаш да побараат засолниште.
„Мелиса“ е ураган од категорија 5, со ветрови што достигнуваат брзина од 300 км/ч и централен притисок од 892 милибари. Островот го погоди во утринските часови, а метеоролозите предупредуваат дека дождот ќе се спушти по планините како „воден лизгач“, предизвикувајќи сериозни поплави во градовите и местата.
Catastrophic flooding and storm surge from #HurricaneMelissa in Alligator Pond, Manchester, Jamaica. pic.twitter.com/GD6aOY4YGB
— Joint Cyclone Center (@JointCyclone) October 28, 2025
Јамајканската влада веќе евакуираше околу илјада луѓе и ги смести во засолништа бидејќи земјата се соочува со директен удар од една од најмоќните бури во својата историја. Министерката во кабинетот на премиерот Абка Фиц-Хенли нагласи дека се очекува значителна штета на инфраструктурата.
🌪️ 🇯🇲Impactantes imágenes desde Kingston, Jamaica muestran los estragos del huracán Melisa , que avanza por el Caribe con fuerza devastadora.
🙏 Solidaridad con las familias afectadas.#Huracan #Melissa
pic.twitter.com/JTjQQVIBdQ— Mónica Saade (@MonicaSaadeX) October 28, 2025
На жителите им беше советувано да се држат подалеку од брегот и да бараат засолниште во цврсти згради, подалеку од дрвја и надворешни ѕидови, и доколку е можно да ги заштитат главите со душек или кацига.
Првичните снимки што се појавија на социјалните мрежи покажуваат разорни налети на ветер и обилни дождови додека ураганот минува покрај копното на Јамајка. Метеоролозите предупредуваат дека ефектите од бурата ќе траат со денови, а жителите се повикуваат да бидат исклучително внимателни.
„Мелиса“ се засили и продолжува да се движи кон североисток, што значи дека другите карипски земји би можеле да го почувствуваат влијанието на ураганот во наредните часови.
Свет
Франција распореди нова верзија на интерконтинентални ракети на подморници за нуклеарно одвраќање
Франција распореди нова верзија на интерконтинентални ракети на подморници, за таканаречено нуклеарно одвраќање, објавија денес Министерството за вооружени сили и ArianeGroup.
„Третата верзија на стратешката балистичка ракета M51 (M51.3), која е лансирана од морето, влезе во оперативна употреба, што претставува голем чекор во модернизацијата на океанската компонента на француското нуклеарно одвраќање“, се вели во соопштението на министерството.
Таа ракета е опремена со нови нуклеарни боеви глави (TNO-2).
Со ова пуштање во употреба, завршува речиси 12-годишниот процес на модернизација.
„Таа ракета е поефикасна во однос на дострелот, прецизноста и способноста за пенетрација“, се додава во соопштението.
Тие ќе бидат распоредени на сите четири француски подморници со балистички ракети, од кои барем едната е сè уште скриена на дното на океанот.
Фото: принтскрин

