Спорт
Прилепска Победа ја исфрли Шкендија од Купот, две струмички екипи во полуфиналето
Прилепскиот прволигаш Победа со денешните 2-0, (вкупно со 3-0) го победи шампионот Шкендија и го елиминираше од Купот на Македонија. По гостинската изненадувачка победа на прилепчани, денеска играчите на Победа рутинирано славеа над Шкендија со двата г…


Прилепскиот прволигаш Победа со денешните 2-0 (вкупно со 3-0) го победи шампионот Шкендија и го елиминираше од Купот на Македонија. По гостинската изненадувачка победа на прилепчани, денеска играчите на Победа рутинирано славеа над Шкендија со двата гол на Јаник Макота.
Еден од можните ривали на Победа во полуфиналето на Купот е тимот на Македонија Ѓорче Петров ,кој изненадувачки го елиминираше Работнички, во двата натпревари, со по 1:0.
Во полуфиналето има место и за двете струмички екипи, Академија Пандев и Беласица.
„Пандевци“ денеска со 6-1 го демолираа Кораби (славеа и на првиот дуел со 3:1), а Беласица повторно со 2-0 славеше над кратовски Силекс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Петрушев го напушти Олимпијакос, се сели во Дубаи

Српскиот репрезентативец Филип Петрушев ќе стане нов играч на Дубаи.
Според српските и грчките медиуми, Петрушев ќе потпише тригодишен договор со тимот од Обединетите Арапски Емирати.
Неговиот тим Олимпијакос ќе добие околу 500.000 евра за предвремено раскинување на соработката, а тие пари ќе ги плаќа Петрушев во период од две години.
Многу се пишуваше и зборуваше за Петрушев по завршувањето на сезоната. Се чинеше дека можеби ќе може да остане во Црвена звезда, која за раскин на договорот беше подготвена да му плати на Олимпијакос 1,2 милиони евра.
Неколку Евролиги беа заинтересирани, пред сè Фенербахче и Монако, на крајот кошаркарот изненади со одлуката да замине во Дубаи.
Во својата професионална кариера, Петрушев играше за Мега, Анадолу Ефес, Црвена звезда двапати, а беше и во НБА, каде не доби шанса. за кратко време смени два клуба: Филаделфија, Сакраменто, па реши да се врати во Европа, во Олимпијакос.
Минатата сезона, тој забележа 14,1 поен со 4,9 скока и 1,7 асистенции во 28 натпревари од Евролигата во дресот на Црвена Звезда.
Петрушев ја зголеми балканската колонија во Дубаи. Тренер е Јурица Големац, генерален менаџер Дејан Камењашевиќ, а играчи се Србите Немања Дангубиќ и Данило Анѓушиќ, Словенецот Клемен Препелич и репрезентативците на Босна и Херцеговина Кенан Камењаш и Џанан Муса.
Спорт
(Видео) Шкендија славеше во дуелот со ФЦСБ

Фото/ facebook.com/fcshkendija
Шкендија забележа победа над романскиор првак ФЦСБ (1:0), во првиот меч од втората квалификациска рунда за пласман во главната фаза во Лигата на шампионите.
На Арената „Тодор Проески“ во Скопје, пред 7.000 навивачи, фудбалерите на Шкендија заслужено го совладаа фаворизираниот романски тим.
Шкендија, во првиот дел беше тимот што создаваше шанси, Романците прв пат се заканија кон голот на Шкендија дури во 36.минута.
Клучниот момент на натпреварот се случи во 65.минута, кога по центаршутот на Цаке, Ибрахим Алхасан погоди со глава.
Пот минути подцна Шкендија остана со играч помалку на теренот, црвен картон доби Ќаке. За среќа во 79.минута патот во соблекувалната му беше покажан и на Романецот, Танасе.
Шкендја можеше да стекне и повисока предност пред реваншот, но голманот Танасе се истакна со две одбрани во 90.минута.
Реваншот е на програмата за седум дена во Букурешт.
Спорт
Евертон сериозно заинтересиран за Кубо

Евертон започна преговори со Реал Сосиедад во врска со потенцијалниот трансфер на на јапонскиот интернационалец Такефусе Кубо. Крилниот напаѓач има 24 години, а во Сан Себастијан пристигна како поранешен член на Реал Мадрид.
Кубо постигна седум гола и додаде четири асистенции за Сосиедад минатата сезона, а неговиот договор е до летото 2029 година. Шпанскиот клуб го проценува на вредност помеѓу 30 и 40 милиони евра, а Евертон го гледа како важно засилување пред новата сезона.
Кубо наводно е отворен за премин во Премиер лигата, и доколку преговорите бидат успешни, трансферот би можел да биде заклучен во наредните денови.
Foto/ EPA